Connect with us

Забава

Baгaтa yжива во авантypитe, Близнaцитe ќe имaaт дeлoвeн нaпpeдoк

Published

on

ОВЕН

Ако дејствувате импулсивно, ќе направите грешка на деловното поле. Може да очекувате одличен период за вашата врска со саканата личност да се движи во подобра насока. Можни се проблеми со срцето.

БИК

Обидете се да најдете начин да го промените она што не ви се допаѓа во вашата работа. Се повеќе се расправате со личноста за која се грижите и не ви е лесно да ја доведете вашата врска до стабилизација. Избегнувајте мрсна храна.

БЛИЗНАЦИ

Ви претстои многу поволен период во кој ќе имате можност да постигнете деловен напредок. Раскинувањето нема да ви биде лесно затоа што сте многу приврзани за личноста што ја гледате. Избегнувајте цигари.

РАК

Пред вас се позитивни околности кои ви носат добри промени на деловното поле. Осаменоста станува здодевна и полека ја будите потребата да се свртите кон нови познанства. Размислувате за диета.

ЛАВ

Би сакале да заминете на одмор и малку да се ослободите кога станува збор за работата. Не би сакале да ги повторувате грешките што сте ги направиле со поранешниот партнер, во нова врска. Проблеми со видот.

ДЕВИЦА

Многу сте решени и подготвени да преземете конкретни чекори на деловното поле. Ви се допаѓа личност која е подготвена отворено да ви покаже дека сака и врска со вас. Можни се проблеми со нервоза.

ВАГА

Задоволни сте од ситуацијата што ја имате на полето на работата и засега нема ништо што конкретно би го промениле. Уживате во авантурите што ги имате и се уште не сте подготвени да започнете посериозна врска. Вашиот нервен систем е чувствителен.

ШКОРПИЈА

Можете да очекувате дека денес ќе имате стабилна ситуација на полето на работата и дека нема да има поголеми стресови. Уживате во добра врска со саканата личност која ви ги покажува своите искрени чувства. Проблеми со ‘рбетот.

СТРЕЛЕЦ

Генерално сте задоволни од околностите што ги имате во односите со деловните соработници. Сакате да се потрудите да создадете подобра комуникација со личноста за која имате искрени чувства. Можни се проблеми со коските.

ЈАРЕЦ

Можете да очекувате дека ќе можете да ги постигнете вашите цели во оваа област и да бидете многу задоволни. Иако се уште страдате за некоја личност од минатото, ве чека нов познаник. Намален имунитет.

ВОДОЛИЈА

Не сте доволно фокусирани на деловното поле. Понекогаш изгледа дека немате доволно мотивација. Може да очекувате променливо расположение што негативно ќе влијае на вашата врска. Полни сте со позитивна енергија!

РИБИ

Ако продолжите да се фокусирате на малите нешта, може да ја пропуштите поголемата слика. Може да имате интересно познанство кое ќе ве доведе до врска која може да трае долгорочно. Можни болки во стомакот.

Забава

ВИДЕО: Има среќа во работата, но не во љубовта

Published

on

Фолк „кралицата на бакшишот“ на гости во поткастот кај Антонио Димитриевски: Марија Луиса Тодоровска во „Ништо лично“

Видеото може да го погледнете тука

Continue Reading

Забава

МАКЕДОНИЈА ИМА ПОБЕДНИК! Филмот Диџеј Ахмет собра награди во Јута (САД), имаме нова победничка генерација

Published

on

Имавме генерација на големи филмски имиња последниве децении предводени од режисерите како Столе Попов, пота следната со Милчо Манчевски, а сега дојде и сегашната генерација, пебедничка генерација, предводена од режисерот Ѓорѓи Унковски.

Филмот во режија на Ѓорѓи М. УнковскиДиџеј Ахмед собра награди на глобално престижниот фестивал Санднес во Јута, САД, зад кој стои големиот актер и продуцент Роберт Ретфорд .

Имено, “Диџеј Ахмет“ освои победнички награди во својата конкуренција и од жири комисијата за кретаивна визија, како и од публиката.

Сместен во оддалеченото јуручко село Коџалија, Македонија, „Диџеј Ахмет“ ја раскажува приказната за 15-годишниот Ахмет, кој открива прибежиште во електронската музика како излез од неговата традиционална средина. Филмот е драма со примеси на комедија, приказна за љубовта, пријателството и самооткривањето на еден тинејџер, поставена на динамична заднина во која се судираат традиционалните вредности и модерното време. Снимањето на филмот траело 36 дена и се одвиваше на крајот на 2023 година, во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш, а дел од снимањето беше и во Скопје. Филмот е на турски и на македонски јазик.

„Диџеј Ахмет“ се снимаше лани во октомври и ноември во селата Коџалија и Али Коч во Радовиш и во Скопје. 

Сценографи се Дејан Ѓошевски и Александра Чевреска, костимограф Роза Трајчевска, шминка и маска Душица Вуксановиќ-Дуда, снимател Наум Доксевски, монтажер Михал Раих. Продуценти се Иван Унковски и Ивана Шекутковска и линиски продуцент Виктор Павловски.

Во главните улоги се Ариф Јакуп, Дора Акан, Наим Агушев и Аксел Мехмед. Во останатите улоги се Селпин Керим, Елхаме Билал, Адем Карага, Метин Ибрахим и други. Кастинг директор е Киријана А. Николоска.

Филмот е копродукција помеѓу „Синема футура“ и „Сектор филм“ од Македонија, „Алтер вижн“ и „Аналог вижн“ од Чешка, „Бекрум продукција“ и „Баш Челик“ од Србија. 

Филмот беше поддржан со 23.5 милиони денари (околу 380.000 евра) на конкурсот на Агенцијата за филм за 2020 година во втор рок на одлучување, а доби поддршка од 160 илјади евра на паневропскиот филмски фонд Еуримаж.

Унковски после 5 години се враќа на Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, основан од легендарниот актер и режисер Роберт Редфорд. Неговиот успешен краток филм „Налепница“ во 2020 исто така имаше премиера на Санденс.

https://youtu.be/GHBATVjjLWY?si=WtddBDNTYcPL6jdV

Continue Reading

Забава

Спасен доби неверојатно роденденско изненадување од сопругата

Published

on

И повторно роденденско изненадување од сопругата 😁 ( јас се плашев дека ке ми поклони книга🙄) Heineken, напиша Спасен Силјановски на својот facebook профил.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк