Connect with us

Македонија

ПЕТ години никој од МВР не проверил дека во ЗАПЛЕНЕТИОТ автомобил имало ДРОГА !

Published

on

Полицајците кои беа фатени со дрога во Црна Гора биле во ЗАПЛЕНЕТ автомобил од 2016 година, а дрогата била ЗАБОРАВЕНА во истиот.

Од МВР го потврдуваат случајот и објаснуваат дека станува збор за претходно запленета дрога која останала скриена под седиштето на автомобилот, запленет во полициска акција уште во 2016 година. Според Прес 24, од полицијата велат дека полицајците, вработени во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, се упатиле на обука во Црна Гора, а за патувањето задолжиле службено возило од автопаркот на МВР. Возилото инаку претходно било добиено од Агенцијата за управување со одземен имот, а било запленето од страна на Царинската управа во акција за сузбивање на трговија со дрога во 2016 година.

„Кога стигнале на границата меѓу Албанија и Црна Гора, во возилото била пронајдена марихуана, која била скриена под седиштата. Но, вработените во МВР немаат никаква врска со дрогата, туку таа била скриена во автомобилот, односно останала од 2016 година кога ова возило било запленето во акција на Царинската управа, а потоа дадено на Агенцијата за управување со одземен имот, од каде пак е отстапено на МВР. Вработените во МВР немаат никаква поврзаност со дрогата и тоа го потврдило и албанското јавно обвинителство и тие се веќе вратени во Скопје, а за целиот случај го известивме и нашето јавно обвинителство за натамошно постапување и расчистување на случајот“, велат од МВР.

Македонија

Трагедија во тетовско село

Published

on

На 30.01.2025 во 13.50 часот во СВР Тетово се пријавил Ш.М.(55) од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 31 – годишна снаа од Косово, со регулиран престој во селото, дека во неколку наврати извршил кривично дело „полово вознемирување“ врз неа, казниво по член 190-а став 1 од Кривичниот законик. Тој бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски: Традицијата што не згаснува на Тетовско Кале

Published

on

Премиерот Христијан Мицкоски го посети манастирот Свети Атанасиј на Тетовско Кале, истакнувајќи ја важноста на ова свето место за македонската историја и традиција. „Секој чекор тука ја раскажува историјата, а секој поглед нè потсетува на нашите корени,“ порача Мицкоски, нагласувајќи дека зачувувањето на духовното и културното наследство е од исклучително значење за идните генерации.

Continue Reading

Македонија

ДВАЈЦА КУМАНОВЦИ ДАЛЕ 4.000 ЕВРА НА ЛАЖЕН ПОЛИЦАЕЦ

Published

on

policija

Измамник успеал во еден ден да одземе 250.000 денари  (околу 4.000 евра) од двајца повозрасни кумановци, лажејќи ги дека е полицаец кој ќе посредува нивните деца да не одговараат за сообраќајна несреќа во која прегазиле дете мигрант. Обидот кај трет кумановец не успеал.

Според МВР, во текот на вчерашниот ден, измамникот се јавил на телефон кај двајца мажи на возраст на 74 и 83 години, како и кај една жена на 66 години, при што се претставил како полициски службеник, и им кажал дека наводно нивните деца, ќерки или син и снаа, предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазилe дете мигрант и ќе треба да дадат одредена сума на пари за да не одат в затвор.

„Во 13.00 часот 74-годишен маж од Куманово пријавил дека едно лице се обидело да го измами. Во 16 часот 66-годишна жена од Куманово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 2.500 евра. Лицето ѝ се јавило на телефон и претставувајќи се како полициски службеник ја известило дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна незгода во која прегазила дете мигрант и ќе треба да плати одредена сума на пари за да не ја гонат кривично. Таа ги однела парите на договореното место, а подоцна се слушнала со нејзината ќерка и сфатила дека е измамена. Во 17.00 часот, 83-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен за сума од 100.000 денари на истиот начин“, велат од СВР Куманово.

Во текот на 2024, во Куманово биле регистрирани две измами за сообраќајни несреќи. Од полицијата апелираат на претпазливост, а особено од повозрасните лица кога им се јавуваат непознати, да не наседнуваат на лажни услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават на бесплатниот телефонски број 192.

Извор: sdk.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк