Connect with us

Македонија

Тројца лица од Куманово сквернавеле гроб, едниот уапсен, другите двајца на викенд биле од затвор!

Published

on

Куманово, 13 октомври 2021 (МИА) – СВР Куманово ќе поднесе кривични пријави против три лица од Куманово, за кои постои сомневање дека сквернавеле гроб на градските гробишта, соопшти денеска полицијата.

Вчера во 17 часот полициски службеници од СВР Куманово го уапсиле триесетгодшниот Д.П.од Куманово. Тој заедно со уште две осудени лица кои биле пуштени на викенд, извршиле сквернавење на гроб во градските гробишта.

-По преземени мерки добиени по сознанија дека на 11 октомври годинава, заедно со Р. С. (30) и Б.Н. (32)  двајцата од Куманово, кои биле пуштени на викенд од казнено-поправна установа Идризово, извршиле сквернавење на гроб-информираше полицијата.

СВР Куманово ќе поднесе соодветни крвични пријави против инволвираните лица, по целосно докуметираење на случајот

Македонија

Нови 2.347 случаи на грип во државава, уште еден смртен случај

Published

on

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информираше дека од 3 до 9 март во државава се пријавени 2.347 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот, за 8,6 проценти помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со истиот период од минатата сезона е зголемен за 5,5 пати, а во споредба со бројот за истиот период од типичната епидемиска крива – моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 78,3 отсто. Пријавен бил уште еден смртен случај асоциран со грип.

„Се работи за лице на возраст од 82 години од Скопје, кое било хоспитализирано во КБ – Штип. Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Кај починатото лице, лабораториски е потврдена influenza А(H3)“, појаснуваат од Институтот.

Од новозаболените, во однос на возрасната дистрибуција, 1.454 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца се 516 на возраст од пет до 14 години. Над 65 години се 198 лица, а 179 се деца на возраст до четири години.

„Највисока инциденца (240,2/100.000) се регистрира кај децата на возраст од пет до 14 години, а кај децата до четири години, инциденцата изнесува 185,5/100.00. Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје – 931, Битола – 202, Куманово – 176, Струмица – 112, Тетово – 105, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто, појаснуваат“ од ИЈЗ.

Во пет извештајни единици била регистрирана многу ниска, во шест – сезонска, во 15 – средна, во една – висока, а во Дебар и Ресен – многу висока активност на вирусот на грип.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број на случаи на грип – заболувања слични на грип, изнесува 22.291, покажуваат податоците.

„Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 61,4 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 19,6 проценти“, додаваат од ИЈЗ.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани биле четири починати лица асоцирани со грипот.

Од ИЈЗ потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Заклучно со 10-та недела, во Македонија вакцинирани се вкупно 72.294 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

skopjeinfo.mk

Continue Reading

Македонија

Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери

Published

on

На 12.03.2025 во 06.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица. При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во село Ново Село, струмичко, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети со црна течност, две дигитални ваги, две дробилки и пари во различни апоени.

Истиот ден во 07.40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.К.(35) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Вчера, во ОВР Гевгелија, во присуство на родител, бранител и социјален работник, бил извршен службен разговор со 17 – годишник од гевгелиско село. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, два грендери и други предмети. Дополнително, во ОВР Гевгелија бил повикан и братот на малолетникот и со него, исто така, бил извршен службен разговор за потекло на пронајдените предмети.

На 12.03.2025 во 11.30 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово го лишиле од слобода В.З.(49) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени марихуана и семки од растението канабис.

Запознаени биле јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Струмица, Гевгелија и Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Continue Reading

Македонија

Полицијата со претреси низ Македонија, пронајдено и запленето оружје

Published

on

На 12.03.2025 во 08.00 часот, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Џ.Д.(71) од с.Делогожда, струшко. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Брно ЗХ 321“ калибар 16 милиметри, куршуми со калибар 8х57, ловечки патрони калибар 16 милиметри, други предмети и соодветна дозвола. При претрес во неговото возило „хјундаи“ со швајцарски национални ознаки, кое било паркирано во дворот, биле пронајдени и одземени ловечка пушка карабин 8х57 „Црвена Застава“, ловечки патрони калибар 16 милиметри и куршуми калибар 8х57, кои нелегално ги поседувал. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.03.2025 во 07.10 часот во с.Фалише, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го привеле П.В.(38) од с.Фалише. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена воздушна пушка „Црвена застава” калибар 4.5 мм М56, која ја поседувал без дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 80 од Закон за оружје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк