Connect with us

Балкан

(Видео) Масовни пpoтести во Словенија откако девојка починa од мозочен yдap две недели по вакцинирањето

Противниците на мерките против корона вирусот во Словенија се собраа во центарот на Љубљана трета среда по ред, а според извештаите на медиумите, полицијата употребила водени топови против демонстрантите.


Илјадници луѓе незадоволни од владиното управување со епидемијата се собраа пред зградата на парламентот во центарот на градот, пренесува Н1.

Протестот започна со едноминутно молчење во спомен на 20-годишна девојка која почина утрово во болница во Љубљана како последица од мозочен удар, две недели откако беше вакцинирана со Џoнсон и Џoнсон против Ковид-19.

На почетокот на собирот, на демонстрантите им се обрати и таткото на починатиот, пренесуваат словенечките медиуми.

„Мојата Катја беше вакцинирана за да ја добие својата слобода. Станува збор само за процентот на пациенти, но не беше процент, тоа беше мое дете“, рече тој и после тоа го напушти собирот.
Собрани на плоштадот во Љубљаана, се упатија кон претседателската палата, но полицијата ги спречи да се приближат до зградата.


Полицијата објави дека денешниот собир не бил пријавен, пренесува Танјуг.


Полицијата изјави дека имала неколку информативни разговори со учесниците, ги повикала да го почитуваат законот за јавни собири и ги предупредила дека просторот пред парламентот е под видео надзор.

Балкан

Аеродромот Сараево без раководство: Судски мерки и истечени мандати го парализираа управувањето

Меѓународниот Аеродром Сараево од утрово се соочува со целосен управувачки застој, откако Врховниот суд на Федерацијата БиХ му забрани на в.д. директорот Санин Рамезиќ да ја извршува функцијата, а на извршните директори им истекоа мандатите на полноќ, пренесува Истрага.

Ситуацијата дополнително се усложни бидејќи тројца од петте членови на Надзорниот одбор добија забрана за вршење должност, што значи дека ова тело нема кворум и не може да свика седница ниту да назначи ново в.д. раководство.

Вчера, по предлог на специјалниот истражен тим ПОСКОК, Судот изрече забрани за Рамезиќ и членовите на Надзорниот одбор Бенјамин Мешак, Аднан Махмутовиќ и Жан Матиќ. Истовремено, Владата на ФБиХ донесе одлука со која даде претходна согласност за продолжување на мандатите на Рамезиќ и извршните директори Амадео Мандиќ и Слободан Кадијевиќ.

Но, забраната за Рамезиќ веднаш ја блокираше можноста тој повторно да биде именуван, а без кворум, Надзорниот одбор не може ниту формално да донесе одлука за продолжување на мандатите.

Според истрагата на ПОСКОК, постои основано сомнение дека Рамезиќ и тројца членови на Надзорниот одбор ја злоупотребиле службената положба за да извршат измени во Статутот на претпријатието со цел да му овоможат на Рамезиќ да стане постојан директор.

Комбинацијата од судски мерки, административни забрани и истечени мандати го оставија Аеродромот Сараево без легитимно раководство, со неизвесност како и кога ќе биде надмината институционалната блокада.

Continue Reading

Балкан

Полицијата запре „порше“ што се движело со 233 километри на час

За време на акцијата за засилена сообраќајна контрола, српската полиција пресретна 26-годишен возач М.В., кој управувал „порше“ со 233,2 километри на час на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на Сурчин. На овој дел од патот максимално дозволената брзина изнесува 130 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека возачот е веднаш исклучен од сообраќај и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Од МВР додаваат дека во изминатите четири дена, откако започна акцијата, сообраќајната полиција контролирала околу 40.000 возила и открила повеќе од 22.500 прекршоци, од кои 33 се класифицирани како насилно возење. Акцијата ќе продолжи до недела, 7 декември.

Continue Reading

Балкан

Евзони денеска со блокади – внимателно планирајте го патувањето кон Грција

Граничниот премин Евзони денеска ќе биде затворен за сите видови сообраќај во два временски периода – од 10:00 до 14:00 часот и од 18:00 до 22:00 часот – поради протест, информира АМСМ. Во овој интервал нема да биде возможен ниту влез ниту излез од Грција.

Од АМСМ соопштуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива нормално, по делумно влажни коловози. Интензитетот на движење надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини се бележат умерени задржувања: на „Дојран“ времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути, додека на „Табановце“ задржувањата достигнуваат до 40 минути. На останатите премини од македонска страна нема подолги чекања.

Патниците се повикуваат да го приспособат времето на патување согласно блокадите и актуелните состојби на граничните премини.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг