Connect with us

Uncategorized

ВИДЕО: Ја допирала косата, ја оближувала устата, и провоцирала со нозете – новинарка која го збуни ПУТИН

Остри критики доаѓаат на адресата на американската водителка Хедли Гембл по разговорот со рускиот претседател Владимир Путин. Од државните телевизии ја обвинуваат водителката дека претседателот за време на енергетскиот форум се обидела да го заведе и збуни со своите голи нозе и со допирањето на својата коса.

Руската државна телевизија е остра во критиките на сметка на американската водителка на “CNBC”, Хедли Гембл, која ја водела седницата на енергетскиот форум во Москва, на која учествувал и Владимир Путин.

“Па тоа, луѓе мои, беше скандал. Таа се обиде да го збуни нашиот претседател. Облекла црн тесен фустан, ја пуштила косата, облекла “Лобутинки” со пета од 12 центиметри и седнала покрај претседателот. Нозете ги намачкала со некакво светкаво масло. Не носела ни хулахопки”, рекол шокираниот водител на руската државна телевизија за Гембл.

Од телевизијата емитувале дури и исечоци од форумот за да покажат како водителката “го заведувала Путин”.

Рускиот новинар Владимир Соловјев на програмата на телевизијата “Rossiya-1” рекол дека водителката се обидувала да го извади Путин од такт и дека се прикажувала како сексуален објект.

“Изгледа дека темелно се подготвувала за средбата со рускиот претседател, како да оди на модна писта. Намалила неколку килограми, облекла црн, тесен фустан и ја пуштила косата”, рекол тој, и исто така ги истакнал нејзините чевли.

“Убава си и симпатична”

И Путин во разговорот со новинарката го коментирал нејзиниот изглед. На прашањето дали Европа може да верува дека Русија е доверлив енергетски партнер ако не испорачува гас преку гасовод, тој и одговорил: “Убава си и симпатична. Јас кажувам едно, а ти одговараш нешто друго, како воопшто да не слушаш што ти зборувам”.

За критиките на социјалните мрежи се огласила и самата Гембл. Објавила Инстаграм фотографија на која во рацете држи руски весник на кој има фотографија на која нејзините нозе се во прв план и напишала: “Ова е мојот најдобар агол”.

Дека руските критики ги смета за смешни покажала и со подарокот кој го добила од своите пријатели. Само за неа направиле торта со фотографија од Путин.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг