(Видео) Стопирајте веднаш: Стевче Јакимовски ги фати на дело како на диво кoпaaт новоасфалтирана улица

Почитувани граѓани на Карпош, Сакам да ве информирам дека по пријава на граѓани за „диво“ копање на улицата Букурешка, утрово излегов на терен за лично да се запознаам со ситуацијата. Од одговорното лице на фирмата што го затекнав на лице место побарав дозвола за прекопување на улицата на што ми беше одговорено дека наводно имал одобрение од секторот за урбанизам, но не ми покажа документ.

Поради тоа наредив веднаш да прекинат активностите на улицата и да се направи записник.
По настанот веднаш ја повикав раководителката на секторот Наташа Ивановска која потврди дека фирмата немала дозвола за сечење на улицата.

Сакам да им порачам на граѓаните но и на фирмите кои извршуваат било какви активности на улиците во општина Карпош дека нема да дозволиме заобиколување и непочитување на законите и процедурите за работа.

Нема да дозволиме на „диво“ да се прекопуваат нови улици, а граѓаните да газат по кал и да ги оштетуваат возилата по раскопани сообраќајници заради лични интереси на поединци.
Во општината мора да се врати редот и почитувањето на законите и имам намера тоа да го сторам час поскоро, пишува на Фејсбук, новиот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски.