е единственото место кое го нарекуваме дом и мора да сфатиме дека постапуаме погрешно“ – можеби звучи како заклучок од неодамнешната конференција за климатски промени COP26, но всушност ова се стиховите од песната која ќе ја претставува Македонија на Детскиот избор за песна на Евровизија 2021 во Париз.
Четворица тинејџери од актерската екипа на проектот „Дајте музика“ која е составена од речиси 40 талентирани деца, беа избрани од страна на Македонската радио телевизија да ја претставуваат нашата земја во Париз. Два водечки и два пратечки вокали ќе го кренат гласот за заштита на животната средина и со здружени сили под зеленото знаме, ќе пеат за злото кое ѝ е нанесено на планетата Земја со глобалното затоплување.
-Идејата за учество на Детската Евровизија 2021 дојде некаде во месец мај, кога се подготвувавме за снимање на третата сезона од едукативно-забавниот серијал „Дајте музика“. Добивме многу добра песна потпишана од Роберт Билбилов, кој е можеби еден од најталентираните музички продуценти кај нас и кога ја слушнавме, помисливме дека би било штета доколку истата остане само за серијалот. Што се однесува до темата, таа беше избрана од страна на децата. Потоа следеше соработката со еден од врвните македонски бизнис лидери со вродена љубов кон музиката, Робин Зимбаков, а сето тоа на крај резултираше со извонреден пакет кој достојно може да се носи со останатите 18 европски земји кои ќе настапат на годинешниов детски Евросонг! – рече Цаци Паковска, продуцент на „Дајте музика“.
Заштитата на животната средина е тема која е често споменувана во серијалот. Во 2019 година, песната „Има ли воздух“ изведена од Филип Поповски се искачи на врвот на топ листите на популарното македонско радио „Бубамара“. Актерската екипа имаше спектакуларен настап, борејќи се за водух, при доделувањето на освоената најпрестижната национална награда „Златна бубамара на популарноста за најпознато шоу во 2019 година“.
„Ние не можеме да ги решиме проблемите со загадувањето, но секој од нас МОЖЕ да направи огромна разлика! Потребни сме ѝ на нашата планета!“ – велат изведувачите Анастасија, Филип, Кики и Миха во нивниот блог за песната. Свесни дека не можат да ја поправат штетата што ѝ е нанесена на природата, целта на GREEN FORCES е да поттикнат што е можно повеќе деца, да го согледаат наследството и да почнат да се однесуваат одговoрно кон единственото место кое 7.9 милијарди луѓе нарекуваат дом.
„Дајте музика“ е партнерски проект на Македонската радио телевизија и Рифенштал продукција. Од октомври 2019 година, шоуто има повеќе од 32 милиони прегледи на својот You Tube канал.
Видео записот GREEN FORCES го изработи продукцијата Вертиго Вижуалс и истото премиерно беше претставено синоќа на првиот канал на македонскиот национален сервис и официјалниот You Tube канал на јуниорскиот Евросонг.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.