Д-р Пановски: Поради релаксирањето на мерките очекувам да има покачување до 1.000 нови случаи

Микробиологот Никола Пановски вели дека релаксирањето на мерките ќе предизвика раст на бројот на нови случаи.

Професорот во изјава за „Телма“ рече дека ако потоа се реагира со дополнителни мерки – тие ќе бидат задоцнети.

„Кај нас кафеаните и кафулињата и во вториот и во третиот бран беа местата каде народот природно се имунизираше. Меѓутоа, многумина од тие природно имунизирани не се меѓу нас или имаат теши последици. Според мене, мерките треба да се прават за да се спречи ширење. Треба да се вратиме на повторна кампања и за вакцина и за заштита. Луѓето заборавија да носат маски и навистина ова со рестораните и со свадбите во затворен простор, кафулиња… Очекувам да има покачување до 1.000 случаи, се надевам не повеќе“, рече Пановски.