Connect with us

Uncategorized

Дневен хороскоп за недела, 31 октомври 2021 година

ОВЕН

Работа: Може да очекувате дека ќе имате помали компликации на деловното поле кои ќе ги решите со помош на соработниците.

Љубов: Можно е да постои растојание помеѓу вас и личноста за која се грижите.

Здравје: Проблеми со ‘рбетот.

БИК

Работа: Ве очекува период во кој ќе имате променливи околности на деловното поле.

Љубов: Подготвени сте за некоја авантура, но не и за сериозна врска. Оваа фаза не е многу поволна за љубов.

Здравје: Можете да очекувате добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Можеби сте загрижени за вашите финансии. Обидете се да бидете креативни кога станува збор за работата.

Љубов: Сретнувате интересен додворувач кој ви покажува искрени чувства. Подготвени сте за сериозна врска

Здравје: Проблеми со мочниот меур.

РАК

Работа: Ве очекува фаза во која ќе имате помалку потешкотии на работа. Важно е да бидете одговорни и трпеливи.

Љубов: Партнерот се однесува поинаку со вас, што на некој начин предизвикува сомнеж кај вас.

Здравје: Грижете се за сува и чувствителна кожа.

ЛАВ

Работа: Можете да очекувате поволен ден. На полето на работа, сега вашата судбина е многу поволна.

Љубов: Можете да очекувате можност да создадете стабилна атмосфера со саканата личност. Бракот ви е добар.

Здравје: Немате проблеми.

ДЕВИЦА

Работа: Можно е денес да сте посветени на решавање на проблемите кои претходно сте ги имале. Добро ви оди, задоволни сте.

Љубов: Ви се допаѓа личност која ќе покаже дека е подготвена за сериозна врска со вас.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

ВАГА

Работа: Може да очекувате генерално добра состојба. Вашата деловна ситуација е стабилна и задоволни сте со тоа.

Љубов: Љубовната ситуација би можела да се искомплицира доколку сте во врска која не е јавна.

Здравје: Грижете се за дебелото црево.

ШКОРПИЈА

Работа: Пред вас е ден во кој ќе имате мали компликации. Важно е да бидете трпеливи и фокусирани на вашите приоритети.

Љубов: Ве очекува врска со личност која ќе покаже дека сака да планира брак.

Здравје: Проблеми со алергија.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Подготвени сте да се посветите на подрастични промени кои веќе некое време ги планирате.

Љубов:  Саканиот ги покажува своите маани, полека почнувате да сфаќате дека не е совршен како што очекувавте.

Здравје: Посети доктор.

ЈАРЕЦ

Работа: Иако се обидувате да ги решите проблемите, сега не можете. Ви претстои неповолен период за работа.

Љубов: Ве очекува нова љубовна врска која би можела да трае долгорочно во иднина.

Здравје: Немате здравствени проблеми.

ВОДОЛИЈА

Работа: Имате впечаток дека некои работи тргнале во неочекуван правец за вас и затоа сте многу збунети.

Љубов: Немате доволно доверба во партнерот. Проблемите со љубомората се повеќе ја оптоваруваат вашата врска.

Здравје: Внесувајте повеќе течности.

РИБИ

Работа: Не е добар ден за нови деловни одлуки. Обидете се да не брзате во ништо сега.

Љубов: Ви се допаѓа личност која на некој начин изгледа мистериозно. Подготвени сте поотворено да и ги покажете своите чувства.

Здравје: Проблеми со коленото.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг