„Кога САД ти прави акција во државата, а ти не знаеш, значи дека СИ НЕСПОСОБЕН“

Имаме интерпелација за влада, демократски чин, знаејќи дека имаме премиер во оставка кој сам ја најави и кога сите ја очекуваа да ја депонира, тој се премисли. Се работи за политичар кој не е прв пат да ги менува ставовите и да се пишмани што кажал. Тој многу работи кажал во минатото за кои се предомислил, вели за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, Шефик Дураку од Алијанса за Албанците.

Тој истакна дека ситуацијата во државата е драматична, има економска, здравствена криза, има и енергетска криза, а има и политичка криза како последица на политичката одлука на Заев кој најави оставка.

– Утре е денот кога ќе се одлучува дали ќе се продолжи со вакво владеење или ќе има промена на власта.  Заев пред три дена имаше состанок со коалиционите партнери, денеска пак имаше, тоа е доказ дека се во паника. Ова што се случува е обид за спас на политичката кариера на Заев, нагласи Дураку.