Connect with us

Македонија

Левица се повлече од барањето за гласање недоверба на Владата

Published

on

Партијата „Левица“ поднесува и повлекува потписи од иницијативата за изгласување недоверба на Владата. Нивната акција следува по отпорот на Скендер Реџепи. Иницијативата поднесена во понеделник ќе биде процесуирана како завршена и во четврток ќе се најде на дневен ред за гласање.

Заедно со пратениците на Левица се повлекоа и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. И ВМРО-ДПМНЕ смета дека за недоверба на Владата на Заев ќе гласаат повеќе од 61 пратеник.

Со повлекувањето на Апасиев паѓа најавата за нова иницијатива која може да го продолжи барањето за недоверба на Владата. Барањето за повлекување е архивирано, а се дознава дека на списокот нема пратеници Албанци кои се повлекле.

Македонија

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Published

on

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието.

Тој, како што пишува, од првата плата во 2025 година си купил 50 знамиња со сонцето од Кутлеш, кои планира да ги дели бесплатно..
Па така, доколку сакате вакво знаме, потребно да пишете коментар на неговата објава по што ќе бидете контактирани.

„Денеска ја исплативме декемвриската плата за вработените во ЈП “Македонски Шуми”. Од првата плата во 2025 година обезбедив 50 вакви знамиња кои ќе ги донирам. Првите оние 50 кои ќе ми пишат коментар на оваа објава дека сакаат знаме, ќе бидат исконтактирани и ќе добијат знаме по пошта пратено на домашна адреса. *Трошоците за испораката се мои. Од следната РЕДОВНО исплатена плата во месец февруари ќе донирам уште 50 нови. Со здравје да си ја трошите платата колеги од ЈП “Македонски Шуми”, а сите оние кои ќе добиете знамиња во здравје, среќа и благосостојба да ги веете!“, пишува тој.

4NEWS.mk

Continue Reading

Македонија

Паднаа продавачи на фалсификати: Полицијата ги “чисти” продавниците во Тетово

Published

on

Вчера во периодот од 13.30 до 14.00 часот во централното градско подрачје на Тетово, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во објекти за продажба на текстилна облека, сопственост на А.Д.(29) од с.Требош, тетовско, сопственост на М.М.(33) од Тетово и сопственост на М.Д.(25) од Тетово поради основи за сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓa фирма“ казниво по член 285 од Кривичниот законик. 

Притоа, од објектите била одземена разновидна облека со лого од познати светски брендови. 

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Македонија

ПОРАСТ НА ЗАРАЗНИТЕ БОЛЕСТИ Овчите сипаници, сифилисот и хепатитите земаат замав

Published

on

Институтот за јавно здравје предупредува за зголемената бројка на инфекции .Над 1.000 нови случаи варичела за еден месец.

Во текот на декември, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) регистрирал 1.623 случаи на акутни заразни заболувања, со што се забележува драстичен пораст од 92,8% во споредба со ноември. Најчесто пријавуваното заболување се овчите сипаници, со вкупно 1.025 случаи.

„Овие бројки се сериозен показател за состојбата со заразните заболувања во земјава. Порастот на овчите сипаници, како и зголемената бројка на сексуално и крвно преносливи инфекции, бараат засилени превентивни мерки“, велат податоците од Институтот за јавно здравје.

Останати податоци:

Сексуално и крвно преносливи инфекции: Забележани се 22 случаи, од кои 7 со сифилис, 6 со вирусен хепатит Б, 5 со вирусен хепатит Ц, и 4 со инфекција со хламидија.

Редки заболувања: Евидентирани се 4 случаи на голема кашлица и 2 на заразни заушки.

Заушки: Првиот случај е дете од Ресен, невакцинирано, а вториот е дете од Гевгелија со комплетна вакцинација.

ХИВ/СИДА: Во декември регистрирани се 2 нови случаи на ХИВ, додека еден случај на СИДА завршил со смрт.

Алармантен тренд

Од ИЈЗ велат дека во споредба со истиот период минатата година, бројот на пријавени случаи пораснал за 4,6%, а во однос на десетгодишниот просек, порастот изнесува 8%.

„Овој тренд укажува на потребата од редовна вакцинација и зголемена јавна свест за рано препознавање и превенција“, апелираат од Институтот.

Покрај значителниот пораст на заразни заболувања, во декември се евидентирани и 6 случаи на Ковид-19. Институтот продолжува да ги следи трендовите и да предлага мерки за спречување на ширењето на инфекциите.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк