Connect with us

Македонија

Ратко решил да одгледува растение кое му носи и до 20.000 евра годишно (Фото)

Published

on

Многумина од вас веројатно не слушнале за селото Костин Дол кое се наоѓа во областа Осоговија, во североисточниот дел на Општина Македонска Каменица.

Селото има полјоделско-шумарска функција. Во рамките на селскиот атар преовладуваат шумите по што следуваат обработливото земјиште.

Кога ќе се спомне Македонска Каменица, односно Саса веднаш на асоцијација ви доаѓа еден од најголемите рудници во нашата држава, но овде сите не се рудар, а доказ за тоа е Ратко.

Токму на ова подрачје, селото Костин Дол, Ратко Захариевски од селото Саса во Македонска Каменица веќе три години произведува шафран, најскапиот и најбараниот зачин во светот.

Тој е единствениот кој го произведува ова „црвено злато“ во Македонија. Го прашавме како дошол до идејата да произведува шафран.

This image has an empty alt attribute; its file name is safrasafr.png

„Идејата дојде од децата, тие се во Швајцарија, виделе на интернет, изразија желба да земеме и да посадиме. Го набавивме од Холандија, со транспорт, превоз, со царини, сѐ што требаше, ги изоравме нивите, ги заградивме и почнавме да работиме. Работиме трета година и сме презадоволни од производот“, вели Ратко во изјава за Агротим.мк

Ратко одгледува шафран на 3,5 декари, а инвестицијата со транспорт и царина го чинела 6.000 евра за 30.000 луковици. Ратко вели дека шафранот не бара посебни услови за одгледување, успева на пониски места, единствен услов е во нивата да нема многу трева.

Вели дека околу производството на шафран нема мнгоу работа бидејќи тоа е култура која одлично се адаптира и на ниски температури и во период на високи температури и суша. Исто така не треба и ѓуб рење.

„Некаде отприлика за еден декар површина е потребно околу 10 илјади луковици, кои, бидејќи шафранот е триплодно растение, за наредните три години ќе станат сто илјади.

Веќе во четвртата година се постигнува родот, а после тоа следната година мора да се смени парцелата и на нејзино место да се засади друга култура, а луковиците да се пресадат на друга нива. Нивата се заорува и се израмнува како за садење пченка, а садењето се врши рачно“, објаснува Захариевски.

Шафранот го берат 25 дена секој ден. Го сушат, го складираат во тегли херметички затворени и така го транспортираат. Секоја година сѐ повеќе и повеќе се размножува. Четвртата година го вадат, го класираат и повторно го садат. Шафранот го садат на 15 август, а од 1 ноември почнуваат со берба.

„Го береме рачно и внимателно да не се ошт етат прашниците и цветовите, потоа ги ставаме во плетени кошници или дрвени гајби, кои го носиме дома, ги ставаме на маса и полека го истресуваме правот од прашниците.

Секој цвет шафран се состои од толчник и три прашници. Во текот на сезоната од секоја луковица растат од два до девет цветови, кои имаат сина или виолетова боја, а секој цвет пак е составен од 3 црвени толчници кои се долги околу триесетина милиметри.

За еден грам се потребни некаде околу 150 цветови, додека за еден килограм зачин шафран се потребни и до 200.000 цветови“, објаснува нашиот соговорник.

Интересно е што шафранот цвета многу краток период и тоа само три недели во текот на годината. Цената зависи од повеќе фактори. Ратко вели дека е задоволен и од квалитетот и од квантитетот, од 3,5 декари набрал 1 кг шафран, што е одлично затоа што ако се земе предвид дека цената на килограм од овој зачин изнесува од 18-20.000 евра тогаш заработката е одлична.

Кај шафранот всушност најважен е толчникот, кој откако ќе се собере се суши на температура од 50 степени, во сушилница за еден ден.

Шафранот има поинаков животен циклус од другите растенија, во пролет го снемува, а во септември, кога ќе се појават дождовите и тој се појавува.

Што се однесува до пласманот, Ратко вели дека може да го продаде единствено во странство а, како што ни кажа Ратко, едно четворочлено семејство може убаво да живее од одгледување на шафран.

Во иднина Ратко планира да го прошири производството, а ги поттикнува и сите заинтересирани да почнат да произведуваат шафран. Тој е на располагање да помогне, да ги подучи и да им покаже што треба.

„Сите што се заинтересирани нека погледнат, нека дојдат да видат и секој може да купи. Не мора да купи 3,5 декари и 1,5 декари да посади доволно е за првата година.“, вели Захариевски.

Целата сторија со видео прилог може да ја проследите на Агротим.мк

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк