Заев не остана на зборот, не поднесе оставка, ќе се гласа ДОВЕРБА НА ВЛАДАТА

Во Собранието денеска не беше доставена оставката на Зоран Заев од премиерската функција, па затоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе барање за изгласување на доверба на Владата.

Пратеникот Александар Николовски во изјава за медиумите истакна дека иницијативата е поднесена од страна на 61 пратеник.

„Иницијативата е поддржана од ВМРО-ДМПНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија, коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, политичката партија Беса, и политичката партија Левица – вкупно 61 пратеник е потпишан“, додаде Николовски.

Инаку, во текот на вчерашниот ден претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски постави рок до денеска до 14:30 часот Заев да си поднесе оставка, во спротивно тие ќе поднесат интерпелација, Заев не остана доследен на зборовите пред точно осум дена кога кажа на прес конфренција дека ќе си даде оставка од премиер, истата не ја поднесе.

Мицкоски претходно објави дека заедно со Алијанса за Албанците, Алтернатива, Беса и Левица формирал ново парламентарно мнозинство.

Според Деловникот претседателот на Собранието треба во рок од три дена да ја закаже седницата на која ќе се гласа довербата на Владата, веројатно во четврток.