ЗАБОЛЕН од Ковид-19 ИЗБЕГАЛ преку ПРОЗОРЕЦ во болницата во Гостивар

Во Гостивар е забележан необичен настан. Снимен е пациент како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести.

Се уште нема реакција од болницата или полицијата во врска со овој случај, пренесува Лајме.

Земјата се соочува со зголемување на бројот на заразени со Ковид-19. По Скопје, Гостивар и Тетово се најзаразените градови.

Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7.503 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1.394 активни случаи.

Пензионерите на нозе, ПЕНЗИЈАТА стигна предвреме, од ДЕНЕСКА ќе можат да се вадат средствата 💸

Како што информираат од ПИОМ, августовските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август.

За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заш тита на пензионерите од коронавирусот. Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на утре (31.08.2021), за пензии во висина од 11 001-14000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда).

Пензиите во висина од 14 001-18 000 ден ќе бидат исплатени на 2.09.2021г. (четврток) и пензиите во висина над 18 001 ден ќе се исплатат во петок на (3.09.2021), информираат од ПИОМ.

Дојдоа луѓе со солзи во очите, покажавме солидарност, бремена авганистанка беше префрлена на Гинекологија

Одлучивме да им дадеме привремено прибежиште на 750 лица од Авганистан со кои сме соработувале, од кои првата група од 149 вечер пристигна, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи од скопскиот аеродром.

-ТОА СЕ ПРЕТЕЖНО ЖЕНИ И ДЕЦА. ЕДЕН ОД ПАТНИЦИТЕ БЕШЕ БРЕМЕНА ЖЕНА КОЈА ВЕДНАШ БЕШЕ УПАТЕНА НА ГИНЕКОЛОГИЈА. ОДЛУЧИВМЕ ДА ИМ ИЗЛЕЗЕМЕ ВО ПРЕСРЕТ КОГА ИМ Е НАЈПОТРЕБНО И ДА ИМ ОБЕЗБЕДИМЕ ПРИВРЕМЕНО ПРИБЕЖИШТЕ ДОДЕКА НЕ СТИГНАТ ДО КОНЕЧНИТЕ ДЕСТИНАЦИИ. ДЕНЕС ПОКАЖАВМЕ СОЛИДАРНОСТ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ЛУЃЕ СО СОЛЗИ ВО ОЧИТЕ КОИ ОВИЕ 90 ДЕНА ЌЕ ИМААТ СМЕСТУВАЊЕ – РЕЧЕ ОСМАНИ.

Со авион на компанијата „Камаир“ синоќа околу 23.30 преку Тбилиси, Грузија на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа првите 149 граѓани на Авганистан што ќе бидат прифатени во нашата земја. Веднаш по слетувањето жена во 39-тата недела бременост, нејзиниот сопруг и дете со возило на Итната помош беа однесени на Гинеколошката клиника во Скопје за контрола. Со друго возило беше спроведено лице за кое најверојатно станува збор за колапс.

Според министерот Османи, кој ги пречека граѓаните од Авганистан, станува збор за луѓе кои се вработени во меѓународни организации и партнерски меѓународни организации со кои сме работеле ние и нашите сојузници  во овие 20 години во Авганистан.

Првиот патник што се симна од авионот по синоќешното пристигнување на авганистанските бегалци на скопскиот аеродром, беше трудница во 39-тата недела од бременоста, која со возило на Итна медицинска помош е однесена на Клиниката за гинекологија во Скопје.

Меѓу патниците имало уште четири бремени жени, според раководителката на Итната медицинска помош Милица Бубало.

На сите што слетаа синоќа од Авганистан во Скопје ќе им биде направен лекарски преглед и ПЦР тест, а доколку некој е позитивен на коронавирус оди во двонеделен карантин. Тие што сакаат, а не се вакцинирани, може да добијат и вакцина.

На граѓаните од Авганистан, кои имаат статус на лица со привремен престој им се издава виза за привремен престој од 90 дена, а потоа треба да заминат на друга безбедна дестинација или во САД. Трошоците за нивен престој ќе ги покријат САД и меѓународните организации.

🔴(Во Живо) Авганистанците слетаа на скопскиот аеродром

На Меѓународниот аеродром Скопје тукушто пристигнаа првата група државјани од Авганистан. Пристигнаа 149 лица, од вкупно 780, колку што беа најавени од Владата.

-Станува збор за граѓани кои беа животно загрозени од талибанските структури и на кои им помагаме да си го спасат животот. Тоа се граѓани кои 20 години работеа за демократските институции, мисии и меѓународни организации во Авганистан, велат од Владата.

Претходно министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски посочи дека бројката на авганистански цивили, кои работеле за меѓународните организации, што ќе бидат прифатени во земјава флуктуира поради состојбата во Кабул, а граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи нема никаков основ за нарушување на безбедноста и здравјето во делот на оваа оперативна акција.

На скопскиот аеродром ќе бидат прифатени од МНР, МВР, Црвениот Крст, Министерството за здравство и меѓународните организации, а ќе бидат сместени во хотели и мотели, како што беше претходно најавено.

Линк во живо 👇

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/256362779672479/

Инцидeнт во Битола: Отcтрането бугарското знамето и оштетен јарболот во конзулатот во Битола, МНР со ocyда за вaндaлckиот чин

Министерството за надворешни работи на Република Македонија најостро го осудува оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Република Бугарија на Трговско-економското претставништво при Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

Овој вандалски и неодговорен акт на некој поединец, чиј идентитет ќе биде предмет на разгледување од страна на надлежните органи, во никој случај не треба да се поистоветува со населението на овој традиционално конзулски и космополитски град.

Министерството за надворешни работи на Република Македонија нагласува дека ваквите изолирани и неконтролирани однесувања не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете држави, како и заедничките напори за напредок во нашите заложби за понатамошна интеграција во Европската унија.

БРУКА НЕВИДЕНА: ПАЦИЕНТИ на ИНФЕКТИВНО ВЛАГААТ ПРЕКУ ПРОЗОР ВО ГОСТИВАР , роднините ги посетуваат преку истиот (ВИДЕО)

Тешка брука е ова хаос во здравството, од една страна министрите и политичарите ни презентираат слика дека се е како што треба во здравството но реалноста еве ја. Пациентите во Гостивар влагаат преку прозор во видеото исто пишува дека роднините ги посетуваат исто вака преку прозор што е дефинитивно надвор од нормалата, ако вака функционира здравството завршивме, ставете клуч на државата.

Целосното видео може да го погледнете тука

https://www.facebook.com/TvGlobi/videos/964982061021248/

Учебната година почнува со физичко присуство, МЗ апелира РОДИТЕЛИТЕ да се ВАКЦИНИРААТ

Пред почетокот на новата учебна година, земјите во регионот ги соопштија одлуките наставата за учениците да се одвива со физичко присуство под јасно утврдени здравствени протоколи, за разлика од минатата година, кога во повеќето држави имаше целосно затворање на училиштата.

Надлежните се согласни дека за здравјето на учениците е приоритет, но за епидемиолошката состојба да биде стабилна и наставата да се одржува непречено до крајот на учебната година, неопходно е што поголем дел од населението да се вакцинира, пред сè родителите и просветните работници.

Според одлуката на Кризниот штаб за борба против коронавирусот во Србија, наставниот процес во земјата ќе започне редовно, на 1-ви септември, часовите ќе траат по 45 минути, со полн капацитет на училниците. Наставата ќе се одвива по т.н. модел на безбедна средина, кој предвидува учениците да носат маски само додека одговараат, додека вакцинираните наставници нема да бидат обврзани да носат заштитна маска, се додека одржуваат соодветно растојание од учениците.

Во зависност од епидемиолошката состојба, предвиден е систем за спроведување на наставата и преку два други модели, со кои физичката настава ќе се комбинира со настава на далечина или целосно ќе се одвива онлајн при висок степен на ризик.

Флексибилен протокол кој овозможува секое училиште да го регулира начинот на реализирање на наставата според локалната епидемиолошка слика и заболеноста во регионот во кој се наоѓа е донесен и во Бугарија.

Протоколот подготвен од бугарското Министерството за образование, предвидува маските во училниците да бидат задолжителни за сите ученици во основно образование, доколку се наоѓаат во епидемиолошки ризична средина, односно област во жолта, црвена или темно црвена зона. Границата за преминување на онлајн настава ќе биде доколку 10 отсто од учениците се заразени. Бидејќи во моментов речиси сите области во Бугарија се во жолта или црвена зона, учениците ќе ја започнат школската година со задолжително носење маска за време на часовите.

Во Хрватска, планот за одржување на наставата ќе се настојува да се одвива целосно во училниците. Во споредба со претходната, оваа училишна година надлежните најавуваат и порелаксирани мерки. Хрватскиот завод за јавно здравство препорача вакцинација на деца постари од 12 години со хронични болести, за оние кои во семејството имаат таков член, за постарите средношколци и оние кои учат во здравствена, угостителска, туристичка насока и услужни дејности, бидејќи токму тие во текот на практичната настава доаѓаат во контакт со повеќе луѓе.

И во нашата земја оваа учебна година започнува редовно, со физичко присуство во основните и средните училишта, а ќе се одвива под јасно утврдени здравствени протоколи. Ваквата стратегија се покажа како добра минатата учебна година, кога 40 отсто од учениците следеа физичка настава.

Исклучок од оваа одлука ќе бидат децата со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни членови на семејството, по барање на родителите, или други немедицински причини, со дозвола на училиштето.

MЗ апелира за масовна вакцинација, особено на родителите чии деца ќе тргнат на училиште и во градинка, како би се заштитиле семејствата.

Во случај на влошување на епидемиолошката состојба, МОН по проценка на Комисијата за заразни болести, за реализација на наставата има две резервни сценарија со кои ќе се заштити и зачува здравјето на учениците и наставниот кадар како приоритет, притоа одржувајќи го континуитетот на образованиот процес.

Шилегов: Поради реализираните проекти очекувам голема поддршка од скопјани

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес конференција рече дека правото на граѓаните да бидат бирани и да бираат е неприкосновено право.

– Не е мое да проценувам дали, кој, што и како ќе гласа. Тоа граѓаните сами можат да си го проценат. Очекувам сериозна поддршка од скопјани токму заради посветеноста во којашто изминативе четири години се работеше во Градот, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање.

Од почетокот на Ковид-кризата без работа 50.000 лица, 5.000 фирми пропаднале за 6 месеци❗

50.000 лица од почеток на ковид-кризата останале без работа.

Според податоците на Агенцијата за вработување бројот на невработени лица во Македонија е околу 150.000.

Бројот на згаснати фирми во првите шест месеци од годинава и лани е во рамки на просекот. Лани вкупно биле избришани 6.214 компании, а регистрирани биле 7.077 фирми.

Во 2017 од списокот на Централниот регистар биле избришани 10.628, во 2018 година 6.864, а во 2019 – 7.234 фирми.

Британец од Авганистан спасил речиси 200 кучиња и мачки 😺🐶(Фото)

Поранешниот британски маринец Пол Пен Фартинг успеал да спаси речиси 200 животни од азил во Кабул, пренесува Скај њуз.

Британските војници спасиле скоро 200 кучиња и мачки од азилот Нобузд во Кабул, основан од Фартинг.

Кампањата на поранешниот британски маринец за спасување на животните од азил ја подели британската јавност. Љубителите на животни со ентузијазам ја поддржаа неговата кампања, а британскиот министер за одбрана го критикувал дека „потрошиле премногу време“ на воените команданти кои работат на евакуацијата на луѓе од Кабул.

Според Скај њуз, Фартинг и неговите животни среќно слетале во Британија. За жал, Фартинг не успеал да го извлече персоналот од Кабул.