СКАНДАЛОЗНО: Радев со нова иредентистичка изјава – Македонците се Бугари!

Како што јавува МИА од Софија, Радев повторно, во период од 10 дена, изјави јасно и прецизно дека Македонците се Бугари и бара да прекине „систематската дебугаризација што се води со децении“. МНР се уште молчи.

Бујар Османи и МНР на Македонија ја премолчеа неодамнешната и денешната иредентистичка изјава на претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој и денес за време на дебатата со независниот кандидат поддржан од ГЕРБ-СДС Анастас Герџиков, на дебата на БНТ во пресрет на вториот изборен круг, ја повтори скандалозната и иредентистичка изјава , со која ги навреди Македонците ширум светот со изјавата дека треба „да запре кршењето на човековите права на Бугарите во земјата и систематската дебугаризација што се води со децении, како и уништувањето и фалисфикувањето на бугарското културно и историско наследство, и пред да се искорени говорот на омраза во учебниците и натписите на музеите и институциите, во државните медиуми и МАНУ“

Канал 5 ТВ во текот на утрешниот ден ќе побара став од Министерот Османи но и од Владата со цел да дознаеме дали конечно нашата земја ќе реагира на овој иредентистички говор на омраза, полн со невистини и спинови кои преставуваат класичен говор кој никако не може да се нарече добрососедски и пријателски, туку сосема спротивно.