Connect with us

Uncategorized

ВЕ МОЛАМ ТЕСТИРАЈТЕ СЕ, ОД ШВЕПС НЕ СЕ КАШЛА: Докторка сподели искуство од дежурствата во болница

Докторката Марија Спасовска преку Фејсбук го сподели нејзиното непријатно искуство со неодговорни пациенти кои не ги слушаат нивните совети.



„Ноќна смена на брза помош во Гостивар.



(верувам дека и во други градови е исто)


Прегледуваш со отворен прозорец за да се заштитиш (и себе, и пациентите). Надвор, и внатре, грми од некојси музички настан што многу “соодветно” се одржува спроти градска болница.
Не го слушаш пациентот од бучава. Апаратот за притисок едвај.
Затвораш прозорец.



Влегува пациент, без маска, видно изнемоштен, кашла. Велам ‘Ве молам ставете маска’. Температура 37.5°C. Добивам: ‘Ај докторке немој со тие глупости, Швепс пиев многу вчера и јадев сладолед, од тоа ми е. Пиши една инекција да се опраам, утре сум на свадба’

Додека процесирам да не случајно сум ја утнала лекцијата на Медицински факултет за тоа како Швепс и температура се тесно поврзани, му даваме маска, прегледувам и по 100-ти пат вечерта со колегите го повторуваме истото ‘Ве молам тестирајте се што поскоро, и никаде без маска’“, пишува Спасовска.


Понатаму, раскажува Спасовска дека истата вечер добиле и итен повик, па веднаш на терен тргнала екипата на Брзата помош со вклучени сирени, но едвај се пробиле низ градот од сообраќајниот метеж и автомобилите кои се несоодветно паркирани.



„Стигаш по 15 минути. Те чека, нормално, едно нервозно ‘Кај сте досега, вие брза помош сте или што сте?’ Пациентот со висока температура, ниска сатурација, едвај дише. ‘Нема Корона докторке, од климата му е’. Го подготвувате за транспорт и се молиш дека до Инфективно ќе ти се погодат улици со културни возачи. Се враќаш во амбуланта, додека менуваш заштитна опрема ги слушаш колегите како пак кажуваат некому да стави маска“, пишува Спасовска.



Таа вели дека има пациенти со кои ги убедуваат докторите дека грлото ги боли од тоа што седеле во климатизирана просторија или пациенти кои им наложуваат на лекарите што треба да им биде дадено како терапија.


„’Без инекција не ми поминува, си знам јас најубаво, пиши сега еден Гарамицин и пола Дијазепам да спијам раат вечерва’. Како да сме супермаркет, само со бонус ‘не смееш да ме вратиш, тебе тоа ти е работа’. Се разбира, не даваме терапија без индикација, ама храброста да му кажеш на докторот што да ти пише е фасцинантна“, пишува Спасовска.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг