Connect with us

Религија

Исповед на маж од Скопје: Во манастир ја видов Богородица во живo

Published

on

Бев на 12-годишна возраст кога во живо ја видов Мајката Божја. Тоа се случи во трпезаријата на манастирот „Света Богородица“ во Согле, каде што вечеравме. Вака ја почнува својата исповед м-р Миле Гиновски, криминолог од Скопје за весникот Дневник.

– Во моментот кога се прекрстивме, забележав како од мојата лева страна доаѓа светлина. За кратко светлината стана уште посилна. Во неа забележав нешто како елипса, видов жена која држи дете во рацете и доаѓа кон нас. Се поднасмевна, н` благослови со рацете и си замина.

Целиот свој живот го чувствувам божјиот благослов, мислам дека токму Мајката Божја ме штити, раскажува Гиновски. додавајќи дека не постојат доволно убави зборови да го опише тој момент.

Инаку, тој е претседател на манастирскиот одбор и потсети дека овој духовен објект се гради по божји благослов и со чесни, посветени, добронамерни луѓе што имаат љубов кон Бога.

Млади добивале пород по долго чекање. Невреме престанувало тогаш кога се чинело дека никогаш нема да престане, како со нож пресечено. Помош од неа барале луѓе од земјава, но и од странство. Самата си претскажала дека нема да умре дома и навистина пред една година умрела токму во манастирот.

Таквите чуда, според него, сега кога повеќе ја нема старицата чудотворка, се случуваат благодарение на светиот објект, кој беше украсен со извонреден венец, претходно исплетен од цвеќиња.

Манастирчето се наоѓа на ридот над селото, на петнаесетина километри од Kавадарци, во прекрасна природа, во подножјето на планината Kожув. Извонредно беше чувството да се биде таму, тогаш кога во градот владееја пеколни горештини. Да се проба од вкусното манастирско гравче и толчениот пинџур.

Под манастирчето има света лековита вода со која верниците си ги мијат рацете и лицето, а си полнат и за дома. Тука ќе забележите и детска нишалка, која на симболичен начин ја продолжува традицијата од минатото кога на такви лулашки се залулувале деца за здравје и среќа.

За разлика од првиот пат кога таму беше буквално дивина и тешко можеше да се пристапи, меѓу другото, и поради стрмнината, сега има направено скали по кои верниците и верските туристи непречено може да се симнат.

– По кажувањата на бабата, во овој манастир е дозволено да се палат свеќи само за здравје, не и во спомен на мртвите. Овде може да ја најдат сопствената среќа сите оние на кои тешко им оди да се омажат, оженат или оние што не можат да имаат деца – тврди Гиновски.

Порано на бабата се сонило дека извесен човек треба да ја открие светата вода во близина на Гарниково за да му оздрави детето што му било болно. Тој не поверувал во тоа и, за жал, детето лошо му завршило, не оздравело.

– И нам сигурно немаше добро да ни биде ако не ја уредевме водата, па затоа се зафативме со оваа работа во која веруваме – ни рече скопјанецот Апостол Ѓурчиновски, еден од членовите на одборот.

Религија

Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви

Published

on

Папата Франциск денеска изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците.

„Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот за Велигден заради единство.

Ова е година на благодатта, можност за сите христијани кои веруваат во ист Бог, повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството кое сите сакаме да се случи“, порача папата.

Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден и во Грегоријанскиот и во Јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.

„Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заеднички датум за Велигден“, рече папата Франциск.

Continue Reading

Религија

Строг пост само на вода – Се празнува Водокрст

Published

on

Ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.

Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.

Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.

Continue Reading

Религија

Многу важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година

Published

on

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

На тој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк