Connect with us

Македонија

Овие суштества од власта се однесуваат како паднати од неименувана галаксија

Published

on

Во контекст на трагедијата во ковид-центрот во Тетово, професорот Љубомир Цуцуловски на „суштествата од власта“ им ја објаснува разликата меѓу причина и повод за оставка.

„ПРИЧИНИ И ПОВОД. Дали овие суштества од власта ја прават елементарната, школската разлика помеѓу поимите ‘причина’ и ‘повод’ за одреден настан, гест или безусловна оставка? Можеби ја прават, меѓутоа се однесуваат како да не се оттука, како овде, во светот, да се нашле случајно, паднати од некоја сѐ уште неименувана мета галаксија. Зарем, на пример, не чуле дека е смешно, дури и неуко да се смета дека повод за Првата светска војна е атентатот во Сараево, кој не бил ништо друго освен само п о в о д да се започне Војната. Меѓутоа, причините за нејзиниот почеток биле бројни и само се чекала последната/иницијална капка (значи, п о в о д о т!) во преполнетата чаша. И, според тоа, зарем не сфаќаат дека трагедијата во Тетово е само конечниот повод да се дадат безусловни оставки, бидејќи во здравството постојат, како што и постоеја бројни п р и ч и н и не само за оставки, туку и за неповратни р а з р е ш у в а њ а. Истото важи за целата власт/Влада, како и за нејзините неми, безусни и мекотелни придружници.

Во противно, сѐ друго би било под секое морално, политичко и човечко достоинство. Или и човечноста, во меѓувреме, некаде ја загубија, заборавија, погребаа?“, коментира Цуцуловски на Фејсбук.

Македонија

Исчезна 11-годишно девојче од скопска Гази Баба

Published

on

„Вчера рано наутро во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, З.Р. од Скопје пријавила дека од јавната установа за згрижување на деца на ул.„Перо Наков“ се оддалечила нејзината ќерка М.Р.(11)“, соопштиј од МВР.

Како што соопштуваат од полицијата, во моментот се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Македонија

Подгответе се за невреме: Еве какво време ја очекува Македонија денес!

Published

on

Во следните 12 часа од исток и од југоисток во Македонија ќе помине уште една доста влажна и нестабилна воздушна маса која на повеќе места кај нас ќе услови појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.

Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер и со локална појава на град. Токму поради ваквата состојба, апелирам на поголема претплазливост кај граѓаните.

И во Скопскиот регион исто така за време на погоре споменатиот период ќе има појава на повремен локален дожд, а во делови од котлината ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие денес (недела 27 април) ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 24 степени, во Скопје и околината температурата ќе се искачи до околу 24 степени.

Continue Reading

Македонија

Тројца возачи уапсени поради возење под дејство на алкохол

Published

on

Лишени од слобода три лица на подрачје на Куманово и Кратово затоа што управувале возила под дејство на алкохол

На 27.04.2025, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Куманово и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Кратово ги лишиле од слобода А.М.(38) од Куманово, А.Р.(49) од село Ваксинце, општина Липково и З.Л.(60) од с.Страцин, кратовско. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници констатирале дека кај А.М., кој управувал патничко моторно возило „цитроен”, биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта, а кај А.Р., кој управувал патничко моторно возило „опел”, биле измерени 1.55 промили алкохол.

Додека, при контрола на патниот сообраќај во Кратово, З.Л. не застанал на знак за запирање и се обидел да побегне, но набргу бил запрен и полициските службеници кај него измериле 2,28 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк