Хит ВИДЕО! На сред вести се СОБЛЕЧЕ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ☺️

Дневникот на РТС беше поинтересен од вообичаеното 🤣

Неочекувани сцени се случија денеска напладне во Дневникот на Српската радио – телевизија. Директорката на КБЦ Бежанијска зборуваше во живо за коронавирусот и важноста на вакцинацијата, но изгледа дека нејзиниот колега не бил свесен дека е во рамката.

Имено, медицинската сестра помина низ кадарот, седна на стол и почна да го соблекува горниот дел од медицинската униформа.

Причината за соблекување на униформата е непозната, а видеото наскоро стана хит на социјалните мрежи.

Д-р Пановски: За една до две недели, учениците ќе продолжат со онлајн настава

Не знам како ќе реагираат епидемиолозите при појава на ковид-случај во училница, дали сите ќе одат во изолација. Нешто слушнав 10 % ако се заразени. Не сум сигурен што не чека, но веројатно по недела-две повторно ќе продолжат со онлајн настава, ако оди ситуацијата вака, изјави микробиологот д-р Никола Пановски за емисијата „Жешко политичко лето“.

Тој наведува дека во средните училишта каде што има по 34 деца во клас, треба да имаме поделби на смени и веројатно тоа ќе се случи.

-Мое искуство е дека помладите деца се подициплинирани, така да кај средношколците не знам колку ќе носат маска, особено кога ќе го нема наставникот. Сметам дека средношколците кои се 3-та и 4-та година веќе се имунизирани, затоа што имаа толку многу контакти во претходниот период, откако што ќе имаат во училиште, потенцира Пановски.

Се роди првото Авганистанче во Македонија, бремената Авганистанка која вчера пристигна во Скопје роди здраво машко бебе

Од Министерството за здравство информираат дека на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породи Авганистанката која вчера пристигна во Скопје а беше во доцната 39-та недела од бременоста. 

Таа родила здраво машко дете тешко 3 килограми и 200 грама и заедно со новороденчето се во добра здравствена состојба.

Пациентката која ИЗБЕГА од прозор од болница, отишла право во БУРЕКЏИЛНИЦА

Главниот инфектолог во гостиварската болница, доктор Ратко Наумовски, за „Слободен печат“ објаснува што точно се случило со пациентката која беше снимена со камера како преку прозорец ја напушта собата за изолација каде што требало да биде сместена додека се лекувала од ковид во ова болничко одделение. Според него, таа не избегала од болницата, туку постојано лекарите мака мачеле да ја смират за да остане во собата.

-Пациентката не избега, туку си излегуваше од прозорецот постојано. Порано имавме решетки, сега нема решетки откако го реновиравме инфективното одделение. Вчера ја испишав од болницата бидејќи видов на Фејсбук дека ја снимил некој како излегува од болницата. Не можам да седам и да ја вардам, ниту сестрите можат ниту ние лекарите. Излегуваше низ ходник. Ако ја потсетев, пак ќе влезеше в соба, после пет минути кога не сум тука, пак излегуваше. Ковид позитивна беше. Нејзиното лекување заврши и јас ја испишав од болницата. Не правиме веќе тестови дали е позитивна или негативна. Откако ја испишав од болницата, во бурекџилница во град влегла. Не можеме да гледаме кај одат пациентите. Им кажуваме дека кога ќе го напуштат инфективното одделение уште една недела да бидат дома. Не можеме да ги излечиме сто процентно за време на лекувањето на инфективна. Ако лекуваме така, по два месеци ќе ги држиме пациентите во болница. Имаше добра сатурација во текот на неколку последователни денови и откако видов дека ја снимиле на Фејсбук ја испишав лично, зашто не можевме да ја вардиме. Излегуваше преку прозорец, на тревникот. Со неа во соба беа две потешки пациентки вклучени на кислород. Еден ден ја најдов како ја исчистила тревата надвор. Не избегала од болница, туку само се шеташе во болницата, така му кажав и на инспекторот од полицијата кога дојде да праша, ни изјави доктор Наумоски.

Точно една година трае хоророт со ИЗВАДЕНИ ЗДРАВИ ОРГАНИ низ кој поминува родилката Веаповска!

Веаповска се породи на 31 август лани, а кога состојбата и станала критична била пренесена на скопски КАРИЛ. Таму и кажале дека и недостигаат 2 органи.

Ова е извештајот од патологија до кој дошла родилката од Дебар, Јилдз Веапоска чии органи ги извади директорот на болницата во Струга при нејзиниот пораѓај. Тврди дека без да ја праша неа или нејзиниот сопруг, докторот Мухамед Асани ги испратил бубрегот и матката на анализа на патологија. Од она што може да се види наодот е 4 дена после операцијата, а Веапсока се сомнева дури и дали се нејзините органи. Од друга страна вели дека се работи за здрави бубрег и матка.

Не лекарската комора, туку Министерството за здравство објави дека  немало пропуст во работењето на директорот Асани. Пациентката била соодветно примена, а лекарската екипа навремено регирала кога се појавиле првите знаци на влошување. Комората не го даваше извештајот, но преку соопштение се правда за сопствената одлука. Велат комората е составена од стручни лекари кои не биле ни вештаци, ни истражители.

КОМИСИЈАТА ЈА КОНСТАТИРА МОМЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА ВРЗ ОСНОВА НА ДОСТАПНАТА МЕДИЦИНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА. КОМИСИЈАТА НЕМА НАДЛЕЖНОСТ ДА ВРШИ ВЕШТАЧЕЊЕ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА НАСТАНОТ, ТОА Е ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ДРУГИ ИНСТИТУЦИИ. ТАА, ПРИ СТРУЧНИОТ НАДЗОР УТВРДУВА ДАЛИ СЕ ИСПОЧИТУВАНИ ПРАВИЛАТА ШТО ПРЕТСТАВУВААТ МЕДИЦИНСКИ СТАНДАРД ШТО МОРА ДА  ГИ СЛЕДИ СЕКОЈ ЛЕКАР ЗА ВРЕМЕ НА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА И КАКО Е РЕАГИРАНО ВО КОНКРЕТЕН СЛУЧАЈ, ПРИ ТОА ЗЕМАЈЌИ ПРЕДВИД ДЕКА СЕКОЈ ПАЦИЕНТ ИМА СВОЈА СПЕЦИФИКА.

Во домот на струшкиот гинеколог и директор на болницата Мухамед Асани, Државниот санитарен и здраствен инспекторат во февруари откри нелегална гинеколошка ординација, за што е поднесена и пријава во струшкото обвинителство. За министерот за спречување корупција е доволно што обвинителството отворило случај, побара да не го обвинуваме директорот пред време, ама не кажа зошто Владата не го разреши.

Претседателката на антикорупциска комисија беше контра неговиот став, па истакна дека во најмала рака треба да е разрешен.

Пред шест месеци министерот Филипче на барање на Хелсиншкиот комитет за човекови права и на семејството, реши да формира нова комисија која ќе треба да го разгледа случајот на Јалдз Веапоска, а во неа ќе се директорите на Клиниките за урологија, гинекологија, Карил и Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Не го прифаќам извештајот на Лекарската комора и правдата ќе ја барам до крајот на животот, изјави Јилдиз Веапоска од Дебар, откако Лекарската комора по стручниот надзор во Струшката болница, констатирала дека нема лекарски пропусти и грешки во третманот на пациентката.  На Веапсокса по породувањето и беа остранети бубрег, матка и јајник. Сега вели дека очекувала ваков извештај, се сомнева во неговата објективност и бараше јавно да се соопштат имињата на лекарите од Комората  кои на 9 февруари го извршиле увидот.

На 17-ти март Филипче и Владата конечно го разрешија доктор Асани по скандалот со нелегалната ординација и случајот со Веапоска сеуште не доби некаква крајна завршница.

(Фото) Пocлeдниoт амepикaнcки вojник кoj гo нaпyшти Kaбyл

САД и официјално ја заврши евакуацијата од аеродромот во Кабул и после две децении целосно се повлече од Авганистан. Повеќе од 122 илјади лица го напуштија Кабул од 14-ти август, ден пред земјата да падне во рацете на Талибанците.

„Ова заминување беше доста болно. Не успеавме да ги извлечеме сите кои сакавме“ изјави генералот Френк МекКензи.

„Мислам дека да останевме уште 10 дена, немаше да имаме време да ги извлечеме сите“ вели американскиот дипломат во Авганистан Рос Вилсон, кој бил на последниот авион евакуиран од Кабул.

Последниот американски војник кој го напушти Авганистан е генералот Крис Донаху. Во војничка униформа, со оружје во десната рака, командантот на 82 -та американска воздухопловна дивизија се приклучи на своите колеги во последниот авион, пренесува Гардијан.

„Добро завршена работа, се гордеам со сите вас“ била последната порака на Донаху на своите војници.

Македонската претставничка Наковска-Бикова освои шесто место на Параолимпијадата 👏🏅

Единствениот македонски претставник на Параолимписките игри (ПОИ) во Токио, стрелачката Оливера Наковска – Бикова, претпладнево го освои шестото место во финалето во дисциплината воздушен пиштол од 10 метри.

Наковска – Бикова, која влезе во финалето како осмопласирана, настапот го заврши со резултат од 147.9 кругови.

Македонската параолимпијка на Игрите во Токио ја очекуваат уште два настапи, в четврток во дисциплината спорт пиштол од 25 метри и пиштол слободен избор од 50 метри, в сабота.

(Видео)Експерт од Геpманија вели ќе биде полошо ! – Прашање е само на време, ќе биде потребна и 4 и 5 доза ⁉

Андреј Трампуч, инфектолог, раководител на Клиниката за инфективни болести на Универзитетската болница Шарит во Берлин во интервју за Ал Џезеира тврди дека ќе биде дефинитивно потребна трета доза од вакцината за да ја поразиме пандемијата, можеби и четврта и петта доза.

Европската агенција за лекови (ЕМА) постојано повторува дека се потребни повеќе податоци пред да се одобрат дополнителни дози на вакцини, но осум земји -членки на ЕУ препорачаа трета доза.

Европската комисија соопшти дека земјите -членки на Европската унија, кои одлучуваат да користат бустер дози, може да се соочат со зголемен правен ризик.

(Фото) НEРЕАЛНО! Bo Пpиштинa извaдeн ТЕЛЕФОН „Нoкиа“ oд СТОМАК нa мaж кojштo 4 дeнa мy бил вo утpoбaтa

Во Универзитетскиот клинички центар во Приштина лекарите извршиле операција во и извадиле „Нокиа“ од стомакот на 33-годишен маж.

Веста за постапката ја објави докторот Скендер Телаку, нагласувајќи дека оперативната процедура е успешно извршена.

Лекарот додаде дека телефонот е изваден ендоскопски, без засек во стомакот. “Пред четири дена беше пронајден мал телефон во утробата на овој 33-годишен маж. Го извадивме телефонот поделен на три дела ендоскопски, без да му го пресечеме стомакот. Без компликации”, напиша докторот на официјалната страница на Фејсбук.

Телефонот „Нокиа“ бил отстранет од стомакот на човекот, но не било прецизирано како стигнал таму.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Приштина се нaopyжа: Во Косово пристигнаа 55 okлопни возила, донација од САД

Во најголемата косовска касарна, „Адем Јашари” денеска беше одржана свеченост по повод примопредавање на 55 оклопни возила, донација од Соединетите Американски Држави за Безбедносните сили на Косово (ФСК), јави дописникот на МИА од Приштина.

Претседателката на Косово Вјоса Османи по тој повод им се заблагодари на американскиот претседател Џо Бајден, на амбасадорот Филип Коснет, на американската армија и пред сé, како што нагласи, на американскиот народ, „кој се грижи Косово да ги развие своите дејствени воени капацитети паралелно со развојот на деморатскиот живот и вистинското функционирање на институциите во земјата”.

– Овие возила, кои се карактеристични за тешки терени и имаат ефикасен отпор кон гранатите, ќе ви овозможат вашите дејствија во зачувувањето на мирот да ги проширите секаде каде што ќе се појави потреба од тоа, им порача Османи на косовските војници.

Таа изрази надеж дека Косово наскоро ќе се снабди и со хеликоптери, кои на ФСК ќе му послужат и за спасување човечки животи во вонредни ситуации.

– Се надевам дека дека идната фаза ќе опфти и хеликоптери, кои се многу потребни и кои ќе служат и за спасување човечки животи во вонредни ситуации и при природни несреќи, изјави Османи.

На свеченоста во приштинската касарна присуствуваа и премиерот Албин Курти и министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај.