Connect with us

Балкан

Косовската полиција го отcтрани билбордот „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“

Published

on

Вечерва, припадниците на косовската полиција го тргнаа и билбордот „Добредојдовте во Заедницата на српски општини“, што беше поставен во Ранилуг, изјави директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
„Очигледно, Албин Курти започна отворена конфронтација со Заедницата на српски општини и Бриселскиот договор, чие прекршување доведе до криза на северот на Косово и Метохија“, напиша Петковиќ на Твитер.

Балкан

Балканот повторно се тресеше, регистриран нов земјотрес

Published

on

Земјотрес со јачина од 3,5 степени го погоди подрачјето на Бугарија

Во петокот, на 25 април 2025 година, во 09:43 часот, е регистриран земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала на територијата на Бугарија.

Според достапните информации, епицентарот на потресот бил лоциран на околу 28 километри источно од Поморие, во близина на познатото туристичко место Несебар.

Како што пренесува Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, хипоцентарот се наоѓал на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.

„Добро затресе“, „Се слушна гласно тресење“, сведочат граѓани од регионот, кои го почувствувале потресот.

За среќа, засега нема пријави за материјални штети, а надлежните служби внимателно ја следат состојбата.

Continue Reading

Балкан

Пукање во локал во Нови Сад, има повредени

Published

on

Една личност е повредена во пукање кое се случило утрово околу 8 часот во локал на Футошка улица број 4 во Нови Сад.

Засега не е познат степенот на повредите. Полицијата врши увид на лице место.

Според зборовите на докторот Зоран Крља, портпарол на Заводот за итна медицина Нови Сад, нивната екипа излегла на лице место како прв приоритет по повикот од полицијата, и таму бил пронајден маж кој по почетното згрижување бил пренесен во УЦ КЦВ

Continue Reading

Балкан

Се тресеше Балканот: Два земјотреса во две соседни земји

Published

on

Вечерва на истокот од Бугарија беше регистриран земјотрес со јачина од 3.3 степени според Рихтеровата скала, а само неколку минути подоцна, тлото се затресе и во Албанија.

Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на првиот потрес бил во Црното Море, на околу 40 километри североисточно од бугарскиот град Бургас. Хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 25.1 километар под површината на земјата.

Кратко по тој настан, беше регистриран уште еден земјотрес, овојпат на територијата на Албанија, со јачина од 3.5 степени по Рихтер. За разлика од бугарскиот, албанскиот потрес имал многу поплиток хипоцентар – само 5 километри под земјината кора.

Во моментов нема информации за евентуални материјални штети или повредени лица. Надлежните служби внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени за понатамошни интервенции доколку биде потребно.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк