Connect with us

Uncategorized

Цукерберг загуби 6 милијарди долари за помалку од 6 часа и доби 3,5 милијарди пцовки

Published

on

Богатството на супербогатиот ко-основач на Фејсбук Марк Цукерберг се стопи за повеќе од шест милијарди долари за неколку часа по падот на цената на акциите на компанијата како резултат на критиките за нејзината политика, во комбинација со глобалниот колапс на пристапот до услугите.

Акциите на Фејсбук, една од водечките компании во Nasdaq индексот на високотехнолошките компании, паднаа за речиси пет проценти до 326,23 долари. Откако го достигна врвот во почетокот на септември, акциите загубија 15 проценти од својата вредност.

Социјалната мрежа е обвинета дека го става профитот пред безбедноста, откако внатрешна истрага откри дека нејзината платформа Инстаграм негативно влијаела на тинејџерките. Додадено на ова беше големиот прекин синоќа на пристапот до четири негови мрежи – Фејсбук, Инстаграм, Ватсап и Месинџер, кои обично ги посетуваат околу 3,5 милијарди луѓе ширум светот месечно

Како резултат на падот на акциите, 37-годишниот Марк Цукерберг загуби повеќе од шест милијарди долари за само неколку часа, што го намали неговото богатство на 121,6 милијарди, јави Блумберг. Неговите загуби од средината на септември до денес изнесуваат 15 милијарди долари.

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading

Uncategorized

Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес

Published

on

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.

Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк