Connect with us

Балкан

Д-р Радмило: Што да очекувате од народ кој оди 10 чекори назад кога мачка им го пресекува патот

Published

on

Заменик директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, проф. Д -р Радмило Јанковиќ веќе долго време предупредува на однесувањето на луѓето и свеста што ја имаат.

Тој посочува дека сме подложни на манипулации, и дека резултатот беше пополнување на Одделот за интензивна нега, на кое му останаа само два слободни кревети.

– За жал, само ако некој замине на другиот свет во текот на следните 24 часа, ќе имаме дополнителни места – вели професорот и посочи дека од ден на ден ситауцијата е полоша.

Тој ги предупреди граѓаните за опас ностите при одење на свадби и слични веселби. – Не правете работи за кои ви велам дека се апсолутно опа сни и ќе доведат до губење човечки животи.

Не мора да ви биде забрането да одите на големи прослави, на свадби со 500 луѓе, бидејќи неколку пациенти ќе завршат на интензивна нега овде од тие свадби и веселби. Бидете одговорни, ситуацијата е многу алармантна – рече д -р Јанковиќ.

Говорејќи за опасноста што ја носи новата учебна година, професорот вели дека секој нов собир и близок контакт е ри зичен и посочи дека студентите по медицина нема да можат да дојдат кај него на клиничка настава доколку не се вакцинираат.

Тој верува дека сега мерките како што се спречување за вирусот нема да придонесат многу за смирување на ситуацијата, и дека само некои ради кални потези како што е целосно затворање би можеле да придонесат за тоа.

– Во земја каде што имате голем дел од населението кое се враќа 10 чекори назад кога црна мачка ќе го пресече патот.

А потоа оди во црква вечерта без никакви проблеми, тоа е и очекувано – вели заменик -директорот на Универзитетскиот клинички центар во Ниш, проф. Д -р Радмило Јанковиќ.

– Одговорните луѓе ги предвидуваат работите и се организираат. Ние се организиравме, ние сме на работ на капацитетот.

– Бројките не се нималку наивни, мора да ја подигнеме свеста на едно поголемо ниво, и ако досега не разбравме дека со ова нема зафрканција незнам што повеќе.

Тој апелира да се избегнат собирањата и организирањето на прослави и тоа да се стави на непходност, а притоа истакна дека спас од ситуацијата би бил само потполен карантин.

Кластер мк

Балкан

(Видеo) Драма во Албанија: Гори 12-катница, 40 лица се заробени во становитe

Published

on

Пожар денеска избувна во Лушња, Албанија, а се сомневаат дека околу 40 лица се заробени во становите во 12-катница, јавува Балканвеб.

Градските пожарникари со поддршка на противпожарната служба во Тирана работат на гаснење на пламенот и евакуација на станарите од зградата.

Се сомнева дека пожарот најпрвин избувнал на третиот кат, кој служи како трговски центар, во објект во кој се продаваат чевли, а потоа се проширил на целиот центар.

Десетици луѓе се пренесени во болница за вдишување чад, а нема информации за жртви.

Continue Reading

Балкан

Драми на српска свадба- Невестата побегнала со „парите во плик“ со бившиот дечко

Published

on

Бошко Бубања, организаторот на веселби и свадби, раскажува за некои од најчудните настани што се случувале на свадбите. Од  бегство од сопствената свадба, до бизарната приказна за младата жена која побегнала со пликовите од свадбата.

„Уникатните подароци стануваат се поретки, а пликовите се почести, па се случува некои пликови да бидат празни и непотпишани. Кога станува збор за помали свадби со 200 гости, не е тешко да се одреди кој дошол со празен плик бидејќи има список на гости. Понекогаш младенците се сомневаат дека некој го подметнал од ресторанот, поточно, дека земал полн и ставил празен плик. Затоа користат безбедносни кеси што се ставаат во сефот на ресторанот. Откако ќе се затвори, не може да се отвори без кинење. Тоа е најдобрата форма на превенција“, рече Бубања и додаде дека празното плико обично не значи дека некој нема пари, туку дека „тој е арогантен и не сака да им донесе подарок на младенците. “.

На прашањето – колку пари треба да има во пликот кога се оди на свадба, Бубања вели дека наишол на бурни реакции кога кажал 100 евра пред една година.

Денес некои носат и повеќе. Сè поскапе, ручекот за двајца во ресторан е околу 3.000 динари. Луѓето остануваат на свадба осум часа, јадат и пијат. Сето тоа чини пари“, вели Бошко Бубања.

На крајот ги спомна необичните настани кои се случуваат на свадбите што ги организира.

„Претежно имаше убави настани и подароци. Некои подаруваа станови од 100.000 евра за свадбата. Од

лоши ситуации, на пример, пред година и пол, пред крајот на свадбата, невестата отиде во својата соба и ги собра сите коверти и исчезна со поранешното момче. Понекогаш гостите често носат инвентар од ресторанот со себе. Се крадат тањири, прибор за јадење, прибор за зачини. Има разни ситуации“, заклучува Бубања.

Continue Reading

Балкан

ФОТО: Албанско семејство уапсено во Солун СО ПОЛА ТОН КОКАИН

Published

on

Oбвинителството за наркотици при Солунската дивизија и ДЕА, разбија „семеен бизнис“ на 50-годишен Албанец, кој заедно со сопругата и двајца внуци се осомничени за шверц на дрога откако кај нив се пронајдени 580 килограми кокаин.

Партнер на семејството бил и маж кој е роден во Албанија, кој поседувал грчка лична карта, а полициски извори наведуваат дека никој од уапсените претходно не бил во фокусот на органите на прогонот. Огромното количество дрога е пронајдено во две возила и во куќа во која живееле тројца од членовите на криминалниот круг.

Против нив поединечно е поднесена списа за злосторничко организирање и за нелегална трговија со дрога, оштетување на странски имот и пружање отпор. Забележано е дека 50-годишниот Албанец е водач на групата, со главна улога во увозот на големи количества кокаин од земјите од Латинска Америка и нивно натамошно движење на грчка територија, но и во европските земји.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк