Connect with us

Македонија

Ристовски: Во нашата соблекувална нема бел, црн, нема Албанец, Македонец, има еден дрес за кој играме

Published

on

„Македонија не е навикната да игра вакви натпревари, за настап на Европско, за бараж на Светско првенство, но мислам дека ги отворивме очите на фудбалскиот свет. Денеска Македонија е загушена од многу работи, и затоа ми е драго што го израдувавме народот. Во нашата соблекувална нема бел, црн, нема Албанец-Македонец, има еден дрес за кој играме и тоа го покажуваме“, вели Ристовски.

Македонскиот капитен, Стефан Ристовски вели дека репрезентацијата полека се навикнува да ги игра мечевите под притисок, откако со 3:1 го совладавме Исланд и така првпат во историјата се пласиравме на бараж за настап на едно Светско првенство.

Фото: ФФМ

Македонија

Непознати лица ја искршиле камерата на фризерницата на која се снимени цитроенот и кангуто со Палчо

Published

on

Денеска сопственичката на фризерницата која е на 10 метри од влезот на зградата каде живеела Вања и од која таткото и кумашинот Гоце Трајковски ги пронашле снимени цитроенот со кој била грабната Вања и кангуто со кое управувал обвинетиот Палчо, кога дошла во фризерницата приметила дека некој ја кшел камерата и веднаш пријавила во полициска станица.

Од снимките на камерата која е искршена се гледаат непознати лица кои кршат а времето е овој вторник во 22 часот и 38 минути.

Снимките од оваа камера се клучни да се разоткријат киднаперите кои ги убија малолетната Вања и велешанецот Панче кој е сопственик на цитроенот со кој девојчето врзано во вреќа во багажникот била пренесена до местото на злоччинот.

Првообвинет за овие убиства кои ја шокираа и згрозија јавноста е Љупчо Палевски ПалчО а обинети се уште тројца сите од партијата Десна

Continue Reading

Македонија

Хајредини: Албанците треба да ја поддржат одлуката на Македонците за идентитетските прашања

Published

on

Поранешниот министер за финансии и еден од најистакнатите политички аналитичари, Џевдет Хајредини, денеска излезе со јасен и недвосмислен став кој привлече големо внимание во јавноста – особено меѓу македонската заедница.

Во изјава објавена на социјалните мрежи, Хајредини порача дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и македонскиот јазик се во надлежност исклучиво на македонскиот народ, а дека Албанците во државата треба да ја поддржат волјата на Македонците кога станува збор за овие теми.

„Во врска со прашањата за идентитетот, историјата и македонскиот јазик – право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат“, напиша Хајредини.

Овој став беше поздравен од многумина како глас на разум и конструктивност, во време кога општеството е сѐ повеќе поларизирано околу националните прашања.

Continue Reading

Македонија

Детална временска прогноза за викендов: Ќе се изненадите какви температури ја очекуваат Македонија овој викенд!

Published

on

За време на овој празничен викенд, односно утре (Велика сабота 19 април) и во недела ( 20 април Велигден), под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Утре (19 април Велика сабота), особено во Повардарието ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

И во Скопје и околината за најголемиот Христијански празник Велигден времето ќе биде стабилно, суво, топло и претежно сончево. Утре (19 април Велика сабота) повремено ќе засилува ветерот од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат рано – летни и насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека на повеќе места тие ќе се искачат и до околу 25 степени, а во Повардарието тие очекувам да се искачат и до близу 30 степени. Во Скопје температурата очечувам да се искачи до околу 27 степени.

Уживајте во преубавото време за наголемиот Христијански празник Велигден, и нека е за многу години. И секако, искористете го максимално претежно сончевото време.

Метео Аларм – Славчо Попоски

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк