Connect with us

Uncategorized

Пpeпoдoбeн Дaниил Cтoлпник

Published

on

Роден е во селото Витара кај градот Самосат во Месопотамија, од родители христијани, Илија и Марта. Беше измолен од Бога од мајка му којашто беше бездетна и како син единец го посветија од малечок на служба на Бога. Во дванаесеттата година прими монашки чин, го посети светиот Симеон Столпник и го доби неговиот благослов.

Желен за самотија, Даниил го напушти манастирот и се повлече во еден запустен идолски храм на брегот на Црното Море. Овде претрпе безброј напади од демоните, но сите ги победи со трпението, молитвата и знакот на крстот. Потоа се качи на столбот на којшто остана сè до својата смрт, поднесувајќи ги еднакво жегата и студот и нападите од луѓето и демоните. Околу неговиот столб се собраа голем број ученици и тој, со својот пример и поучувајќи, сите ги водеше кон живот во светост.

Овој Свој слуга заради ползата на луѓето Бог го даруваше со голема блaгодат на чудотворство уште за време на животот. Беше голем прозорливец на идните настани. Под неговиот столб притекнуваше народ од сите страни, во потрага по помош и совет од Божјиот светител.

Кај него доаѓаа цареви, патријарси и прости луѓе. Царот Лав Велики своите гости-државници од странство ги водеше под столбот на светиот Даниил и им го покажуваше светителот велејќи: „Ете го чудото во моето царство!“.

Преподобен Даниил си го прорече денот на својата смрт, ги поучи своите ученици и се прости. Пред неговата смрт, учениците видоа над столбот Ангели, пророци, апостоли и маченици. Овој ангелски човек поживеа осумдесет години и се упокои во 489 година.

Uncategorized

Февруари е среќен месец за два хороскопски знаци: Ги очекува нова работа или унапредување, што ќе им донесе голем прилив на пари

Published

on

Овен
Овните можат финансиски да напредуваат благодарение на фактот што се под многу слабо влијание на Меркур и Венера. Ова значи дека додека повеќето луѓе на планетата ќе имаат проблеми со парите и мотивацијата, Овенот ќе може да има корист од тоа.

Се разбира, ќе треба малку труд, но ќе вреди. Исто така, астролозите силно ги советуваат претставниците на овој хороскопски знак да не прибегнуваат кон измами и итрини. Треба само да можете да ги притиснете вистинските точки.

Додека сите се претпазливи или можеби преземаат ризици, Овенот ќе знае како разумно да ја процени ситуацијата и правилно да ги искористи своите најголеми сили и таленти.

Јарец
Друга личност која може да има многу среќа во финансиската сфера е Јарецот. Тој, како и Овенот, ќе има можност да остане на површина токму во моментот кога повеќето луѓе ќе паднат во „локва“.

Претставниците на овој знак не треба да се плашат од промени, бидејќи тие повремено се случуваат во време кога се витално потребни. Во февруари ќе има многу вакви ситуации.

Continue Reading

Uncategorized

МИЦКОСКИ ВЕТИ ПЛАТА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ВЕЛЕШКА КОЛСКА Владата бара и решение за фабриката

Published

on

Колска од декември лани е во стечајна постапка, а првото првото рочиште со доверителите, судот во Велес  го закажа  на 19 март годинава.

Владата бара решение за Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска и решение ќе се најде со сигурност, вети при денешната посета на Велес премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој информира дека во заеднички договор со вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски, во понеделник вработените на Колска ќе добијат плата.

Мицкоски појасни дека кога биле избрани за Влада, дел од вработените на Колска, кои го организирале вчерашниот  штрајк им велеле, не барајте решение, дајте да си одиме во стечај и потоа во пензија.

Вработените на Колска, околу педесетина, вчера протестираа во кругот на фабриката поддржани од фабричкиот синдикат на Колска и ССМ.

Тие бараат да им се исплати плата за декември и К-15 за лани, како и да добијат здравствено осигурување, а во спротивно се заканија дека во понеделник ќе го блокираат железничкиот сообраќај на станицата во Велес.

Како претпријатие во државна сопственост побараа да ги посети премиерот Христијан  Мицкоски и други претставници од Влада и вицепремиерот и министер за сообраќај и врски Александар Николоски.

Колска од декември лани е во стечајна постапка, а првото првото рочиште со доверителите, судот во Велес  го закажа  на 19 март годинава.

Воедно работниците побараа и понатаму  редовна исплата на плати и придонеси.

Continue Reading

Uncategorized

Македонскиот репрезентативец Димоски нов играч на Партизан

Published

on

Има настапувано за сите јуниорски репрезентации, а моментално е редовен репрезентативец за кој има одиграно 18 натпревари.

Македонскиот репрезентативецот Бојан Димоски е новиот играч на Партизан. Во клубот Димоски доаѓа од руски Акрон.

Димоски е роден 2001 година во Прилеп и игра на позицијата лев бек.

Димоски кариерата ја започна во Тетекс, по што настапуваше за Вардар и Брера од Струмица, од која во 2023 година се пресели во руски Акрон.

Има настапувано за сите јуниорски репрезентации, а моментално е редовен репрезентативец за кој има одиграно 18 натпревари.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк