Connect with us

Забава

Бидете реални, уживајте во убави нешта, животот е еден – Хороскоп за вторник (14.09.2021)

Published

on

Овен

Во изминатиот период се соочувавте со проблем на кој ви се чинеше дека не му се гледа крајот? Денешниот ден ќе промени сè и вие ќе го пронајдете решението. Можеби сè уште нема да можете да ги видите резултатите, но морате да бидете трпеливи.

Подгответе се за забавна вечер во која ќе се смеете со солзи. Ви претстојат прекрасни моменти со саканите.

Бик

Денес ќе имате потреба да си посветите време себеси, подалеку од вревата и од секојдневните активности. Тишината ќе ве усреќува сега иако вообичаено не сте нејзин љубител. Имате потреба од смирен живот.

Разговарајте со вашите најмили за вашите чувства. Така тие ќе ве разберат и ќе ви го дадат просторот кој ви е потребен.

Близнаци 

Напорната работа дефинитивно ќе ви се исплати. Денес вашиот труд ќе биде оценет од вашите претпоставени и од колегите. Воопшто не треба да ве изненадува ако одеднаш добиете понуда за повисока работна позиција.

Користете ги вашите контакти. Сте направиле услуга многупати во минатото, па зошто да не дозволите да ви возвратат на тоа.

Рак

Искористете ја вашата новооткриена самодоверба за да го освоите светот. Денес флертувајте со оној што ви се допаѓа, шармирајте го деловниот свет и моќно чекорете каде и да се појавите. Многумина ви се одушевуваат.

Ако сте во врска, не го пополнувајте времето со партнерот со празни муабети. Поминете квалитетно време во разговори.

Лав

Животот ќе ви приреди една од оние неочекувани шанси за напредок во кариерата. Разбудете се полни со самодоверба за да можете да ги зграпчите можностите кога тие ќе се појават пред вас.

Ќе ви недостасува личност која во моментов е далеку од вас физички, но во мислите никогаш не ве напуштила. Јавете ѝ се.

Девица

Не ви го покажуваат сите вистинското лице, колку и да посакувате тоа да е така. Денес наместо да ги игнорирате предупредувачките знаци во одреден карактер, бидете реални и соочете се со фактот дека не можат сите да ви бидат пријатели.

Некои луѓе не заслужуваат втора шанса. Ако некој ве разочарал или повредил во минатото, можеби планира да го направи тоа повторно. Внимавајте!

Вага

Вратете си ги нештата кои сте му ги дале на некој друг, ни никогаш не сте ги добиле назад. Денес ќе сакате сè да биде на свое место и ќе се „јадете“ во себе ако нешто ви недостасува. Борете се гласно за она што е ваше.

Вечерва разгалете ги вашите сетила и уживајте во убавите нешта. Животот е еден.

Шкорпија

Што е она што ви го усреќува срцето? Престанете слепо да ги следите насоките на вашите пријатели и не паѓајте под влијание на вашите врсници. Морате да бидете посмели и сами да си го изберете вашиот пат.

Животното патување е секогаш поинтересно кога покрај себе имате личност на која целосно можете да ѝ се доверите.

Стрелец

Не, денес нема само да посакувате да имате посредена коса, поуреден дом или подобро работно место. Денес ќе преземате конкретни чекори за да си ги сместите желбите во реалноста. Огромната енергија ќе ви помага да постигнете сè што ќе посакате.

Ако сè уште не сте вработени, ова е одличен момент за да ја засилите потрагата по работно место.

Јарец

Зборувајте во свое име! Престанете да пренесувате што мислат другите или како другите ви постапиле во одредена ситуација. Денес е ред да го кажете вашето лично мислење.

Не се плашете да истакнете проблем кој го сметате за важен. Промените започнуваат од нас самите.

Водолија

Денес како камелеон ќе се прилагодувате на новите ситуации и ќе се адаптирате на секое друштво. Какви што ќе бидат луѓето околу вас, такви ќе бидете вие. Ќе умеете да го видите светот низ туѓите очи.

Кругот од пријатели значително ќе ви се прошири. Сепак, стојте подалеку од личностите кои преземаат преголеми ризици.

Риби

Ставете го квалитетот пред квантитетот кога го избирате вашето друштво. Денес ќе сакате да бидете во друштво на неколку пријатели, но најдобрите. Во нивно друштво ќе се чувствувате релаксирано и прифатено.

Прекрасни спомени ќе се вратат во вашите мисли вечерва. Можеби нема брзо да заспиете, но барем ќе бидете среќни.

Забава

„Биби и Боби“ ја разубавуваат Зимската приказна во Битола

Published

on

Најомилените пријатели на најмладите, „Биби и Боби“, вечерва пристигнуваат во Битола! Во 19:00 часот, пред Офицерскиот дом, сите посетители ќе можат да уживаат во магијата на празничниот дух преку танци, игри и незаборавна атмосфера што ќе ги стопли срцата на сите, без разлика на возраста.

„Зимска приказна“ продолжува да создава моменти за паметење, збогатувајќи ја празничната радост со незаборавни настани.

Празничниот дух живее во Битола!

Continue Reading

Забава

Прилепчанката Добрила Грашеска испеа македонски песни за грчкото Фолкрадио (ВИДЕО)

Published

on

Македонската етно-пејачка, прилепчанката Добрила Грашеска, која настапува во популарниот состав Чалгија саунд систем и со Добрила и Дориан дуо, деновиве се појави во програмата на грчкото Фолк радио (Folkradio.gr) и отпеа две песни. Станува збор за традиционалната коледарска песна што ја пеат децата од Прилеп, „Коледица, Варварица“ и македонската народна љубовна песна „Кој ти ги даде тие црни очи“

Снимено дома, со телефон, ама искрено и со љубов. И драго ми е што нашите соседи покажаа интерес и со такво внимание ѝ пристапија на нашата музика.- напиша Грашеска на својот профил на Фејсбук.

Добрила Грашеска, прекрасна пејачка од Северна Македонија, позната по соработките со Чалгија Саунд Систем и како дел од дуото Добрила и Доријан, ги испраќа своите желби на folkradio.gr со песни од Прилепско-стои во објавата на официјалната фејсбук страница на радиото.

Во продолжение слушнете ја изведбата на нашата Добрила Грашеска

https://www.facebook.com/share/v/12H9RSDbKLf/?mibextid=wwXIfr

Инаку, Folkradio.gr е специјалиѕирано музичко радио за афирмација и истражување на грчката народна музика. Како што стои на интернет порталот на радиото, народната музика е една од најстарите форми на култура во светот и опстанала до денес благодарение на безвременската вредност заснована на висока естетика и креативен континуитет. Folkradio.gr се стреми да ја пренесе оваа естетика и специфичноста на грчката народна музика, која можеби е родена пред многу векови во рурални услови и преку човечки контакт со природата и нејзините елементи, но денес докажува дека е многу моќно средство за изразување дури и во модерното време, кога светот се пресели во градовите и комуникацијата не познава граници.

Извор: РадиоПела

Continue Reading

Забава

Скопска Новогодишна приказна“ – Кисела Вода организира дочек на Новата 2025 година

Published

on

На платото пред спортската сала Расадник, Општина Кисела Вода ќе организира весела и незаборавна прослава на Новата 2025 година. На 31 декември, под слоганот „Скопска Новогодишна приказна“, жителите на Кисела Вода и сите граѓани на Скопје ќе имаат можност да уживаат во целодневна програма со богати содржини за сите генерации, информираат од општината.

Настанот започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. Малите посетители ќе уживаат во настапот на „Поточиња“, аниматорите и задолжителниот Дедо Мраз, кој овој пат ќе биде во друштво на ликот Гринч.
Вечерната програма започнува во 20:00 часот со настап на популарната група „Куку Леле,“ продолжува со Игор Џамбазов, кој е и водител на вечерта, а ќе настапи заедно со „Гуру Харе Бенд.“ Потоа, на сцената ќе се појават ДНК и Врчак, а кулминацијата и пречекот на Новата година ќе го означи настапот на Лозано.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски нагласува дека Кисела Вода повторно се позиционира како општина која знае да организира врвни настани со квалитетна музичка понуда, потсетувајќи на успешните културни лета кои со години привлекуваат голем број посетители.

-Додека од Град Скопје нема никаква најава за организирана прослава за најлудата ноќ, Општина Кисела Вода уште еднаш докажува дека е лидер во организирањето културни настани. Со домашни изведувачи кои се миленици на публиката, создадовме програма која ги обединува генерациите. Ова е наш подарок не само за жителите на општината, туку за целиот град. Ги поканувам сите скопјани да ни се придружат и заедно да ја пречекаме 2025 година со многу радост, музика и убави мигови. Сите сте добредојдени да бидете дел од оваа „Скопска Новогодишна приказна“, која ветува незаборавна забава и многу позитивна енергија- изјави Ѓорѓиевски.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк