Connect with us

Спорт

Каква БОМБА ќе води спортска емисија (Фото)

Published

on

Спортското новинарство од денеска има ново лице. Познатата македонска водителка Јана Серафимова го имаше своето деби на спортските вести на Телевизија Телма, пишува спортскиот портал Спорт1.мк.

Серафимова ќе води спортска емисија „Ферплеј со Јана“.

Спортските фанови ќе уживаат несомнено во содржините на новата емисија со оваа вистинска македонска убавица на националната телевизија.

Спорт

Митровски погоди за Вараждин во ремито против Динамо

Published

on

Екипата на Вараждин беше пред голема победа против Динамо Загреб, но на крајот мораше да се задоволи со бод, одигрувајќи 1:1. Домашниот тим водеше до 80. минута благодарение на погодокот на Димитар Митровски, кој се врати во составот и донесе предност на Вараждин.

Сепак, Динамо не се откажа, а Бруно Петковиќ од пенал во финишот изедначи на 1:1, што беше и конечен резултат. За Вараждин, покрај стрелецот Митровски, настапи и Марио Младеновски, додека Ване Јованов остана на клупата. Кај Динамо, Стефан Ристовски влезе во второто полувреме, додека Аријан Адеми не доби минутажа.

Continue Reading

Спорт

Алкалоид ќе игра европско полуфинале!

Published

on

Ракометарите на Алкалоид се пласираа во полуфиналето на Европскиот куп откако денеска во Скопје ја совладаа романската Баја Маре со 32-25.

Избраниците на Лазаров денеска  одиграа многу подобро од противникот и заслужено стигнаа до победата откако во првиот натпревар во Романија заврши без победник 31-31.

Денеска најефикасен во редовите на Алкалоид беше Александар Петковскисо седум гола, пет постигна Марко Стојковиќ.

Во полуфиналето Алкалоид ќе игра против Рунар Сандефјорд од Норвешка кој во четвртфиналето беше подобар од Олимпијакос.

Continue Reading

Спорт

Дејан Георгиевски побеник на Опен Скопје

Published

on

Дејан Георгиевски, македонскиот олимписки медалист од Токио успеа на Македонија да донесе ново злато во таеквондо и уште еднаш да покаже дека е еден од најдобрите во светот.

Македонецот денеска успеа да го освои Опен Скопје Г1, што носи бодови за остварување на олимписката норма.

На овој турнир кој се одржа викендов во Скопје учествуваа таеквондисти од 40 земји, а денеска Георгиевски просто воодушеви со својата борбеност и победа во финалето против Куецуеексунгур од Германија, па на 2:0 за Георгиевски, противникот го предаде мечот поради повреда и тоа во втората рунда.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк