Connect with us

Uncategorized

Денеска го празнуваме Свети Климент, архиепископот Охридски и заштитникот на народот од страданија

Published

on

Денеска е Св. Климент, архиепископ Охридски

Свети Климент е ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на Св. Методиј Климент, под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај.

Прво основа манастир во Белица, кај што му беше и првото епископско седиште.

Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина. Во Охрид Свети Климент му подигна црква на Св. Пантелејмон.

Имаше голем број ученици коишто ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше Св. Наум. Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. После големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година.

Неговите чудотворни мошти почиваат во некогашниот храм на Пресвета Богородица, којшто подоцна се нарече по Свети Климент.

Свети Климент Охридски е заштитник на градот Охрид и целиот охридски крај. Преданијата раскажуваат дека секогаш кога над градот и околината ќе се надвиснела некоја несреќа се јавувал духот на светецот и го спасувал градот од разурнување, а народот од страдање

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк