Не е еден, ДЕСЕТ СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО КОСОВО, пукано од зад грб

Десет Срби беа повредени, од кои двајца потешко, за време на конфликтот со специјалните единици на косовската полиција во Северна Митровица и Звечан, изјави директорот на болницата во Митровица Златан Елек.

На прес-конференцијата во Северна Митровица, Елек рече дека најтешко повредените лица се мажи, едниот погоден од тап предмет во градите, и дека другиот бил застрелан од зад грб

“Меѓу десетици повредени најкритично е Среќко Софронијевиќ (36) кој бил застрелан, човек за кого на хирушкото одделение во болницата во Митровица се борат за неговиот живот.
Со куршум е погоден од грб и прострелан во радите, куршумот што е заглавен во белите дробови е отстранет.

YouTube video player

“Кукавички му е пукано од зад грб, има повреда на правото на рамото, ребра а куршумот излегол од предниот дел на вратаот. Операцијата е успешна и сега е во стабилна состојба”, изјави доктор Елек.

“На луѓето одат и пукаат со автоматско оружје и под изговор за шверц на кока кола и фанта, а ги одземаат и лековите од аптеките додека нашите купени лекови ги одржат на граничен терминал и не дозволуваат да влезат и стасаат до болница “, рече тој.