Connect with us

Македонија

Кавадарчанец објавил видео на Фејсбук како има полов однос со МАГАРЕ , судот го казнил со 400 ЕВРА

Published

on

Жител на едно кавадаречко село е осуден затоа што со негов пријател на социјалните мрежи објавиле како тој има секс со магаре, дознава СДК. Тој за ова е осуден на парична казна од 400 евра за кривичното дело „Задоволување на полови страсти пред друг“. Обвинетиот маж не се жалел и пресудата е правосилна.

Настанот се случил на 5 март годинава, во близина на фудбалско игралиште на селото каде тој живеел.

Обвинетиот маж вршел полово дејствие заради задоволување на своите полови страсти врз домашно животно – магаре, пред друго лице, кое со мобилен телефон го снимал половото дејствие и потоа снимката ја препраќал на други лица и јавно ја објавил на „Фејсбук“, пишува во обвинението.

Судијата во образложението за пресудата, констатирал дека кривичното дело се состои во вршење полово дејствие, пред друг на јавно место, со што е прекршен половиот морал и правилниот развиток на децата. По ова во Основен суд Кавадарци, изречена е парична казна од 40 дневни глоби во вредност од по 10 евра, или вкупно 400, во денарска против вредност.

Македонија

УЧЕНИК ОД МИРАВЦИ САМ СИ ЈА СКРАТИЛ КОСАТА Фризурата не им се допаѓала на класната и на директорката

Published

on

На 1 септември ученикот отишол со опавче на училиште, а истиот ден директорката усно наредила на класната да го отстрани опавчето на детето и следниот ден детото да дојде со „средена“ фризура. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација, пренесува СДК.мк.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила дискриминација во Миравци, откако  ученик од основното училиште „Свети Климент Охридски“ сам си ја исекол косата плачејќи поради тоа што фризурата не им се допаднале на класната, педагогот и на директорката, пренесува СДК.мк.

Мајката на момчето за случајот ја известила Комисијата на почетокот на септември. Таа рекла дека претходно од училиштето добила порака дека нејзиниот син требало да дојде „среден“ во косата и навела дека тој немал долга коса.

На 1. септември таа го испратила синот со опавче, а истиот ден директорката на училиштете усно наредила на класната да го отстрани опавчето на детето и следниот ден детото да дојде со „средена“ фризура.

Детето не кажувајќи дома, а по разговор со мајката и со класната, плачејќи земало ножички и само си ја скротило косата над очите. Следниот ден ученикот заминал да ја поправи косата на фризер. Мајката вознемирана побарала разговор со директорката, која ја информирала дека училиштето имало кодекс на облекување.

Мајката била предупредена и од педагогот дека ако не ја средело фризурата, нејзино дете ќе добие укор што е мерка пред бркање од училиште, по што случајот го пријавила и пред Народниот правобранител.

Continue Reading

Македонија

Хајредини распали по ДУИ и СДСМ

Published

on

По вчерашното пуштање во употреба на експресниот пат Страцин-Крива Паланка, за кој СДСМ тврдат дека бил нивно дело, аналитичарот Џевдет Хајредини со констатација:

„СДСМ и ДУИ додека беа заедно на власт го изградија патот долг 25,5 километриСтрацин – Крива Паланка, додека двајцата „координатори на ДУИ“, Османи и Артан, не можеа да изградат ниту 2 километри пат кон Косово.

Continue Reading

Македонија

Мицкоски во посета на „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка

Published

on

Во духот на верата и почитта кон македонските традиции, премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денес ја посети црквата „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка.

„Традиционално, во духот на верата и почитта кон нашите корени, денес ја посетивме црквата. Нека е за многу години,“ изјави Мицкоски, нагласувајќи ја важноста на верските и културните вредности кои го збогатуваат македонскиот народ.

Посетата беше проследена со молитва и средба со верници, кои ја искористија можноста да се сретнат со премиерот и да разменат мислења за тековните случувања во државата.

Мицкоски истакна дека ваквите моменти ја зацврстуваат заедништвото и ја нагласуваат потребата од зачувување на духовното наследство на Македонија.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк