Connect with us

Македонија

Граѓаните со најголема доверба кон Армијата и Пендаровски

Published

on

Армијата, претседателот и религиозните институции  се трите сектори во земјава што уживаат најголема доверба на граѓаните, додека  судските инстанции уживаат најниска доверба. Последното истражување реализирано од Центарот за европски стратегии – ЕВРОТИНК, покажува дека граѓаните во државата најголема доверба имаат во Армијата (47 проценти), потоа следи институцијата претседател на државата (31 отсто) и на трето место се религиозните заедници (30 проценти). Од друга страна, граѓаните според наодите на ЕВРОТИНК, кој произлезе од истражувањето реализирано од 23 до 30 ноември, најмалку им веруваат на судската власт и обвинителството (8 отсто).

Во однос на работењето на полицијата на Република Северна Македонија, доминира негативниот став во евалуацијата на сите мерни аспекти. Сепак, 30 отсто се на мислење дека полицијата е професионална во своето работење, 26 проценти дека е ефикасна, 22 отсто дека е транспарентна, 20 проценти дека е отчетна, 16 отсто дека ги зема предвид мислењата и потребите на граѓаните во донесувањето на одлуките и 13 проценти дека полицијата е независна од партиските, владините и бизнис-интересите.

– Наспроти генералната негативна оценка за работење на полицијата, граѓаните кои имале личен контакт позитивно ја оценуваат професионалното на полициските службеници во своето работење. Во услови на пандемија со Ковид-19, 13 проценти имале потреба да контактираат со полицијата за прашања поврзани со пандемијата, а од нив 61 отсто позитивно го оцениле ова искуство, покажува истражувањето на ЕВРОТИНК.

Дел од ова истражување и испитувањето на мислењето на граѓаните се и за прашања поврзани со евроинтреграцискиот процес на Северна Македонија.

– Најголем дел од граѓаните остануваат упорни поддржувачи на Европската Унија. Во споредба со крајот на 2020 година, ова година за два процентни поени е зголемен процентот на граѓаните кои сметаат дека членстовото во ЕУ е „добра работа”. И покрај ветото од Бугарија, поддршката за пристапувањето кон ЕУ останува стабилна и бележи раст. За 3 процентни поени се зголемени и очекувањата за почнување на преговори во следните шест месеци, речиси три четвртини (74 отсто) од граѓаните би гласале позитивно на референдум за влез во ЕУ, а една третина сметаат дека интеграцијата на земјава во Унијата ќе се случи во наредните пет години, покажува истражувањето на ЕВРОТИНК.

Воедно, според анкетата, околу половина од граѓаните на Северна Македонија, сметаат дека односот на Унијата кон земјава е нефер, надмен и уценувачки.

Македонија

На празник си заминуваат праведните: По долго боледување, почина таткото на Тоше Проески

Published

on

Почина Никола Проески, татко на легендарниот музичар Тоше, а веста за неговото заминување денес на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

–Светол патот, татко мој! – напиша таа на социјалните мрежи. 

Continue Reading

Македонија

Ќе ве расплаче! Објавена “Кажу да време лечи све” – гласот на нашиот ангел изваден со посебна технологија (ВИДЕО)

Published

on

„Кажу да време, време лечи све, ал шта ми врeди вечност без тебе”… се стиховите од рефренот на последната отпеана песна, која се чинеше никогаш нема да го здогледа светлото на денот.

Имено, со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка, која денес доживеа свое издание.

Песната е оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој што Тоше ги имаше во неговиот живот- нашиот познат радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како Ерик Фокс, кој одлучи оваа демо снимка комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс).

Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД Костадин Камчев – „Студио Моцарт“ од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

https://youtu.be/mpizP1g2dBo

Continue Reading

Македонија

Денеска ќе наполнеше 43 години: На денешен ден е роден Тоше Проески

Published

on

Во Прилеп на денешен ден е роден Тоше Проески.

Музичката кариера ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Усни на усни“, „Сонце во твоите руси коси“, „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место со песната „Ангел си ти (Life)“.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Со песната „Чија си“ во 2003 година Тоше победи на белградскиот музички фестивал „Беовизија“ со што дефинитивно прерасна во најголема регионална музичка ѕвезда на некогашните ЈУ простори.

Тој ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ако ме погледаш у очи“ – верзија на српски јазик (2003) „Ден за нас“ (2004), „Дан за нас“ – верзија на српски јазик (2004) „По тебе“ (2005), „Пратим те“ – верзија на српски јазик (2005) „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007) и „Игре без границе“ – хрватска верзија (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина.

Неговото издание „Божилак“ е компилација од преработки на 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година.

Речиси секоја негова песна беше хит како што се: „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце није камен“, „Кој ли ти гризе образи“.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера за своја промоција во светски рамки.

Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион ( Арената Филип Втори) во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Постхумно државата Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Владата на Република Македонија во негова чест во неговото родно Крушево изгради мавзолеј – Спомен куќата на Тоше, каде низ музејска поставка од восочни фигури со неговиот лик во природна големина, лични предмети, музички инструменти, фотографии, видеа, сувенири… е прикажан целиот негов живот и музичкиот опус во кусата, но пребогата кариера

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2021 Булевар.мк