Connect with us

Забава

Жена паднала од тераса на која била со љубовникот! Имала повеќе среќа од памет (Видео)

Published

on

Несреќната љубовница била интимна со својот партнер во моментот кога се лизнала од работ на балконот на стан во Тајпеј и паднала врз паркиран автомобил. Инцидентот, кој се случил на 5 месецов, е снимен благодарение на надзорната камера и покажува прилично непријатен момент, одноно кога жената паѓа врз автомобилот паркиран пред зградата.

Жената при падот е во маица и долна облека. Неколку моменти по падот таа почнува да се држи за грбот, очигледно во тешки болки.

На крајот успева да се присобере и со помош на полуголиот партнер да слезе од смачканиот кров на автомобилот.

Еден прилично шокиран сведок за медиумите рекол:

– Си одев дома кога се случи тоа. Не го видов падот, но слушнав силен тресок и таа веќе беше на кровот. Тогаш дојде мажот и и помогна.

Жената подоцна била однесена во болница каде и биле дијагностицирани полесни повреди на грбот заради кои ќе мора да биде на лекување неколку недели.Двојката ќе мора да плати и отштета на сопственикот на автомобилот

Забава

Панчо од ДНК ја отфрли номинацијата за „Маж на годината“: „Јас живеам во Македонија, не во Северна“

Published

on

Музичарот Владимир Блажев, познат како Панчо од дуото ДНК го откажа своето учество во изборот за Маж на годината. Тој се најде помеѓу номинираните јавни личности на официјалната страница на изборот, заедно со Никола Ристановски, Боби Милевски, Стојанче Ангелов, Стефан Лазаров, Сашко Кедев, Петар Георгиевски – Камиказа и други.

Како што појаснува на својот официјален профил, Панчо не ни знаел дека бил номиниран за наградата, а се откажувал од номинацијата и учеството поради три причини.

– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за маж на годината на ,,Северна Македонија” .

Прво и најбитно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во ,,северна” туку во МАКЕДОНИЈА и со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството!

Второ е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини, и трето дека сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум висок, тоест низок – 168 см. и треба да спаѓам во категорија „МАЖИЊА“ – објави музичарот.

Continue Reading

Забава

40 години Меморија, концерт за сеќавање!

Published

on

Членовите на „Меморија“ синоќа во исполнетата сала „Борис Трајковски“ во Скопје одржаа коцерт за паметење. Македонија покажа дека има музика, рече во еден момент лидерот на групата Петар Георгиевски-Камиказа. „Нема меморија на македонската популарна музика без групата Меморија“, рече синоќа во видео порака нашиот меѓународно признат пијанист, маестро Симон Трпчески. Перо Камиказа, заедно со Сашо Ангелов Сале, повратникот Давор Јордановски, новиот член гитаристот Рубин Димкоски, пејачите Апосотол Икономов Поце и Ристо Самарџиев, уште еднаш напрвија вистински подвиг – и македонските музичари полнат сали и привлекуваат публика.

Continue Reading

Забава

Колумбиски бенд ја испеа „Јовано, Јованке“ на македонски

Published

on

Колумбиски музички бенд приреди изненадување на својата публика изведувајќи ја македонската народна песна „Јовано, Јованке“ на македонски јазик. Со својот уникатен стил и емотивна интерпретација, успеаја да ја доближат македонската традиционална музика до поширока публика и да го истакнат нејзиниот универзален карактер.

https://www.facebook.com/share/v/1A51X825LB/?mibextid=0r8j9z

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк