Connect with us

Uncategorized

Календар на МПЦ: Денес се празнуваат Св. Аникита и Фотиј и Св. Александар

Царот Диоклецијан еднаш го посети градот Никомидија со зла умисла да ги истреби наполно христијаните. Па кога почна бездушно да ги истизава и мачи, пред него застана Свети Аникита, којшто беше еден од градоначалниците, и смело ја исповеда пред царот својата вера во Господ Исус Христос, Бог воплотен во тело заради нашето спасение. При ова Аникита уште и ги разобличи идолите како глуви и неми камења на коишто еден разумен човек е недостојно да им се поклонува. Разјарен царот нареди и му го отсекоа јазикот. Но со силата Божја Аникита и натаму говореше.

Тогаш на него пуштија лав, ама лавот се умилкуваше околу него. Во тој миг падна храмот на Херкул. Фотиј, роднина на Аникита, го виде овој случај и трпењето на Аникита, па го бакна Аникита, се објави себеси за христијанин и му возвикна на царот: „О идолопоклонику, засрами се, твоите богови се ништожници!“ Царот нареди веднаш да го убијат со меч. Но кога крена рака на Свети Фотиј, џелатот со мечот се удри самиот себеси и умре. По долги маки и двајцата ги фрлија во затвор и лежеа таму три години. Тогаш ги изведоа, усвитија огромна печка и ги фрлија во оган. Мнозина христијани, мажи, жени и деца, своеволно влегоа со нив во огнот. И од огнот се слушна молитвата на христијаните со којашто Му благодареа на Бога за маченичката смрт. Сите пострадаа околу 305 година. Светите Никита и Фотиј се повикуваат во молитвите на Маслосвет и Водосвет.

Светиот свештеномаченик Александар, епископ Комански

Живееше како прост ќумурџија во близина на градот Коман, близу Неокесарија. Кога умре команскиот епископ, го повикаа Св. Григориј Неокесариски Чудотворец (17 ноември) да претседава со соборот за избор на нов епископ. Во соборот имаше и клирици и мирјани. И избирачите никако не можеа да се согласат за иста личност. При оцената на кандидатите сите главно се задржуваа на нивната надворешност, на надворешното достоинство во однесувањето. Тогаш Свети Григориј рече дека не би требало толку да се гледа на надворешните одлики колку на духот и духовните способности. Тогаш некои шегобијци потсмевајќи се довикнаа: „Тогаш да го избереме за епископ Александар ќумурџијата!“ И настана општа смеа. Свети Григориј запраша кој е тој Александар. Па мислејќи дека неговото име не е спомнато на соборот без Божја Промисла, нареди и го доведоа. Ќумурџија како ќумурџија, си беше сиот црн и искинат.

Неговата појава повторно предизвика смеа во соборот. Тогаш Григориј го викна настрана и го заколна да му ја каже вистината за себе. И Александар му откри дека бил грчки философ, дека уживал висока чест и положба, но дека откако го прочитал и го разбрал Светото Писмо с ѐ отфрлил, се понизил и се направил јуродив заради Христа. Григориј нареди и го измија и облекоа во нова облека, па влезе со него во соборот и пред сите почна да го испрашува од Светото Писмо.

Сите се восхитија на благодатта од зборовите и мудроста на Александар и одвај можеа да го препознаат во тој мудрец молчаливиот ќумурџија што го познаваа. Беше избран за епископ едногласно. Со својата светост, мудрост и добродетел ја придоби љубовта на своето стадо. Заврши маченички во времето на Диоклецијан.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг