Вториот повеќедневен пост, чијашто цел е да нѐ подготви за достоен пречек на Христовото Раѓање, е Божикниот пост. Тој ни го претставува Стариот Завет и нѐ потсетува на старозаветните патријарси и праведници, кои во пост и молитва го очекуваа доаѓањето на Спасителот.
Бидејќи Црковниот устав го смета Раѓањето Христово за втора Пасха, и Божик, исто како и Воскресение, има пред себе пост од четириесет дена и се нарекува четириесетница, но „мала четириесетница“. Според должината и значењето на празникот за кој се подготвуваме, Божикниот пост е прв после Воскресенскиот, но според строгоста во однос на храната тој се споредува со апостолскиот пост.
Историјата на овој пост е недоволно јасна, односно сведоштвата дека тој започнал да се практикува уште од древноста се многу ретки. Постои основано мислење дека тој започнал да се практикува уште од V век. Така на пр. според едно сведоштво трите четириесетници се развиле најдоцна до VII век, односно Божикниот пост се практикувал во Антиохија уште во почетокот на VI век и почнувал на 1 декември, а додека, пак во Ерусалим (VI век) тој изнесувал 40 дена. Михаил Скабаланович вели дека првите сведоштва за овој пост ги имаме во Коптскиот календар од VIII век. Од IX век веќе можеме полесно да ја следиме историјата на постот, а тоа се гледа од каноните на Цариградскиот Патријарх Никифор, од Ипотипосисот и Дијатипосисот од IX век, каде што постојат упатства во однос на храната во четириесетницата, како и од одредбите на Цариградскиот Собор за време на Лука Хрисоверг и царот Мануил Комнен (XII век), кои зборуваат дека постот започнува на 15 ноември итн.
Во богослужбените особености на постот спаѓа и спомнувањето на старозаветните пророци, праотци и праведници, особено на пророкот Даниил, кој толку точно го прорече времето на Раѓањето Христово, како и на неговите тројца другари, кои во огнената печка беа праобраз на овој настан.
Особености на Божикниот пост
Страдална
Умиление
Типикот пропишува на 24 декември (6 јануари н.с.) строг пост, односно постои одредба да се прави таканаречен „сочелник“ (каша од сушени зрна) или коливо. Сето ова има длабоко значење. Имено, коливото се благословува заради спомен на мачениците и светиите, како и во деновите за спомен на упокоените. Во овој случај правењето коливо значи дека пред Раѓањето Христово ние се сеќаваме на Божествениот Младенец, Кој се раѓа за да претрпи страдања и смрт заради искупување на нашите гревови, се раѓа за да умре и Воскресне. Точката во која се сретнуваат овие два спомени, раѓањето и воскресението, е неделата. Затоа, доколку Божик се падне во недела, тогаш на утрената се пеат ирмосите на Велика Сабота: „Волноју морскоју“. Оваа на прв поглед необична мисла, уште во раѓањето и раното детство да се укажува на страдања и распетие, најпрекрасно е изразена во Богородичната иконографија, особено во иконите „Страдална“ и „Умиление“. На првата икона ангелите Му Ги покажуваат оружјата на страдањето на Христос Младенецот, а на другата е Богородица Која Го држи Младенецот Христос, прикажана со натажен изглед заради сеќавањето на смртта на нејзиниот Син. Таа Го привлекува кон себе, а Спасителот како Дете ја чувствува болката и тагата на Неговата Мајка, и ја прегрнува и со љубов ја гледа во очите. Најпосле раѓањето беше заради смртта и воскресението.
Затоа, овој пост е идеална прилика да го направиме првиот чекор. Прегрнувајќи го подвигот на љубовта и молитвата, тоа оружје кое го преобразува нашиот внатрешен човек, да се помириме со Бога и едни со други за да ја привлечеме Божјата благодат во нас. Така ќе располагаме со огромна духовна сила, која ни е многу потребна, доколку сакаме да ги извршуваме добрите дела. Тогаш нашето срце ќе стане благопријатно место за во себе да ги прими мудреците, пастирите, Божјата Мајка – ќе се претвори во место на раѓањето на Христа Младенецот.
Св. Симеон Солунски вели: „Божикниот пост символично го претставува Мојсеевиот пост, кој постејќи 40 дена и 40 ноќи, го прими словото Божјо испишано на камените таблици, а ние постејќи 40 дена, Го примаме Словото на Бога Живиот од Дева, не на камен напишано, туку овоплотено и родено“.
Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа
Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.
За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.
Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.
Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација
Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.
„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.
Апликацијата нуди:
Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.
Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.
Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.
ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи
Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.
Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.
Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.
Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.