Connect with us

Инфо +

Моите ја напуштиле Македонија на магаре: Џим од Австралија собра 50.000 долари за малиот Јаков од Кочани

Published

on

Македонецот Џим Ристевски од Порт Кембла, кај Сиднеј, роден во Австралија пред 46 години, син на Нада и Никола од Мариовско, татко на три прекрасни деца, неодамна му подари живот на малиот Јаков од Кочани. За една недела ги собра потребните 50.000 долари. Неговата приказна ја објави Вечер Можеби некој ќе се сети кога се случија големите поплави во 2016 година дека на малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка, кој ги загуби своите најблиски, некој му подари 10.000 долари. Тоа бил Ристевски, а и подоцна тој бил организатор на фандрејзинг иницијатива наменета за реконструкција на медицинското училиште д-р „Јован Калаузи” од Битола.

За себе вели дека е потомок на селани од ридовите на Мариово.

– Можам да замислам како ја напуштиле Македонија качени на магаре. Мојот дедо пристигнал во Австралија во 1965 година. Мојот покоен татко пристигнал со баба ми и тетка ми во 1969 година. Татко ми и тетка ми оделе на училиште во Македонија. Мојот дедо е од Скочивир, баба ми е од Петалино. Од страна на мајка ми, мојот дедо бил од Зовиќ,а баба ми била од Гнилеш, вели Ристевски.


Сега, неговата фирма дистрибуира безалкохолни пијалаци низ Австралија и тргува со брзодвижечки потрошни добра со 12 земји. Ги има правата за дистрибуција на некои поголеми брендови во Австралија и Нов Зеланд, а исто така создавал и сопствени брендови. Прославувајќи 30 години во индустријата, Џим Ристевски со братучед му го создале пијалакот Jim, Jimmy&DaJuice.

Последниве 15 години живеели работел во Кина.

– Не заработив многу во Кина, но имам прекрасни спомени и многу мигови исполнети со забава. Се смеевме со баба ми дека моето одење во Кина беше како нејзиното во Австралија, и двајцата не научивме јазик.

По толку многу години и проблеми во Кина, решив да го префрлам производството во Македонија и Србија. 15 години Кинезите си играа играчки со мене, си помислив нека си играат Македонците играчки со мене нови 15 години, барем мојот народ си игра со мене, низ смеа вели.

Води и градежна компанија, заедно со неколку партнерисо кои градат над 100 домови годишно.



На прашањето што му е мотив да им помагана луѓе во неволја во татковината на неговите родители, тој е категоричен:„Помагам и на многу луѓе тука во Австралија. Многу сме активни во нашата локална заедница и во спортските организации. На редовна основа поддржуваме организации кои нудат поддршка на лица со посебни потреби. Едно од нив е Божикната забава Кидзвиш- огромен настан со најразлични шоуа и перформанси за 4.000 деца со посебни потреби.Кога бев млад имав некоја состојба на кожата која личеше како сипаници. За време на цело основно образование одев во училиште со долги блузи и панталони во обид да го скријам тоа.

Знам како е да имаш очајна мајка која бара помош.Знам како е да бидеш оттргнат и да те задеваат затоа што си различен. Знам како е да имаш само неколкумина вистински другари кои се тука за тебе.


Од оваа временска дистанца, сега ги жалам тие луѓе кои лошо се однесуваа со мене, гледајќи што направија со своите животи и што стана од нив.Силно верувам дека е многу важно континуирано да се дава на другите луѓе. Мојот дедо беше вистински херој, не можам ни да го замислам неговиот животен пат 60 чудни години наназад, кога немало технологија или пристап до информации како што имаме денес, вели Ристевски.

Целата сторија на Вечер овде

Свет

Најновата изјава на Трамп предизвика страв во Украина, но и големо разочарување за Европа

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност Украина да не ја преживее војната против Русија, дури и ако САД продолжат со испорака на помош за Киев. Во интервју за Фокс њуз, тој истакна дека САД имаат „одредени слабости“ кога станува збор за Русија.

„Потребни се двајца за тоа. Оваа војна не требаше да се случи, а сега сме заглавени во хаос“, изјави Трамп.

Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја примал помошта од САД во време на Џозеф Бајден „како бонбони од бебе“, а со промена на политиката, тие „бонбони“ биле земени. Трамп потврди дека Зеленски бил „неблагодарен“ за време на разговорите во Белата куќа во февруари, што завршиле со размена на остри зборови.

Кога беше запрашан да одговори на критиките дека намалува политички притисок врз Русија, Трамп одговори дека „никој не бил построг кон Русија од Доналд Трамп“. Тој додаде дека САД „речиси“ го прекинале замрзнувањето на размената на разузнавачки информации со Украина и дека очекува позитивни резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија.

Continue Reading

Европа

Украина се вооружува: Милиони дронови влегуваат во игра против Русија!

Published

on

Тоа е повеќе од двојно во однос на минатогодишната стапка и одразува како војната во Украина е зависна од таквите технологии и нивниот развој, како и од способноста на земјите да ги контролираат, пишува Скај Њуз.

Борбите честопати се дефинирани со поевтини и поефикасни алтернативи на конвенционалната артилерија или ракети со долг дострел.

Украинските власти соопштија дека најголемиот дел од нејзините удари врз Русија сега биле со беспилотни летала.

Но, како дел од потегот да продолжат да купуваат беспилотни летала оваа година, 96% од нив доаѓаат од украински производители и добавувачи.

Ова е дел од обидите на Киев да развие сопствена одбранбена индустрија и да ја намали зависноста од сојузниците.

Ова особено, доаѓа откако нивниот некогаш главен сојузник, САД, се спротивставија откако Доналд Трамп ја презеде функцијата.

Малите, ефтини беспилотни летала FPV се контролирани од пилоти на земја и често удираат во цели додека се преполни со експлозиви.

Во посебна изјава, највисокиот киевски генерал Олександар Сирскиј рече дека украинските беспилотни летала уништиле 22 отсто повеќе цели минатиот месец во споредба со јануари, но додаде дека руските сили исто така се прилагодуваат.

„Ние едноставно немаме право да заостануваме зад непријателот во оние области на технолошко војување каде што треба да се вооружуваме и да се зајакнеме со сопствени ресурси“, рече Сирскиј.

Continue Reading

Балкан

Руте со силна порака: „Нема да дозволиме нов 1992 во БиХ!“

Published

on

НАТО целосно ги поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и порачува дека мора да се почитува Дејтонскиот мировен договор, како камен темелник на мирот во земјата, истакна денеска во Сараево генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте. 

– Секоја активност што ги поткопува Дејтонскиот договор, уставниот поредок или националните институции, е неприфатлива. Поттикнувачката реторика и активности се опасни. Тие претставуваат директна закана за стабилноста и безбедноста на Босна и Херцеговина, истакна Руте по средбата со членовите на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ, Жељко Комшиќ и Денис Беќировиќ. 

Руте ги повика политичките лидери на Босна и Херцеговина да ја преземат својата одговорност за решавање на проблемите, што, како што рече, ќе и помогне за придвижување напред не само на земјата, туку и на регионот и на цела Европа. 

– Слушам загриженост за безбедносната ситуација. Но, да бидеме на јасно дека ова не е 1992 година и нема да дозволиме да се појави безбедносен вакуум. Меѓународната заедница е тука и посветена на продолжување на нашата силна поддршка, рече Руте. 

Тој додаде дека НАТО заедно со своите меѓународни партнери, вклучително и Европската Унија, ќе продолжи да ја поддржува БиХ на нејзиниот европски и евроатлантски пат, но дека од суштинско значење е и политичките лидери на земјата да придонесат во тие напори.

– Целиот регион ќе има корист од вистинската заложба за помирување и траен мир. Истото им го порачувам на сите актери во регионот, рече Руте, додавајќи дека почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на БиХ, онака како што се утврдени со Дејтонскиот договор, е фундаментално и за безбедноста и за стабилноста на целиот регион.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк