Connect with us

Забава

Какво вирално ШОУ на кандидатот за градоначалник од ТМОРО (Фото)

Published

on

Освен со невообичаениот имиџ, Цветковски привлече внимние и со „вегета“ што ја носеше во студиото на ТВ 24 и ја истураше пред своите противкандидати

Гоце Цветковски, кандидат на ТМОРО за градоначалник на Охрид, приреди шоу вечерва на ТВ 24, каде што учествуваше на соочување со неговите противкандидати на претстојните избори, пратеникот Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот градоначалник Костадин Георгиевски од СДСМ.

Настапот на Цветковски мошне брзо стана вирален, а вниманието го привлече и неговата невообичаена гардероба. Тој дојде во студиото со маичка на која е аплицирано 16-кракото сонце и напис што упатува на новото уставно име на државата, додека како наметка носеше знаме со сонцето од Вергина.

Цветковски донесе и „вегета“,што ја истури пред своите противкандидати за, како што им рече, „да замезите со парите што ги лапате“.

Извор: 360 степени мк

Забава

Џони Деп доби главна улога во холивудски филм, а згодна актерка ќе му биде партнерка

Published

on

Џони Деп треба да се врати во Холивуд, добивајќи ја својата прва голема кастинг улога по правната битка со поранешната сопруга Амбер Херд.

„Холивуд репортер“ пренесува дека славниот актер е подготвен за својата прва голема холивудска продукција по неколку години, во трилерот „Day Drinker“. Тој ќе глуми мистериозен денски пијаница кој на крстарење запознава шанкерка, која ја игра Пенелопе Круз, а двајцата потоа се вплеткуваат во криминалното подземје.

Филмот ќе го режира Марк Веб. Деп и Круз на тој начин ќе се обединат, откако претходно глумеа во бројни филмови заедно.

Претседателот на Lionsgate Motion Picture Group, Адам Фогелсон, рече дека „’Day Drinker’ комбинира многу комерцијален концепт со неверојатни пресврти и свртувања, сите сместени во неверојатен свет, и нема подобар режисер од Марк или двајца посовршени актери од Џони и Пенелопе“.

Деп неодамна изјави дека „нема лоши чувства кон Холивуд“ и рече дека неговиот живот во последните години е претворен во „сапуница“.

Continue Reading

Забава

Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Скопје поради трагедијата во Нови Сад

Published

on

Познатата српска пејачка и миленичка на публиката Марија Шерифовиќ го откажа концертот во Скопје во знак на солидарност со семејствата на загинатите во Нови Сад.

– Толку сум уморна од снимање вакви пораки. Веќе не знам ни што да кажам, ме болат градите, се чувствувам ужасно. Нема доволно голем збор да изразам колку ми е жал за се што се случи во Нови Сад. Срцето ми е со секој член на семејствата на било кој што загинал, или се бори за живот или на кој било начин е загорзен од тоа, рече Марија во своето видео-обраќање на Инстаграм.

– Поради тоа што во мојата земја Србија е Ден на жалост, донесов одлука да не пеам во Скопје. Апелирам до моите фанови да ја разберат мојата одлука, важно е само да сме добро, да сме живи и здрави, секогаш ќе има пеење, порача Шерифовиќ видно тажна и потресена од трагедијата. 

Концертот е презакажан за 10.ноември на истата локација. 

Continue Reading

Забава

Каков срам: Теа Таировиќ испеа бугарска верзија на Македонско девојче

Published

on

Пејачката Теа Таировиќ неодамна приреди изведба во Бугарија, која предизвика реакции и бурни емоции во македонската јавност. Таировиќ ја испеала познатата македонска песна Македонско девојче, но, на изненадување и негодување на многумина, текстот бил изменет и наместо зборовите „македонско девојче,“ таа пеела „бугарско девојче.“

Оваа интерпретација го разочара македонското слушателство, бидејќи Македонско девојче не е само песна, туку и културен симбол кој ја истакнува убавината и уникатноста на македонскиот идентитет. Промената во текстот се доживува како неавтентична и како негирање на значењето кое оваа песна го има за македонскиот народ.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк