Жена заборавила торба со 40.000 евра во автобус и замислете и ја вратиле назад

Жена во Ним, Франција, град на југот на земјата, сигурно била во голем шок кога дознала дека во автобусот во моментот на невнимание заборавила торба со 40.000 евра.

Благодарение на чесноста на вработените во автобуската компанија, таа сега е повикана во полиција да си ги земе работите, напиша во понеделникот весникот „Миди либре“.

Возачот на автобусот ја нашол торбата откако завршила смената и ја оставил во складиштето на автобусот, но не ја погледнал.


За да го пронајде сопственикот, друг вработен ја отворил торбата и нашол 40.000 евра во мали банкноти, како и документи кои го докажуваат легалното потекло на парите.