Граѓаните контра Владата: Анти- Ковид мерките не ви чинат

„Јас сум без симптоми, јас сум здрав“, „Каде исчезна грипот“, „Имунитет со витамини не со вакцини“, „Маската ме гуши-на децата не им треба вакцини“, беа дел од пораките што граѓаните, вчера преку протестот пред Влада, им ги испратија на надлежните.

Како што велат, тие не се против вакцини, тие се против овие ковид вакцини, начинот на кој се наметнуваат, и обврската за задолжителна настава со носење маски. Според нив, лошото менаџирање со анти-ковид мерките прави уште поголем отпор кај граѓаните, особено за редовната настава во училиштата за која велат дека не е безбедна.

Од друга страна, од Министерството за здравство се децидни – протоколите мора да се почитуваат, во спротивно ке има санкции. Бидејки, велат, вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата е 186.549 бројката на оздравени пациенти е 166.851, на починати е 6.437, а бројот на активни случаи изнесува 13.261.

И министерката за образование Мила Царовска, не попушта. Децидна е дека состојбата во училиштата во државата е безбедна и засега немало интерна трансмисија на вирусот во училишните објекти. Дури и ги обвини медиумите дека претставуваат лажна слика бидејки здравствените власти информирале дека нема зголемен број на позитивни случаи на деца во болниците.

Ќе реагираат ли надлежните во Владата на овие укажувања или ќе продолжат да го префрлаат жешкиот костен немајќи одговор зошто анти ковид мерките наместо во нагорна одат во надолна линија?

Повеќе ТУКА

Текст и фото: Скопско ехо мк