Connect with us

Балкан

Женска УЛТИМЕЈТ ФАЈТ борба на улиците во Будва (ВИДЕО)

Published

on

На интернет кружи видео од брутална тепачка меѓу четири девојки, наводно во Будва.

На конфликтот на паркингот претходела кратка вербална дискусија.

Како што може да се види на видеото, едната од девојките притрчува до другата и и удира шлаканици, на што таа одговара со тупаници.

Само една од присутните девојки се обиде да ги раздвои, додека снимателот зад камерата на неговиот мобилен телефон извика „Па, ќе земам милиони на Јутјуб!“.

Балкан

Обилните дождови предизвикаа големи поплави во Босна и Херцеговина, во некои места прогласена вонредна состојба

Published

on

Во Босна и Херцеговина најтешката ситуација се бележи во подрачјето на Сански Мост, каде што е прогласена состојба на елементарна непогода.

Поради дождовите кои не престануваат, многу улици во Бања Лука се под вода, а поплавени се и тротоарите. Во градот се поплавени и бројни гаражи, а најкритична е ситуацијата во населбата Лазарево, каде што водата ги зафати куќите, а во некои делови на населбата има отсечени домаќинства.

Поради покачувањето на водостојот на реката Врбас, затворен е сообраќајот над Трнски мост во Лакташ.

Исто така, поради наглото покачување на водостојот на реката Сава и нејзините притоки, која се излеала во неколку населени места, во Градишка е прогласена вонредна состојба. Во некои училишта во Градишка денеска е откажана наставата.

По наглото надоаѓање на реките Велика и Мала Усора, граѓаните во Теслиќ се соочуваат со проблеми од поројни дождови, а наставата во училиштата таму е прекината.

Во Босанска Крупа, реката Крушница и неколку потоци се излеале, поплавувајќи земјоделски површини и помошни објекти.

Continue Reading

Балкан

Турската полиција го уапси и адвокатот на Имамоглу

Published

on

Турските власти го уапсиле Мехмет Пехливан, адвокат на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој е политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопшти Туран Таскин Озер, пратеник од главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП).

Пехливан, кој го застапуваше Имамоглу во последната истрага, беше уапсен на, како што тврди Озер, “измислена основа”. Подоцна, весникот „Хабертурк“ јави дека Пехливан е уапсен под обвинение за „перење пари стекнати преку криминални активности“.

Министерствата за внатрешни работи и за правда не одговорија на барањата за коментар.

Имамоглу, кој беше привремено отстранет од функцијата поради овој случај, повика на брзо ослободување на својот адвокат.

Опозицијата, организации за човекови права и западните земји тврдат дека случајот против Имамоглу има политички мотиви и е обид да се елиминира потенцијалната закана за Ердоган во изборниот процес.

Во меѓувреме, денеска беа уапсени двајца новинари кои извештуваа за антирежимски протести, додека турскиот суд претходно ослободи седум новинари кои беа притворени поради „учество во нелегален марш“.

Continue Reading

Балкан

Матоши се заканува: Во Р*М може да се случи голем судир околу нејзината насоченост! – Албанците се за евроатлантските вредности!

Published

on

„Во * Македонија може да се случи голем судир околу нејзината насоченост, ако не се изградат консензуални ставови во врска со тоа. Во земјата живеат повеќе од 30 отсто Албанци, кои се насочени кон евроатлантските вредности.“ – вели со заканувачки тон д-р Ружди Матоши од Тетово, предавач по економија во Универзитетот за бизнис и технологија во Приштина, Косово, во објавата на својот фејсбук-профил, која ја пренесуваинформативната агенција Илирија-ИНА, како и други медиуми на албански јазик во Република Македонија. Матоши е политичар, поранешен висок функционер во Нова демократија на Имер Селмани и во ДПА на Мендух Тачи, како и поранешен пратеник во Собранието на Македонија.

На општествената мрежа Матоши пишува: Хрватска, Албанија и Косово постигнаа меѓусебен договор за соработка меѓу трите држави во одбраната и безбедноста. Тоа беше поддржано од многу чинители, вклучително и од НАТО, но наиде на крајно спротивставување од Србија.

Каде се наоѓа * Македонија во овој поглед? Зошто нема интерес, или пристап за учество во ваков договор, особено што е и членка на НАТО?! Можеби ја обзедоа „Српскиот свет“ на Вулин и Вучиќ со руската салата? Неодамнешното присуство на Додик во * Македонија и владини претставници од земјата на фотографии со српски функционери како Додик ја докажуваат руската салата!

Во * Македонија живеат повеќе од 30 отсто Албанци, кои се насочени кон евроатлантските вредности. Ако не се изградат консензуални ставови во врска со насоченоста на земјата, тогаш може да се случи голем судир околу нејзината насоченост.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк