Connect with us

Македонија

Три стана, пасат, денарски и девизни депозити – каков имот поседува новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски

Published

on

Три стана, пасат и поло, побарувања, девизни и денарски депозити, акции и удели, ова е накусо имотната состојба на новиот лидер на СДСМ, и иден мандатар, односно кандидат за премиер на земјава, Димитар Ковачевски.

Сето ова може да се види од неговиот анкетен лист, кој тој го пополнил, а е објавен на веб страницата на Антикорупциската комисија.

Овој анкетен лист тој го пополнил како заменик министер за финансии, односно сегашната функција што ја извршува.

Од анкетниот лист се гледа дека Ковачевски поседува прво како личен имот стан со паркинг место од 5.641.074 денари или близу 92 илјади евра. Овој прв стан има 83 метри квадратни и е лоциран во Скопје, а стекнат е со договор за купопродажба во 2018 година.

Исто така како личен имот Ковачевски поседува уште еден стан со паркинг простор во вредност од 3.666.985 денари или близу 60 илјади евра. Тој има 70 метри квадратни, а во анкетниот лист за него е наведено дека е стекнат на друг начин.

Третиот стан со паркинг простор исто така е пријавен како личен имот во неговиот анкетен лист, и чини 5.924.100 денари или 96 илјади евра. Тој стан исто така се наоѓа во Скопје, има 94 метри квадратни и се наоѓа во Скопје, а е стекнат со договор за купопродажба.

Како имот на брачен другар Ковачевски пријавил моторно возило Волсваген пасат од 1,02 милиони денари или 16,6 илјади евра, стекнат со договор за купопродажба, а како негов личен имот е пријавено возило поло од 372 илјади денари.

Ковачевски како имот на брачен другар има и удели од 62 илјади денари, а како негов личебн имот поседува акции од 46.600 денари.

Како личен имот има пријавено и неисплатена дивиденда за лани од 3,5 милиони денари, побарувања по основ на договор, како и неколку побарувања по основ на даден заем.

Како личен имот, имот на брачен другар или имот на деца поседува денарски депозит од 3,8 милиони денари, денарски депозит од 2,6 милиони денари, денарски депозит од 1,5 милиони денари, 1,46 милиони денари, денарски депозит од 1,47 милиони денари, девизен депозит од 24 илјади евра, девизен депозит од 26 илјади евра, како и неколку други поситни девизни депозити.

Има и сеф, трансакциска сметка и кредитна картичка.

Извор на текст:ФАКТОР

Македонија

Тројцата лекари од Брзата помош од Софија, Бугарија кои ги превземаа првите повредени од трагедијата во Кочани се Македонци

Published

on

Тројцата лекари од Брзата помош од Софија, Бугарија кои ги превземаа првите повредени од трагедијата во Кочани се Македонци, објави Радио Валандово на својата фејсбук страна.

Како што пренесе бугарската БТВ во емисијата посветена на трагедијата во Македонија, тројцата лекари се од Македонија.

Д-р Марија Кушевска е од Кочани, Д-р Татјана Ачова од Штип, а Д-р Костадинов од Пробиштип.

Д-р Марија Кушевска е меѓу медицинските лица од итната помош кои заминува во спасувачка мисија. Родена е и израсната во Кочани. Во трагедијата изгубила роднини и пријатели.

Додека превземала пациенти за транспорт таа отпосле дознава дека нејзиниот пациент е пријател на нејзиниот брат, а додека патувале со брзата помош за Софија во авионот на пат за Бугарија бил и нејзин прв братучед.

Во тимот на лекари кои патуваа во родната Македонија за да спасат настрадани од големиот пожар во Кочани беше и нашиот валадовчанец Д-р.Даниел Кировски, пишува Радио Валандово.

Continue Reading

Македонија

Уште шест млади кои биле во клубот во Кочани од вчера хоспитализирани на Токсикологија

Published

on

Уште шест млади лица кои во саботата биле во клубот во Кочани вчера се хоспитализирани на Токсикологија. Неколку дена по трагедијата почувствувале отежнато дишење и болки во градите од вдишаниот чад.

Министерот за здравство информираше дека нивната состојба е стабилна, но викендот ќе останат под лекарски надзор на Клиниката. Со последните приеми бројката на повредени во големата трагедија надмина 200, а 59 загинаа.

„Ова е победа која ја заслужија – фудбалерите, стручниот штаб и нашите навивачи, кои уште еднаш покажаа дека се најдобрите на светот. Благодарност до сите. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со семејствата на настраданите во големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе“, вели Омерагиќ, цитиран од ФФМ.

Тој најави дека приходот од влезниците за нашиот следен натпревар против Велс ќе биде дониран за повредените и семејствата на загинатите.

„Ова е време кога фудбалот покажува дека е повеќе од игра – фудбалот и репрезентацијата обединуваат и помагаат. Да продолжиме заедно, со срце и со верба за Македонија. Се гледаме во вторник на Националната арена“, додаде Омерагиќ.

Continue Reading

Македонија

Херојот Јован Костадинов за неколку дена ќе биде пуштен од болница: Она што го видел не може да се опише со зборови, па ќе му треба време додека да може да зборува за целата трагедија

Published

on

Деветнаесетгодишниот херој Јован Костадинов од Виница кој без размислување неколку пати влегол во големиот пожар во Кочани и успеал да спаси повеќе од 20 деца, за 24Инфо вели дека е во добра здравствена состојба. Се уште се наоѓа на скопските клиники, но очекува за неколку дена да биде пуштен на домашно лекување.

Вели она што го видел не може да се опише со зборови, па ќе му треба време додека да може да зборува за целата трагедија.

Ги гледаш другарите и другарките како умираат во раце, а не можеш ништо да направиш, ги вадиш само од чадот…

Според очевидците тој за среќа брзо размислувал и откако претходно ја натопил маицата со вода, ја ставил на лицето да се заштити од огнот и тргнал во херојскиот подвиг.

Граѓаните веќе бараат тој и да биде одликуван од државава за својот херојски чин!

Извор: 24инфо

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк