Connect with us

Uncategorized

Денеска е СТРОГ ПОСТ: Отсекување на главата на Свети ЈОВАН ГОСПОДОВ КРСТИТЕЛ ?

Published

on

Празникот посветен на погубувањето на св. Јован Крстител што секоја година се празнува на 11 септември (н.с.) во народниот говор се среќава под различни имиња: Св. Јован Сечиглав, Св. Јован Отсечен, Св. Јован Опсечен итн. Поради значењето на овој светец црквата овој ден го прогласила за строг пост.

Последниот старозаветен пророк свети Јован е наречен Крстител затоа што го крстил Исус Христос во реката Јордан. Тој е наречен и Претеча што значи претходник, зашто со своето учење навистина му претходел на Исус, одел пред него, го повикувал народот на покајание и го најавувал доаѓањето на Спасителот. „Јас ве крштевам со вода, а тој што ќе дојде по мене ќе ве крсти со Дух Свети“, говорел свети Јован додека го покрстувал народот. Многумина Јудејци доаѓале кај него за да бидат крстени, а многумина го почитувале како вистинскиот Спасител.

Јован сведочел дека Исус е синот Божји. „Он треба да расте, а јас да се смалувам! Кој доаѓа одозгора, тој е над сите, а кој доаѓа од земјата, земен е и како земен зборува. Кој доаѓа од небото над сите е“. (Јован, 3/30-31)
Почитувајќи го како најголем пророк, Црквата му посветила неколку празници во годината. Во христијанскиот календар се празнува денот на неговото раѓање (Иванден, 7. VII/ 24.VI) денот на неговото погубување наречен Отсечение главата на Свети Јован, потоа за голем празник се смета и денот кога св. Јован го крстил Исуса во реката Јордан, Собор на св. Јован Крстител (денот по Богојавление 20/7. I.) на 24 февруари (с.с.) се празнува Првото и Второто, а на 15 мај (с.с.) и Третото наоѓање главата на св. Јован кога таа е пренесена во Цариград итн.

Така, во христијанската вера св. Јован е една од ретките личности покрај Исус и Пресвета Богородица кому Светата црква му посветила повеќе празници. Празникот Отсечение главата на св. Јован Крстител е еден од петнаесетте големи христијански празници, а за подостоинствено празнување и за сочувство со страдањата на св. Јован од страна на Светата црква одреден е строг пост. Во народниот говор, согласно некои дијалекти празникот се среќава со имињата Свети Јован Сечиглав, (како што го пишува М. Цепенков), Свети Јован Отсечен, Свети Јован Опсечен, некаде едноставно само Отсечение или Опсечение.

Оттука може да се види и значењето на овој лик во христијанската вера и, воопшто, во верувањата на нашиот човек. Во народниот живот и во народното верување свети Јован е значаен и по тоа што тој го има кумството и побратимството, зашто како што се кажува во преданијата и како што се пее во песните, кога светците ги делеле функциите свети Јован ги добил кумството и побратимството. „Свети Јован – кумство, побратимство“, се пее во една песна од Дебарско.

Според светото предание св. Јован и Исус биле блиски роднини, зашто мајката на св. Јован, Елисавета, ѝ била тетка на Марија, мајката на Исус.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римската империја го достигнале својот врв. Посебно на удар на неговите критики бил управникот на Галилеја, Ирод Антипа. Тоа е синот на стариот Ирод оној што наредил да се заколат сите деца во Витлеем, во времето кога требало да се роди Исус Христос, за со нив да биде погубен и Спасителот. Ирод Антипа бил оженет со ќерката на еден арапски кнез по име Арета. Но тој, таков поган каков што бил и од погано семејство, ја истерал својата законита жена и се оженил со својата снаа Иродијада, жената на својот брат Филип кој бил жив.

Иродијада со себе ја довела и својата ќерка од првиот брак Саломија. Тоа не го дозволувале ниту законите на Мојсеј, а Јован жестоко го критикувал. „Не ти личи да ја земеш жената на брат ти“, му велел на царот. Затоа Ирод решил да му се освети. Се плашел да го убие зашто целиот народ го почитувал за пророк, но го ставил во затвор за да го заплаши.

Особено лута и осветољубива била Иродијада. И таа чекала прилика да му се освети. Еднаш кога Ирод организирал прослава на својот роденден со присуство на мноштво народ, меѓу кои и највидните државни првенци, кога обилно се пиело вино, кога се играло и пеело, одеднаш се појавила Саломија, ќерката на Иродијада, којашто со својата игра толку го занела Ирод што тој ѝ ветил дека во тој момент ќе ѝ исполни секаква желба, ќе ѝ даде сè што ќе посака, дури да се работи за половината од царството. Саломија не знаела што да посака, па отишла да се посоветува со својата мајка. Пакосната мајка што долго го чекала овој час веднаш ѝ рекла да ја побара главата на свети Јован.

За празникот Отсекување на главата на св. Јован Крстител

Кога Саломија тоа му го соопштила на Ирод тој се изненадил, но ветувањето дадено пред многу народ го обврзувало и морал да го исполни. За кусо време девојката ја имала на послужавник главата на свети Јован која ја предала на својата мајка, а оваа пак, не задоволувајќи се со тоа, му го бодела со игла јазикот што зборувал за нејзиниот неморал. Телото на светителот го зеле неговите ученици и го погребале, а главата, пакосната Иродијада, ја закопала на некое нечисто место, во дворецот на Ирод. Се плашела дека ако главата и телото бидат на едно место можело да се случи пророкот да воскресне.

Меѓутоа една благочестива жена на дворот на Ирод не можела да трпи главата на пророкот да биде закопана на нечисто место, па ја откопала тајно, ја однесла во Ерусалим и ја погребала на Елеонската Гора. Царот Ирод кога разбрал дека Исус лекува болни воскреснува мртви и прави чуда, мачен од сопствената совест, си помислил дека пророкот Јован воскреснал. Некои мислеле дека тоа е пророкот Илија други дека е некој друг пророк, а царот Ирод бил убеден дека е токму Јован кому што тој наредил да му ја пресечат главата. Народот бил сведок дека сите што биле заслужни за погубувањето на пророкот ги стигнала заслужената казна. Ирод ја загубил битката со арапскиот цар Арета, таткото на неговата прва жена кој сакал да ја измие навредата и да ја поврати честа на својата ќерка. Бил испратен на заточение заедно со Иродијада, каде што во навреди и понижувања двајцата ги завршиле животите. И Саломија не останала неказнета. Таа се удавила во реката.

Подоцна некој богаташ се замонашил во Елеонската Гора и сакал да прави ќелија. Започнал да копа и нашол еден сад и во него една глава, а по Божја промисла имал сознание дека тоа е главата на Крстителот. Откако ја бакнал повторно ја закопал на истото место, а таа подоцна шетала од една рака во друга, била заборавана и наоѓана додека во време на царицата Теодора не била пренесена во Цариград.

Денот на погубувањето на св. Јован Крстител со строг пост црквата го празнува на 11 септември (29 август според стариот календар) под името Отсекување (или Отсечение) главата на свети Јован Крстител. Иако свети Јован е погубен пред Пасха празникот е поместен на овој ден зашто на овој ден е осветена црквата што над неговиот гроб во Севастија ја подигнале светите цареви, како што ги викал народот царот Константин и неговата мајка, царицата Елена.

Значењето на Свети Јован Крстител. Неговиот голем култ, воопшто, во христијанскиот свет оставил значајни траги и во традицијата на македонскиот народ. Па така како и другите празници посветени на овој светител и овој ден се празнува со многу внимание, со домашни, селски или поголеми свечености, со заеднички гозби (ортии) и сл. Народот на овој пост држи строг пост, не јаде не само мрсно, туку и риба и зејтин. Останало забележано дека на овој ден луѓето не јаделе ни лубеница, домати, црвено грозје и други продукти со црвена боја што потсетувале на крвта на светителот.

Во Гевгелиско, празникот го викале Св. Јуван Посни, го сметале за тежок празник кога не смеело да се шие и да се пере облеката на децата. Тој ден свештеникот одел по куќите и светел вода. Постарите жени тој ден додека не го бакнеле крстот и леб не јаделе. Утрото домаќинката со српот сечела трева од која одбирала три страка коприва, ги врзувала со црвен конец и ги обесувала над влезната врата. За здравје на кровот ставале црвена преѓа.

Од друга страна, пак, трагичната судбина на светителот раскажана во неговото житие оставила траги и во нашата раскажувачка традиција. Така на пр. во едно предание од Охридско запишано од Ефтим Спространов се раскажува:
„Имало некој цар и сакал да се женит за снаа си. Свети Јон не го остал и многу зборвел, за да не се сторит таква страмота. Тога царот го затворил во апцаана и го држел таму. Оваа снаа му – имала една ќерка ногу лична. Цароф је викнал еднуш да му поиграт едно оро – да му се покршит како ченѓија и је рекол: Ќе ти дам што ќе сакаш- едно царство да ми посакаш и то ќе ти дам“. Момичката отишла и је казала на мајка си. Та бидеешчем била лута на Свети Јона је рекла на ќерка си: Поиграј му и ко ќе ти речит, што сакаш да ти дам, ти да му речиш: Од Свети Јона глаата. “ Оваа момичкава била ногу аџамија. Ко је рекол: Шо сакаш да ти дам, та му рекла: Од Свети Јона глаата. Не знаела клетата зашчо је рекла така мајка је. Тогај царот пратил џељати и на саатот му је пресекле. Во тепчишче је клале и је занесле горе. Е ама на Свети Јон веднуш му порасла друга“. (Подготви Марко Китевски)

Uncategorized

Пронајдени тела на девет мексикански студенти, на сите им биле отсечени рацете

Published

on

Телата на девет лица кои исчезнале минатиот месец во јужниот дел на Мексико, биле пронајдени масакрирани на автопат, заедно со торба во која се наоѓале нивните раце, пренесува Дејли Меил.

Остатоците биле откриени во багажник на напуштен автомобил во Сан Хозе Миахуатлан, на границата помеѓу мексиканските држави Пуебла и Оаксака, околу 280 километри од Мексико Сити. Се смета дека ова е уште едно брутално убиство поврзано со наркокартелите.

Мексиканската влада започна неофицијална војна против наркокартелите во 2006 година, во која до денес загинаа повеќе од 300,000 луѓе, а околу 60,000 лица се исчезнати.

Continue Reading

Uncategorized

ФФМ со одговор на Силекс: И самите не верувате во вашето соопштение!

Published

on

Соопштението од ФФМ ви го пренесуваме во целост:

Во однос на последно објавеното соопштение на ФК Силекс, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Одборот на судии во рамки на ФФМ на чело со претседателот Александар Ставрев, најостро ги осудуваат непрофесионалните, неетичките, неоснованите и злонамерни напади насочени кон претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и комесарот Јосип Бартон, како претседавач со Комисијата за делегирање на судии. Овие обиди за дискредитација претставуваат неприфатлив притисок врз стручните тела во ФФМ што работат исклучиво во интерес на македонскиот фудбал.

Како водечка институција во македонскиот фудбал, ФФМ ќе продолжи со професионално и одговорно управување, без да подлегне на надворешни притисоци или било какви други влијанија, а ќе ги искористиме сите расположливи механизми за заштита на интегритетот и нема да дозволиме било каков обид за манипулација и нарушување на угледот на ФФМ и нејзините официјални претставници.

Впрочем, за контрадикторноста и злонамерата во испратеното соопштение е токму фактот што претседателот на ФФМ многу децидно, уште по преземањето на функцијата, јасно кажа дека прв и основен приоритет на ФФМ е воведувањето на ВАР технологијата за што и се започнати активности. Притоа, неколкупати посочи дека дејствувањето и работата на Судиската организација е оставена на стручните лица, членови на истата и во ниту еден сегмент ниту некој може да влијае, ниту обидите за влијание на било кој член на судиската организација ќе минат без последици.

Во таа насока, загрижува фактот што ФК Силекс е единствениот клуб кој во изминатите две кола од Прва МФЛ и за мечот од Купот на Македонија низ разни „канали“ бараше делегирање на посакувани судии за своите натпревари.

Се разбира, преку ТВ Сител даваме можност во „Куќа на фудбалот“ да добијат потврда и докази на овие тврдења, но само доколку јавно во своите информативни изданија ги споделат доказите за посоченото. ФФМ е подготвено да ги објави.

Загрижувачки е тоа што телевизиски канал, во директни врски со ФК Силекс, ја користи својата медиумска моќ за да врши непотребен притисок врз ФФМ врз основа на неосновани тврдења. Времињата кога надворешениот притисок и закани можеше да влијае на раководните тела на фудбалот поминаа.

Изнесените квалификации и манипулации во овој случај не служи како ваше алиби за резултататите, туку многу повеќе. Самите не верувате во соопштението и го користите најгрубиот начин во намерата да создадете алиби и да ја обвините Судиската организација и ФФМ за вашите резултати оваа пролет. Простете, но исполнување желби, повеќе нема да има.

Загрижувачки, но во исто време и недолично за еден од најдобрите клубови во Македонија е што дозволува во своите структури да биде инволвирано лице со сомнително минато и фудбалски манипулатор со постапки кои не веруваме дека и се познати на сопствениците на ФК Силекс.

Долг е списокот на натпревари на кои директно беа оштетени клубовите – противници на ФК Силекс, но доколку сакате, немаме проблем повторно да ги посочиме.

Имаме разбирање дека тешко се забораваат старите навики и претходниот начин на дејствување и треба време за да се прифати еден нов, професионален и чесен начин и пристап на работа.

Се надеваме дека ќе ги осознаете своите лични и колективни потенцијали и евентуални квалитети со вредностите кои ги промовираме и повторно ќе го вратите Вашиот клуб патот на успехот.

Одборот на судии заедно со стручните соработници го следи секој натпревар со најголемо внимание и има конзистентен професионален пристап. Имено, натпреварите се контролираат од страна на искусни контролори кои биле врвни поранешни републички или интернационални судии, но вклучително и од целиот Судиски одбор.

Во изминатите две одиграни кола во Првата и Втората МФЛ и одиграните натпревари од ¼ финалето на Купот на РМ, Одборот на судии генерално е задоволен од целокупните судиски перформанси, но исто така јавно и транспарентно ги потврди сите погрешни судиски проценки.

На последно одиграните четвртфинални Куп натпревари, конкретно на натпреварот Вардар – Силекс, во 68. минута направена е погрешна проценката од првиот асистент судија при постигнувањето на голот на домашната екипа и истата уште по завршување на натпреварот е потврдена од контролорот.

Исто така, во посочената 6. минута од презентираната видео снимка, тврдењето дека „играчот со бр.8 на гостинската екипа е удрен со лакт од противнички играч“ е неиздржано, од причина што одбранбениот играч со бр. 3 на домашната екипа прв стигнува до топката и со испружена рака гради простор при што напаѓачот удира во него. Оттука, би можеле да прифатиме дека не е досуден прекршок, но во никој случај не и некакво удирање со лакт на противнички играч.

Притоа, контрадикторно на тврдењето на гостинската екипа, во 51. минута играчот со бр.75 на домашната екипа стартува преостро врз противничкиот гостински играч со бр. 8 за што правовремено е покажан и жолт картон, нешто што во прикажаното монтирано видео е исечено и не е презентирано на јавноста.

Воедно, ФК Силекс во информирањето до јавноста презентираше и неточни и непрецизни податоци од извадената статистика за бројот на одсудени натпревари на главниот судија, кој во најмала рака е двојно повеќе од презентираното, имајќи предвид дека истиот суди натпревари во Првата МФЛ од 2021 година и навистина како Федерација не би не радувал фактот доколку ФК Силекс вака „педантно и точно“ води статистика и за своите играчи.

Истовремено, Одборот на судии информира дека и на натпреварот помеѓу екипите на ФК Брера и ФК Аресими во 78. минута е направена погрешна проценка од главниот судија и не е досуден пенал за гостинската екипа.

Свесни сме дека фудбалот е динамична игра. Натпреварите од Првата и Втората МФЛ, како и КУП натпреварите се изедначени по квалитет, а судиите го носат „притисокот“ од значењето што секој натпревар го има и очекувањата од нив се големи. И покрај најдобрите напори, ненамерните погрешни судиски проценки се составен дел од секој спорт.

Сепак, изолираните погрешни судиски проценки, кои патем до сега се сите негативно оценети од контролорите на судењето, во никој случај не смее да фрли сенка врз кредибилитетот, професионалноста и интегритетот на судиите, а ФФМ ќе остане посветена на зачувување на интегритетот и транспарентноста во својот ангажман и нема да дозволи неосновани обвинувања да го нарушат кредибилитетот на Федерацијата и нејзините претставници.

Continue Reading

Uncategorized

Грција утре парализирана од генерален штрајк

Published

on

Атина– Двегодишнината од железничката несреќа кај Темпи во која загинаа 57 лица, утре во Грција ќе биде одбележана со генерален штрајк што буквално ќе ја парализира земјата, нема да функционира бродскиот, авионскиот и железничкиот сообраќај, дел од рестораните, таверните, кафулињата, ноќните клубови, театрите ќе бидат затворени, а закажани се над 340 протести во земјата и странство, јави дописничката на МИА од Атина.

Железничката несреќа се случи на 28 февруари 2023 година при директен судир на товарен и патнички воз, кои се движеа на истата шина во различни правци, по сударот следеше и експлозија, а животот го загубија 57 лица, од кои поголемиот број беа студенти.

Иако поминаа две години од една од поголемите трагедии во Грција, несреќата во изминатиот период одново е актуелна во земјата и поради тоа што две години подоцна остануваат многу неодговорени прашања, но и поради тоа што во медиумите континуирано се објавуваат нови информации и аудио и видео документи.

Во рамките на генералниот штрајк закажани се вкупно 345 протести, од кои 243 се на различни локации во Грција, а 102 се низ целиот свет, додека пак според најавите и судејќи според демонстрациите што се одржаа минатиот месец, се очекува утрешните протести да бидат особено масовни.

Исто како и за време на масовниот протестот одржан на крајот на јануари, така и сега главниот слоган е „Немам кислород“ по објавениот аудиозапис од телефонски повик на бројот 112 за итни случаи во кои се слушаат повиците за помош, меѓу кои и женски глас што вели „Немам кислород“, а главното барање е правда за жртвите.

Генералниот штрајк е закажан од најголемите грчки синдикати на вработените во државниот сектор (АДЕДИ) и на вработените во приватниот сектор (ГСЕЕ), како и синдикатот ПАМЕ на Комунистичката партија, а 24-часовниот штрајк го поддржуваат низа здруженија, федерации итн.

Во штрајкот ќе учествуваат и адвокати, фармацевти, лекари, студенти, ученици, просветни работници, голем дел од угостителските објекти нема да отворат, а ноќните клубови и клубовите со жива музика, односно популарните бузуки, во кои настапуваат познати грчки пејачи, утре ќе останат затворени во спомен на жртвите.

Бродовите ќе останат закотвени на пристаништата од раните утрински часови, железничкиот сообраќај ќе биде целосно во прекин, а 24-часовен штрајк најавија и контролорите на летање, со што откажани се сите летови од и кон Грција со исклучок на: летови кои со шефови на држави, премиери; летови на грчките воздухопловни сили кои учествуваат во оперативни мисии и закажани вежби; летови од медицински или хуманитарна причини; летови на авиони за потрага и спасување.

Јавниот превоз во Атина, односно автобусите, тролејбусите, трамваите ќе учествуваат во штрајкот и нема да сообраќаат, а единствено метрото ќе работи од 9 до 17 часот со цел да им овозможи на граѓаните да стигнат на протестот во центарот на градот.

Грчката метропола ќе биде и без такси превоз, со оглед на тоа што такси возачите организирани од нивниот синдикат учествуваат во штрајкот, меѓутоа започнаа иницијатива „такси на солидарноста“ – нешто што првпат се спроведува во Грција, односно на четири различни локации ќе има таксисти волонтери, кои бесплатно ќе ги пренесуваат граѓаните до плоштадот Синтагма каде што ќе се одржи протестот.

Во Атина собирот е закажан за 11 часот по локално време, а ќе се преземат зголемени безбедносни мерки, според грчките медиуми, со ангажирани над 5.000 полицајци.

Министерот за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис во чија надлежност е и полицијата во интервју за радиото „Параполитика“ вчера рече дека „се прават големи подготовки за полицијата да ја постигне својата централна цел, а тоа е демонстрациите да завршат мирно и пред сè безбедно за граѓаните кои ќе учествуваат“.

Непосредно пред утрешната годишнина, грчката Национална управа за истрага на авионски и железнички несреќи и безбедност на транспортот, претпладнево ќе го презентира извештајот од истрагата на експертите за причините за железничката несреќа и експлозијата што следеше по судирот на патничкиот и товарниот воз.

На вчерашната владина седница грчкиот премиер Кирјакос Мицотаки се осврна на втората годишнина од железничката несреќа кај Темпи, посочувајќи дека „мнозинството Грци сакаат вистината да блесне, правдата да биде задоволена и никогаш повеќе да не доживееме слична трагедија“, истакна дека „националната драма треба да го обединува општеството под заедничко барање за вистина и правда“, а за протестите нагласи дека се уставно загарантирано право на граѓаните, но и дека државата треба да ги заштити демонстрантите, а „одредени ќе протестираат против Владата“.

Следната седмица, односно во вторник и среда во Парламентот ќе се одржи расправа за формирање предистражна комисија за несреќата, а Мицотакис посочи дека тогаш партиите ќе можат да ги претстават своите ставови, но и дека ако опозицијата сака, ќе може да достави предлог за гласање недоверба на Владата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк