Connect with us

Uncategorized

Тој и побара, таа прифати: Елена Ристеска ќе снима дует со овoj познат српски актер

Македонската пејачка Елена Ристеска оддамна нема нова песна… Таа својата музичка кариера ја стави во втор план и сега потполно е посветена на својот нов бизнис откако ја лансираше своја козметичка линија „ERA Cosmetics“ односно парфемот со ова име, а од неодамна и гелот за туширање.

Но, со неодамнешнатото појавување на манифестацијата „Rumeli Best of festival“ во Турција, каде Елена ја доби наградата за најдобар претставник на македонската култура, пејачката како да го најавува својот камбек на музичката сцена.

Евидентно е дека и покрај успешниот козметички бизнис на Елена музиката и недостасува, па затоа веројатно наскоро јавноста може да очекува нешто ново од неа. Но дека нејзе и нејзиниот вокал не и недостасува само на домашната публика, туку и на оние што оддамна ја почуваствувале сцената, доказ е споделениот пост или поточно размената на постови помеѓу една голема српска ѕвезда и макдонската пејачка. До душа тој не пејач туку познат актер, кој патем одлично пее, па затоа и Милан Васиќ посака дует со Елена Ристеска.

Него го паметиме од познатите српски серии и филмови, но и од култната музичка претстава „Певај Брате“ во која со Милан Калиниќ и Андрија Милошевиќ десттина пати гостуваше и во Македонија.Содржината продолжува после огласот

Милан кој има потекло од Косово и Метохија (Косовска Каменица, 31 јануари 1979 г.) не само што е добар актер, туку и одличен пејач.

Тој тоа го докажал многу пати, дури и професионално покажувајќи го својот неспорен вокален потенцикјал и талент.

Тој пак овој пат со онлајн изведбата на „Калино моме“ напиша дека ги обожува македонските песни, па ја посака или поточно повика Елена да снимат дует.

Елена пак, на која дуетите со изведувачите од регионот не и се непознаница ( со Хари Мата Хари во 2017 година ја сними „Још ме плашиш“, а со српската пејачка Данијела Кариќ во 2019-тата песната со наслов „Срца се погреше“), веднаш реагираше и му одговори на актерот, со широко раширени раце прифаќајќи го предизвикот или поточно  поканата.

„Обавезно дует… Дојди ни во Македонија Миланееее“ – му порача Елена, а тој гордо потврди деке ете… „Договоривме и дует“!

Епа… „Пеј брате и ти Елено ќерко“… Дилемата е само македонско или српско, забавно или народно или можеби ќе бидеме сведоци на еден вид „мешана култура“?

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин /milanvasic_official/elenaristeska_era

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг