Connect with us

Uncategorized

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: Изненадувања и неверојатни пресврти

Очекувајте изненадувања и неверојатни пресврти на настаните, особено околу новата месечина на 8 август.

Овен

Август е добро заокружен месец за вас. Ви одговара огнената сезона на Лл, бидејќи секогаш доаѓа со летните, забавни и разиграни вибрации што ви се допаѓаат. Вашиот владетел Марс ќе го помине целиот месец во практичната девица и со тоа сте повикани да се фокусирате на работата и да создадете рутини што го одржуваат вашиот живот. Венера влегува во вашиот партнерски сектор на 16 август, што ќе ви ги донесе најдобрите денови во годината и ќе ја подигне деловната или романтичната врска на повисоко ниво.

Бик

За бикот август ќе донесе неколку предизвици, Незгодната положба што планетите ќе ја формираат на небото, најверојатно ќе го доведе до расплет судирот што го доживувате помеѓу вашата кариера, романтичниот и домашниот живот. Свесноста ќе биде клучна додека се соочувате со изненадувања овој месец. Откако вашиот владетел Венера ќе влезе во вага, ќе влезете во елемент. Ќе имате можност да се поврзете со вашата внатрешна магија.

Близнаци

Јули беше сентиментален месец за вас, близнаци, но во август, вие сте подготвени да живеете!Вашиот планетарен владетел, Меркур поминува време во огнениот знак лав во првиот дел од месецот и со тоа вие знаете што сакате – и тоа го сакате сега! Кога Меркур ќе влезе во девица на 11-ти август, вашата способност да манифестирате достигнува највисоко ниво. Не пропуштајте да го искористите ова време за да бидете кристално јасни за вашата стратегија за иднината. 10-ти и 20-ти август се среќни денови за вас.

Рак

Вашата сезона завршни, но сè уште има благослови што ве чекаат. Во сезоната на лав фокусирајте се на парите, ресурсите и начините на кои ги манифестирате сите работи што ви прават вашиот живот да се биде исполнет и богат. За време на младата месечина на 8-ми август во лав, поврзете се со вашата интуиција.

Лав

Вашата сезона е најдоброто време од годината за да се фокусирате на себе и да се прашате дали вашиот сегашен фокус е навистина усогласен со личноста која сакате да станете. Овој месец, младата месечина ќе ви помогне да одговорите на ова прашање. Околу 22-ри август ќе бидете повеќе од подготвени да се збогувате со што и да ве спречува да продолжите со животот – веќе знаете на кого или на што се однесува ова.

Девица

Во средината на летото вибрациите околу вас се забавни и друштвени, но за вас, сезоната на лав има повеќе интроспективна атмосфера. Областа што владее со вашата потсвест се активира овој месец и вие сте „во тек“ кога си дозволувате повеќе време за одмор од вообичаеното. Венера е во вашиот знак во текот на првиот дел од месецот, навестувајќи ја потребата да се фокусирате повеќе на романтични состаноци, релаксација и грижа за себе. Кога Сонцето ќе влезе во вашиот знак на 22 август, ќе биде време за повторно пронаоѓање.

Вага

Сезоната за рак беше интензивна за вас, но сезоната на лав ви носи кул вибрации. Овој период ќе ви биде за градење на заедница и вмрежување. Венера, вашиот планетарен владетел, влегувањето во вашиот знак на 16 август и со овој транзит треба да уживате во животот, може ѝ да привлечете љубов и да го запознаете вашиот внатрешен уметник. Ако размислувавте да ја пренесете врската или партнерството на следното ниво, 23-ти август е најдобар датум да го потпишете договорот бидејќи Венера во вашиот знак се поврзува со Сатурн, богот на времето.

Скорпија

Вие во сезоната на лав ќе бидете фокусирани на вашата кариера. Имавте исцрпувачка година до сега и планетарните аспекти овој месец ја нагласуваат целата промена што се случува и која допрва треба да се случи во вашиот живот оваа година. Онолку колку што можете, обидете се да ја балансирате работата со времето во мирување, особено околу новата месечина на 8-ми август. А за добрата вест, овој месец сината месечина ќе донесе награди за вашата напорна работа, затоа не заборавајте да прославите.

Стрелец

Вам ви годи сезоната на лав социјално, но во август мора да фокусирате дел од вашето време и енергија на проектите или целите во кариерата. Кога Марс е позициониран во девица има совршена атмосфера за да напредувате. Два датуми на кои треба да обрнете внимание се 18-ти август и 22-ри август, кога Марс ќе се усогласи со Меркур и Уран за да ви донесе големи откритија, па дури и пријатни изненадувања.

Јарец

Во август, ќе наидувате на пречки во остварување своите цели, па дури и во завршување на некоја работа. И иако не се криете од предизвик, искористете ја оваа можност да забавите и да размислите. Сега е време кога навистина треба да погледнете под површината. Откако Сонцето ќе влезе во девица, ќе почнете да се чувствувате поудобно. А, кога ќе пристигне ретката сина месечина овој месец, очекувајте неколку изненадувања во кариерата и во финансискиот сектор.

Водолија

Август е совршено време за да си ги проверите вашите цели, надежи и најдлабоки соништа. За ваша среќа, внатрешната (и надворешната) напнатост што сега ја чувствувате служи како гориво за да ја искористите оваа година како шанса да се откриете себеси. Користете го магичниот транзит на Венера во знакот на вага, за да го проширите хоризонтот и да размислите големо за својата иднина. Кога сината месечина во вашиот знак ќе се издигне на небото, ве очекува супер слатко изненадување, затоа уживајте!

Риби

Кратката посета на Јупитер во вашиот знак ви донесе добрини, но, со Јупитер сега во водолија вашиот планетарен владетел испраќа јасна порака: Ве повикува да се разбудите и да го употребите вашиот внатрешен стратег! Многу ве очекува, но во преостанатиот дел од годината, космосот ве замолува да усвоите повеќе аналитички пристап кон вашиот живот за да се подготвите за она што следи!

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг