Поранешниот Амбасадор Љупчо Арсовски, сподели статус од Димитар Глигоров, за кого рече дека не го познава, но напишал сè што му лежи на срце:
„Си мислам, јас сум од една проклета генерација која цел живот беше све у некои транзиции, те ни уведуваа усмерено, те војска 15 месеци, те бодови за приемни испити за факултет, па и Тито ни умpе, и Анте Марковиќ не‘ подлажа….
И братство единството го ев авме, се испо зак лавме ко ќурки за божиќ, три пути знаме мењавме, пpеживеавме и приватизација и трансформација и демократизација и институционализација, ја пројдовме секоја – ЦИЈА што ја смислил светов. И школи завршивме, и деца изродивме, и од таа заев ан–ЦИЈА никако, бре да искочиме.
Више 30 години држава кобајаги правиме. Те едни, те други на власт. Едните бетер од другите! Како бе, не се погодија некои што си ја сакаат државава појше од својот џеб??
Како бре, не се родија такви што ќе речат, Ееееј, ми дадоа моќ, ми дадоа сила, сега му е мајката да му помогнам на мојот народ !
Да си ги остварам соништата ко се замишљав Блек Стена, Командант Марк, Бошко Буха, Супеpмен? Да оставам нешто позади да речат, еееј, господ здравје да му даде на овој, што јунак беше…како бе, срце не ви плаче да си го гледате народот да ви чепка по канти, да ги гледате децана у училници со ќумбе на дрва, магариња и коњи по булевари да ви шетаат со вреќи за стара пластика?
Како бе, хохштаплеpи едни, и бивши и сегашни, ви се живее у 18 век кога цел свет влага у 22? Не ли ве фаќа мерак нешто добро да направите, да си го видите народот стокмен, дотеран насмеан, редици да чекаат за театар, а не за у народни кујни у дупнати гумени чизми?
Да му дадете крилја да работи, да учи, да ствара, да раѓа, да гради…. Да не оди со свиткана глава у странство, налепници по коли да му лепат, да му е ќеф химна ко се свири и знаме ко се вее.
Од што фамилии искочивте, мајку вам божју, што васпитање добивте за да преварите, укpа дете, да зае вете? Не ли ви е сpам од родителите што ве створиле и од децата што ќе ги стварате?
Како бе, не си го сакате ова парче земја, со кола за два саата се поминува, рај на земјата да стане… до кога бе нас ќе ни бидат криви и комунисти, и Турци и Бугари и Грци и Ковид и марсовци? И странски служби и домашни пpедавници?
Први сме у свет у се што не треба, а задњи сме во се што треба.
Аман бре, преку такво сте ни сите Куp товци и Муpтовци, ќе дојде ли ден кога сонце ќе не‘ огрее а да не е само на знамето, кога нема да прашуваме дали комшијата е Албанец или Македонец, туку дали е дома за да го викнеме на скара…кога ќе дојде ден кога нема да имаме појма кои ни се министри пошто ич нема да ни е гајле ни како се викаат ни како изгледаат…аман бре, и едни и други, од што пластелин ве праат ич око да не ви чуе да ве пљукаат и колнат по весници и портали.
Ај децата од дома што си ги избркавме, па и ние ли да бегаме на овие години? Сакате ли прикаски на правнуците да им кажуваме „си беше еднаш една Македонија“?
Доста бе, имате ли памет, усул, за овој мирен народ, неизживеани едни, алооо…“
Мерц предлага контроверзно решение: Замрзнатите руски средства можат да се употребат
На својот годишен говор пред Бундестагот, канцеларот Фридрих Мерц во средата не донесе добри вести за Германија. Според него, светот се наоѓа во „нова ера“ на длабоки геополитички превирања. Релациите со САД се фундаментално променети, Украина продолжува да страда под агресорска војна спротивна на меѓународното право, а германската економија е под притисок од трговски конфликти и „минати пропусти“ на домашен терен.
„Многу работи што порано беа извесни, веќе не се“, изјави Мерц, предупредувајќи дека глобалниот поредок е заменет со неред. „Германија не може да стои на страна и да гледа како светот се реорганизира. Не сме пиони на големите сили“, додаде тој, повикувајќи на активна улога на земјата во меѓународните случувања.
Фокусот на Мерц е јасен: Германија треба да биде двигател во барањето „праведен мир“ во Украина. По иницијатива на канцеларот, минатиот викенд и во понеделникот украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретна со преговарачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Берлин, за координации околу мировниот план.
„Во изминатите денови и часови, повеќе дипломатија од она што се случи во Берлин едноставно не е можно“, порача Мерц. Тој истакна дека Германија не само што снабдува оружје на Украина, туку ѝ дава и шанса на дипломатијата да успее.
Претстојниот самит на ЕУ во Брисел ќе биде следната голема сцена на европската политика. Мерц вели дека Германија, заедно со партнерите, треба да испрати јасен сигнал до Москва: замрзнатите руски средства во ЕУ ќе се искористат за финансирање на брзо завршување на војната, преку реконструкција на Украина и набавка на современо оружје.
Мнозинството од 27-те влади на ЕУ се за планот, кој предвидува издавање на обврзници од околу 90 милијарди евра, обезбедени со замрзнатите руски средства. Русија веќе реагираше со правни мерки против ваквиот потег, но шансите за одлука во Брисел се околу 50-50, оцени Мерц.
Со овој говор, канцеларот испрати силна порака: во време на глобална нестабилност, Германија мора да дејствува – или да ризикува да остане зад светските случувања.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.