Connect with us

Балкан

Еди Рама со балкански преседан – Од 16, 12 министерства ќе бидат управувани од ЖЕНИ

Еди Рама, денеска го претстави составот на новата влада на состанокот на Националното собрание на Социјалистичката партија. Во новиот кабинет, 12 министерства ќе бидат предводени од жени, а само три ќе бидат управувани од мажи. Негова десна рака ќе биде Арбен Ахметај, кој ќе го замени Ерион Браче на местото вицепремиер. На чело на министерствата за одбрана, внатрешни работи и правда се Нико Пелеши, Бледи Чучи и Улси Мања. Владата ќе има четворица државни министри и сите се жени. Претседателката на Собранието исто така ќе биде жена. Линдита Никола ќе го замени Грамоз Ручи.

Потсетувајќи на победата на последните избори, кои ги опиша како најтешките во последните три циклуси, премиерот Рама побара работа и одговорност од секој член на владата и на Собранието.

„Ова е и нашата најтешка победа што треба да ја заслужиме. Во политиката победите се заслужуваат само откако ќе се постигнат. Победите на избори се можност да се водат постојани битки за враќање кон електоратот со работа и убедливи резултати, висока заслуга за застапување што им ја даваат на победниците со својот глас“.

По објавувањето на новата влада од страна на Рама, лидерот на Демократската партија, Лулзим Баша, реагираше нарекувајќи го Рама уништувач на демократскиот соживот, автор на заробување и криминализација на државата, осиромашување и депопулација на Албанија. „Фактот дека 25 април немаше никаква врска со демократијата го потврдува ОБСЕ / ОДИХР, со масовно купување гласови, притисок врз гласачите, притисок врз администрацијата“, се вели меѓу другото во реакцијата на Баша.

Новата влада се очекува да биде изгласана на 10 септември. На изборите одржани на 25 април, Социјалистичката партија освои 74 места, Демократската партија освои 59 места, додека Социјалистичкото движење успеа да добие само четири места од 19 што ги имаше на претходните избори, одржани во 2017 година.

Балкан

Рама поддржува ограничување на правото на вето за новите членки на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека предложената идеја на Европската Унија за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство е „добра“. Предлогот има за цел да ги смири скептичните главни градови кон проширувањето на Унијата.

„Мислам дека е добра идеја“, изјави Рама за „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан. Тој додаде дека несогласувањата во ЕУ се неизбежни, но дека пристапот на Албанија ќе се разликува од оној на Унгарија кога станува збор за блокирање на политиката на Унијата.

Рама потенцираше дека новите членки треба отворено да ги искажуваат своите ставови, но на крајот да се придржуваат кон колективните одлуки. Албанија се смета за еден од фаворитите за полноправно членство, со цел да стане членка на ЕУ до 2030 година.

Continue Reading

Балкан

ЕУ ја укинува блокадата кон Косово: 205 милиони евра помош наскоро достапни

Европската Унија одлучи да ги укине сите санкции против Косово до крајот на јануари 2026 година, што ќе овозможи на земјата да добие 205 милиони евра помош на почетокот на новата година. Одлуката следи по мирната транзиција на локалната власт во северните општини со мнозинство Срби.

Санкциите, кои досега предизвикаа штета од над 613 милиони евра, се однесуваа на клучни сектори како животната средина, енергетиката, дигитализацијата и културата.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, преку социјалните мрежи изрази благодарност до лидерите на ЕУ и сите партнери на Косово за признавањето на посветеноста на земјата во овие процеси.

Continue Reading

Балкан

Масовни дојави за бомби во училишта низ БиХ, учениците евакуирани

Утрово повеќе основни и средни училишта во Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина добија дојави за бомби, што доведе до прекин на наставата и итна евакуација на учениците и персоналот. Полициските екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на заканите. Според неофицијални информации, пријавите главно биле испраќани преку електронски адреси.

Владата на Тузланскиот кантон и Министерството за образование и наука соопштија дека сите активности се спроведуваат во согласност со законските и безбедносните протоколи. „Училишните администрации и наставниот кадар дејствуваат одговорно, а безбедноста на учениците, наставниците и другите вработени е апсолутен приоритет“, велат од Владата. Учениците беа безбедно евакуирани и испратени во своите домови.

Покрај Тузла, дојави за бомби беа пријавени и во училишта во Република Српска, вклучувајќи градови како Бања Лука, Приједор, Прњавор, Лакташи, Требиње и Добој. Полицијата веднаш започна контрасаботажен преглед и обезбедување на објектите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг