Connect with us

Здравје

Пановски: Нонсенс е држам онлајн настава на студенти кои навечер одат во ДИСКО

Published

on

ога ќе се наполнат болниците веќе е доцна за мерки, смета професорот Никола Пановски. Тој не се согласува со ставот на Комисијата за заразни болести која вчера не препорача ништо за да се ублажи ширењето на вирусот и покрај зголемениот број на заразени и хоспитализирани, особено што и понатаму во земјава имаме доста висока смртност.

-Кога имате висока смртност од неразјаснети сеуште причини, најефикасно е да спречите нови случаи, тоа е релативно лесна мерка која требаше да ја донесат вчера, бидејќи пикот кога ќе се достигне самата болест стивнува, да се носат маски треба во затворено. Мене како професор ми е непријатно што после една година држам он лајн часови, а во исто време работат ноќните клубови, каде истите деца ќе одат во клубови, а нема да посетуваат настава со физичко присуство, тоа е нон сенс, изјави за Сител професорот по микробиологија Никола Пановски.

Професорот Пановски е категоричен дека политичарите треба да бидат пример за носење маски во затворено иако се вакцинирани. Како новоизбран советник во Градот Скопје вели дека ќе направи се што може за да се иницираат мерки за заштита од Ковид на локално ниво посебно да се зголеми контролата во јавниот превоз како потенцијално жариште и да се вклучат повеќе автобуси барем во ударните термини.

-Се што може ќе препорачам, контролата мора да се зајакне особено во јавното сообраќајно претпријатие со редарски служби, камери…Дури и при самото одржување на седниците јавно ќе настапам ако се случува она што се случи за време на изборите со прославите и она што се случи во Ист Гејт, јавно ќе реагирам ќе викнам медиуми, категоричен е професорот Пановски.

Инаку речиси цела Европа и регионот ги засилуваат мерките по најавата за новиот 5 бран на Ковид. Некои држави меѓу кои Холандија и Словенија, и покрај високиот процент на вакцинација, регистрираат по 10 пати повеќе новозаразени дневно, а имаат сличен број починати како кај нас и ги враќаат мерките. Македонската комисија за заразни болести вчера одлучи да видат дали во европските држави рестрикциите ќе дадат резултат, па ќе препорачаат мерки.

Сител ТВ

Здравје

ЕДНА ИСПУШЕНА ЦИГАРА КРАТИ 20 МИНУТИ ОД ЖИВОТОТ Дали пушењето е поштетно за мажите или за жените?

Published

on

Најновото истражување заклучува дека пушачите не само што губат години од животот, туку и нивниот здравствен профил се влошува побрзо. Така, 60-годишен пушач има здравје на 70-годишен непушач.

Најновото истражување открива дека пушењето сериозно го скратува животниот век, при што секоја испушена цигара им го намалува животот на мажите за 17 минути, а на жените за дури 22 минути. Ова се значително повисоки бројки од претходните проценки кои сугерираа загуба од 11 минути по цигара, објави британски Гардијан.

Истражувачите од „Јуниверзити колеџ“ (University College) во Лондон објавија дека штетата е кумулативна – колку порано пушачот ја остави оваа навика, толку повеќе животни години ќе добие. Анализата покажува дека ако пушач, кој консумира 10 цигари дневно, се откаже на 1 јануари, до 8 јануари ќе спречи губење на цел ден од животот.

До средината на февруари животот може да се продолжи за цела недела, а до август – за еден месец.

Студијата, нарачана од британското Министерство за здравство, заклучува дека пушачите не само што губат години од животот, туку и нивниот здравствен профил се влошува побрзо. Така, 60-годишен пушач има здравје на 70-годишен непушач.

Експертите апелираат – откажувањето од пушење на која било возраст носи значителни здравствени придобивки. Колку побргу се прекине оваа штетна навика, толку подолг и поздрав живот можат да очекуваат пушачите.

Continue Reading

Здравје

ЗДРАВСТВЕНИ БЕНЕФИТИ ОД ТИКВАТА: ПРИРОДЕН ИЗВОР НА ВИТАМИНИ И АНТИОКСИДАНСИ

Published

on

Тиквата е многу здрава храна, богата со витамини А и Ц, антиоксиданси и влакна. Таа помага за подобро варење, го зајакнува имунитетот, го штити срцето и го подобрува здравјето на кожата. Поради ниската калоричност и високата содржина на хранливи материи, е одличен избор за здрава исхрана. Еве некои од најважните придобивки од тиквата:

pumpkins 457716 1280
  •     Богата со витамини: Тиквата е одличен извор на витамин А, кој е важен за здравјето на очите, кожата и имунолошкиот систем. Исто така содржи витамин Ц, кој помага во подобрување на имунитетот и брзо заздравување на рани.
  •     Ниска калоричност: Тиквата е нискокалорична храна со висока содржина на вода, што ја прави идеална за луѓе кои сакаат да одржуваат здрава тежина.
  •     Антиоксиданси: Тиквата содржи антиоксиданси како бета-каротен, кои помагаат во заштита на телото од слободни радикали и го намалуваат ризикот од хронични заболувања, вклучително срцеви болести и рак.
  •     Добар извор на влакна: Со високата содржина на влакна, тиквата придонесува за подобро варење, регулирање на нивото на шеќер во крвта и поддршка на здравјето на цревата.
  •     Подобрување на здравјето на срцето: Калиумот кој се наоѓа во тиквата е важен за одржување на здрав крвен притисок и заштита на срцевото здравје.
  •     Подобрување на кожата: Витаминот А и антиоксидансите од тиквата можат да помогнат во намалување на знаците на стареење и заштита на кожата од оштетување предизвикано од сонцето.
pumpkin 2519423 1280

Тиквата може да се користи во различни рецепти, како супи, пире, печива и десерти, и е многу флексибилна храна.

Continue Reading

Здравје

Ако сакате да се вратите во друштвото на непушачи, ова е бројот на кој од ДЕНЕС може да се јавите за помош

Published

on

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Од денеска се отвора телефонската линија на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за одвикнување од цигари.

Телефонската линија ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот на телефонскиот број 078 285 873.

Македонија е меѓу земјите во светот со најмногу активни пушачи. Според истражувања на Институтот за јавно здравје, бројот на активни пушачи кај нас изнесува 45.4 отсто, со многу низок процент на луѓе – пет проценти, кои успешно се обиделе и откажале од пушење во последните години.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк