Connect with us

Македонија

Демири: „Професори и магистри работат како келнери, а неписмените прават закони во министерствата!“

Published

on

„Изборните листи се исполнети со бројки на кандидатите, но треба тие листи да бидат отворени и да имаат напишано име и презиме на предложените кандидати, за да се знае кој се заокружува. Треба да се заокружат истакнатите кандидати со нивно име и презиме, а не бројките со партиските војници.“ – пишува Осман Демири, уметнички фотограф и директор на приватната уметничка галерија „Култ“ од Гостивар, во својата колумна под наслов „Луѓе сме, а не бројки!“, која ја објави весникот на албански јазик „Лајм“.

„Зошто треба да има бројки, зошто да не биде со име и презиме?! Зошто листите не се отворени, со име и презиме, туку треба преку бројките да ги протуркаме нанапред незнајковците, неписмените, политичките „пазарџии – измамници“?

„Низ листите имам многу пријатели и другари, докажани луѓе од сите партии и од сите националности, кои би сакал да ги заокружам без никакво колебање! Едниот од една партија, двајца или тројца од друга партија, да го пополнуваме политичкиот мозаик со истакнати луѓе, кои нас не не срамат и не не деградираат на овој начин!“

„Листите се исполнети со партиски војници, со смешни слогани, со патетични концепти и со просечни содржини. Ни ја набркаа младината, потценувајќи ја нејзината интелигенција. Професори, инженери и магистри работат како келнери, додека оние што едвај завршиле средно училиште со костуми и јаки изготвуваат закони и талкаат низ министерствата и управите.“


„И пак бројки: под 20 или 30 – докажани кандидати, но се истуркуваат нанапред бројките 2 или 3 – на неуспешни кандидати! Време е да не сметате како луѓе, НЕ КАКО БРОЈКИ!“ – пишува Осман Демири во својата колумна, објавена во „Лајм“.


Извор: https://lajmpress.org/jemi-njerez-jo-numra/

Македонија

Филков: Судскиот совет мора да биде ослободен од политички влијанија

Published

on

Министерот за правда, Игор Филков, денес ја отвори првата од серијата стручни дебати посветени на измените на Законот за Судскиот совет. Овие дебати се организираат во рамки на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, со цел создавање функционален и независен Судски совет, кој ќе работи исклучиво во служба на правдата.

„Судскиот совет мора да биде ослободен од политички влијанија и да функционира во интерес на правдата. Ова е од клучно значење за зајакнување на владеењето на правото во нашата земја,“ изјави Филков.

Работната група на Министерството за правда веќе подготви нацрт-измени, а јавноста, стручната фела, меѓународните организации и граѓанскиот сектор активно се вклучени во процесот на дебатирање. До крајот на годината, ќе се одржат уште три дебати, по што ќе следат конкретни предлози за законски измени.

Филков истакна дека транспарентноста и инклузивноста се клучни за креирање ефективен правосуден систем. „Ова е само почеток на нашиот реформски процес. Нашата цел е Судскиот совет да го вратиме на патот на вистинска независност и интегритет,“ додаде министерот.

Овие реформи се дел од пошироките напори на Владата за зајакнување на правната рамка и исполнување на европските стандарди за владеење на правото.

Continue Reading

Македонија

Важно предупредување од НЛБ Банка

Published

on

Почитувани клиенти,

Согласно предупредувањата на МВР, забележани се измами на наводни „финансиски советници“ кои на социјалните мрежи или преку телефонски јавувања нудат услуги за тргување со криптовалути, насочувајќи ги клиентите да инсталираат извесен софтвер и да прават трансфер на средства кон сметки кои измамникот ги посочува.

Ве потсетуваме:
-не инсталирајте непознат софтвер на уреди кои ги користите за пристап до електронско и мобилно банкарство

-не правете пренос на средства на сметки кои не ви се познати и за кои не знаете кому му припаѓаат

-никогаш не ги споделувајте податоците од вашата сметка, ниту вашите лични податоци, дури и ако лицето се претставува во име на Банката

Секој сомнеж пријавете го на 02/15 600.

Бидете исклучително внимателни и заштитете ги вашите лични податоци и финансиски средства.

Со почит,
Ваша НЛБ Банка

Continue Reading

Македонија

ДУИ сакале Пошта да ја претворат во Кабаре

Published

on

Претходното раководство на Пошта сакала од стариот објект кој изгоре во пожар да го претвори во кабаре.

Оваа информација денеска ја објави министерот за транспорт, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај на Државниот завод за ревизија.

Вели дека претходното раководство сакало тотално да го уништи претпријатието. 

-Сакам да споделам уште една информација којашто не е позната на јавноста. Знаете дека централниот објект на пошта, за жал, настрада во пожар. Јас заедно со министерот за култура, со поддршка од Европската делегација, формиравме работно тело кое интензивно работи тоа да стане мултимедијален музејски центар. Планот на претходното раководство било да го издаде за ресторан со кабаре.

Николоски побара од ДЗР, но и од ОЈО да го испитаат и работењето на Агенција на пошти, бидејќи според него, лиценци добивале доставувачи кои работат во подрум.

Ревизорскиот извештај вчера пристигнал во Републичкото обвинителство и е доделен на јавен обвинител. Тој, согласно наодите од извештајот, потоа предметот се очекува да му го додели на Обвинителството под чија надлежност евентуалните злоупотреби.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк