Д-р Даниловски апелира Македонија да го следи примерот на Израел и да ги затвори границите

И Македонија треба да преземе нови мерки поради новиот сој на коронавирусот, да ја ограничи работата на клубовите и кафеаните и да ги затвори границите на неколку недели за да се забави инвазијата на новата варијанта, вели епидемиологот Драган Даниловски во изјава за Канал 5.

Даниловски вели дека нема да можеме да го спречиме омикрон да влезе во Македонија, бидејќи премногу брзо се шири, но со мерките би добиле на време за да дознаеме повеќе за него.

Сега веќе повторно доаѓа предвид повторно строго да се инсистира на маски и на растојание во затворен простор… кафеаните и клубовите, ако се влоши епидемиолошката ситуација, доаѓа предвид и да се затворат, но мислам дека засега е доволно да се направат ограничувања на бројот на гостите, вели епидемиологот, според кого Македонија треба да го следи примерот на Израел.

Оваа земја ги запре воздушните линии и наложи карантин за своите државјани кои ќе влезат во Израел, а во следните две недели нема воопшто да пушта странци во земјата.

Павле Богоевски до сосптвеникт на „Беса Транс“ – Подобро да останеше во дупката и да не се јавуваше

Поранешниот пратеник Павле Богоевски, реагираше на социјалната мрежа Фејсбук, во врска со обраќањето на газдата на „Беса Транс“, пет дена по трагедијата.

Богоевски, во статусот му посочи: Пет дена по трагедијата, газдата на БЕСА Транс, Беким Хаџиу конечно излезе од дупка и преку ФБ изрази сочувство на семејствата на загинатите, а несреќата ја опиша како “тест на Алах”. Не, дечко. Ова беше тест на нашите инспекциски, управни, царински и гранични служби.

Сите тие паднаа на тестот, давајќи ти на тебе и сличните криминалци да печалите пари на сметка на безбедноста на патниците кои се дрзнуваш да ги наречеш “семејство”.

Подобро да останеше во дупката. Срамота, се вели во статусот на пратеникот Богоевски.

Инаку, Јавното обвинителство покрена истрага врз агенција „Беса Транс“, а еден од автобусите, изгоре во несреќа, а со себе повлече и 45 животи на македонски патници. Само 7 лица едвај спасија „жива глава“.

Ова се симптомите на новата МУТАЦИЈА, светот се затвора заради новиот сој

Д-р Анџелик Коици, првата докторка во Јужна Африка која ги предупреди властите за пациентите со новата варијанта на коронавирусот – омикрон, изјави за британски „Телеграф“ дека симптомите на новиот вид се необични, но благи.

Д-р Коици истакнала дека првпат забележала дека е можно да се појави нова варијанта кога во ноември во нејзината приватна ординација во Преторија почнале да доаѓаат пациенти со симптоми на ковид-19 кои на почетокот немале смисла, пишува британски „Телеграф“.

Меѓу нив имало млади луѓе од различно потекло и националност кои се пожалиле на чувство на интензивен замор, но и едно шестгодишно дете кое имало многу забрзан пулс. Сепак, ниту еден од нив немал губење на сетилот за вкус или мирис.

„Нивните симптоми беа толку различни и поблаги од оние што порано сум ги лекувала“, рекла д-р Коици, општ лекар со 33-годишно искуство.

Кога на 18 ноември четворица членови од едно семејство биле позитивни на тестот за ковид-19, а од симптомите имале само целосна исцрпеност од симптомите, таа го информирала советодавниот комитет за вакцини за исходот.

Д-р Коици истакнала дека околу две десетини од нејзините пациенти се позитивни на коронавирусот со симптомите на новата варијанта. Главно, тоа биле здрави мажи кои кај неа доаѓале жалејќи се на „неопислив замор“. Таа додала и дека приближно половина од нив биле невакцинирани.

– Имавме еден многу интересен случај, дете на околу шест години, со температура и многу висок пулс. Прашав дали треба да го хоспитализирам. Но, кога го испратив случајот два дена подоцна, беше многу подобро – раскажала докторката.

Д-р Коици нагласила дека сите нејзини пациенти сега се здрави, но е загрижена дека варијантата омикрон би можела лошо да влијае на постарите луѓе, со придружни болести, како што се дијабетесот или срцевите заболувања.

„Она за што сега мора да се грижиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе ќе се заразат со новата варијанта, ќе видиме многу луѓе со тешка форма на болеста“, рекла таа.

Варијантата B.1.1.529, наречена омикрон, првпат беше идентификувана во Боцвана на 11 ноември, а досега е откриена во Јужна Африка, Велика Британија, Израел, Холандија, Белгија и Хонг Конг. Тоа е најмутираната форма на ковид-19 досега откриена, со 32 мутации во спајк протеинот (шилецот), а научниците се загрижени дека мутациите би можеле да овозможат да ги избегне постоечките вакцини (односно тие да бидат помалку делотворни) и брзо да се шири..

Судејќи според она што го рекла д-р Коици од Јужна Африка, првиот и основен симптом е огромен, неопислив замор, а потоа појава на температура и забрзан пулс.

Поради омикрон многу земји од петокот воведоа нови рестрикции за патување, а фармацевтските компании се во трка за да утврдат дали новите вакцини против ковид-19 се ефикасни. Научниците велат дека ќе трeба неколку недели за да се дефинира типот на болеста што ја предизвикува новиот сој, да се утврди колку е заразен и колку е проширен.

Некои забележуваат дека и други варијанти, како бета, прво беа откриени во Јужна Африка, но со време ги замени делта. Делта сојот останува доминантен во светот, но уште не се знае дали омикрон ќе може да надвладее.

Но најголемото прашање останува дали ќе издржи заштитата на вакцините – скоро 8 милијарди дози се примени во цел свет. И дали оние кои прележале ковид ќе бидат имуни од зараза со омикрон? Експертите не знаат и дали омикрон ќе предизвика потешка или полесна форма на болеста од другите соеви. Но, научниците немаат дилема дека вакцинацијата треба да остане приоритет, оти сепак ќе дава заштита до извесен степен. Исто така, секој треба и понатаму да носи маска, да избегнува гужви, да ги проветрува просториите и да мие раце.

Светската здравствена организација (СЗО) официјално го именуваше новиот сој омикрон, и соопшти дека има многу мутации, а првичните сознанија сугерираат зголемен ризик од реинфекција. Првичните студии покажуваат дека степенот на репродукција на омикрон е 2 – што значи дека секој заразен ќе го пренесе на уште двајца. Но омикрон има над 30 мутации во делот на вирусот кој што го напаѓаат постоечките вакцини. Експерименталните антивирусни таблети, како паксловид на „Фајзер“ и молнупиравир на „Мерк“, ги напаѓаат деловите на вирусот кој не е сменет со омикрон, така што овие таблети може да станат уште поважни ако има закана за имунитетот стекнат од вакцините.

Оваа фотографија предизвика многу коментари, вистината е слатка

На социјалните мрежи се појави фотографија на две дечиња кои седат на трибините на меч во Германија и пијат нешто што наликува на пиво, а тоа предизвика многу коментари од германската јавност.

Додека корисниците се расправаа како е возможно децата да пијат пиво затоа што се малолетни, конечно пристигна одговор за пијалокот во чашите.

Тоа било сок од јаболка.

Залудно се налутија возрасните мислејќи дека деца пијат пиво. Тие само слатко си уживаат во сокчето гледајќи фудбал.

Oдлична вecт за Македонците во Германија – Ќе се дозволи ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО

Програмата на новата коалициска влада во Германија предвидува промена на Законот за државјанства, со што двојното државјанство ќе биде дозволено за државјани кои не се членки на ЕУ – објави iamexpat.de.

Со оваа измена на граѓаните кои доаѓаат од земји што не се членки на Европската Унија за прв пат ќе им биде дозволено да се одлучат за двојно државјанство.

Ова е одлична вест за голем број македонски гастарбајтери, кои во моментите кога ќе стекнат услови за германско државјанство мораа да се откажат од македонското.

Покрај Македонците, измената на Законот ќе биде од корист и за припадниците на турската заедница, која брои неколку милиони во Германија.

Дива свиња УБИ ЛОВЏИЈА во Неготино

Жител на село Долни Дисан починал денеска од повреди од дива свиња кон која пукал, а не ја погодил, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

– Во СВР Велес е пријавено дека околу 8 часот во близина на селото Вешје-Неготино, при лов на дива свиња, Т. Т. (1971) од село Долни Дисан, испукал еден куршум кон дива свиња, но не успеал да ја погоди, пo што таа го нападнала нанесувајќи му повреди, по што тој починал на лице место,  појаснуваат од МВР.

Кога сцена од филм ќе стане реалност❤️Ана Стојанова кажа ДА (Фото)

Кога сцена од филм ќе стане реалност.❤️
Се спрема комплетно нов, ОГРОМЕН проект за членовите на Армијата за новата 2022 година. Изминатиот викенд се снимаше цели два дена и цела ноќ ама мене оваа сцена не ми беше планирана!😄🥺❤️❤️
Кирил е се што не сум можела ни да замислам, а сум сакала да ми се случи!!🙏🏻😭😘❤️
Оние кои што ме следат поодамна знаат дека јас никогаш немаше да стигнам до тука ако не беше неговото искуство, знаење и поддршка во работата.
Од првиот ден кога се појавив на оваа платформа знам дека го имам најголемиот грб на Македонија зад мене да ме чува🤣, а од истиот тој човек ја црпам целата моја енергија, љубов и сила за да ви ја дадам вас.❤️
Знае дека работата ми е се на светот. Созреав со овој Инстаграм и со вас! Затоа сум уште посреќна што нашиот најинтимен момент го споделивме со најмилите луѓе и пред девојките од Армијата кои ќе бидат дел од новиот видео спот за Армијата🙊!!🪖
Жал ми е што сеуште не можам да откријам за што станува збор, но наскоро ќе дознаете сите!❤️
Армијо, станавме официјално и ФАМИЛИЈА!!!
Сакањее најголемо на целиот свет!!!! – напиша познатата инфлуенсерка Ана Стојанова на Инстаграм.

Една биоразградлива ќе чини 15 денари: Од ПРВИ ДЕКЕМВРИ СЕ ЗАБРАНУВААТ пластичните ќеси

Од 1-ви декември (среда) се забранува употребата на пластични ќеси во Македонија. Со тоа веќе нема да се произведуваат пластичните кеси, а биоразградливите ќе се наплаќаат по 15 денари.

Со ова треба да се дестимулира купувањето на ваквите производи кои ја загадуваат околината.

За средствата од продадените пластични кеси, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, а надоместоците ќе треба да ги уплаќаат на посебна сметка на органот за животна средина.

Милиони од Телеком за осудениот преговарач што не отиде в затвор – Зошто за Бучковски Заев е најдобар лидер

Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини со коментар на оценката на екс премиерот Бучковски за премиерот Заев.

“Бучковски: Заев е најдобриот претседател на СДСМ.
П.С.
Само со Заев е можно со правосилна пресуда да бидеш осуден и не само да не лежив во затвор, туку да бидеш и специјален претставник на Владата.
И, заедно со тие од ДУИ, од ТЕЛЕКОМ да земеш по 2,5 милиони долари мито и никој да не те гони”, објави Хајредини за Бучковски.

Бучковски беше правосилно осудено лице за набавка на тенковски делови а во САД се водеше судски процес за монополска улога на Македонски телеком добиена во времето кога на власт беше СДСМ и ДУИ меѓу 2005 и 2006 година кога тој беше премиер при што се спомнуваше корупција вредна повеќе милиони евра.

Бучковски и покрај правосилната одлука никогаш не отиде во затвор за набавка на тенковски делови кои никогаш не беа употребени.

Бекута со објавата за Мрка ги pacплака сите

Ана Бекута се огласи на социјалните мрежи со емотивна фотографија и стих од своја песна, по повод смртта на долгогодишниот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка.

Српскиот политичар и претседател на СПС и народен пратеник Мркоњиќ(79) почина во Белград на Институтот за кардиоваскуларни болести Дедиње, а сега пејачката предизвика солзи во очите на сите.

Имено таа објави фотографија на која сега покојниот партнер ја гушка, па напишала стихови од своја песна:

Секој ден од нашата љубов се два дена сеќавање.