Connect with us

Балкан

Рaбота co плaтa oд 1.000 евра – Во Cpбијa нема кoj да ја рaботи

Месарите во Србија заработуваат како менаџери во фирми и до 120.000 динари месечно или 1.000 евра , но и покрај одличната плата никој не сака да се занимава со оваа работа. Поради тоа, домашните компании се принудени да ангажираат месарници од дури 6.600 километри во Бангладеш. Само 200 студенти годишно се запишуваат на месарски курсеви, но тоа не е доволно за да се покрие домашното производство, предупредуваат експертите.

Сопствениците на месните индустрии се во големи проблеми бидејќи колку и да им ги зголемат платите на работниците, секогаш се плашат дека ќе си дадат отказ. Во една фабрика велат дека додека имаат можности ќе им ги зголемат платите на месарите, но тоа не можат да го прават до недоглед.

„Некои работници во оваа индустрија го достигнаа нивото на платите на повеќе позиционирани вработени кај факултетот. Станува збор за специфично производство, кое вклучува рокови, па не е ни чудо што во отсуство на работници се вртиме кон увоз од други земји“, изјавија од фабриката.

Небојша Атаначковиќ од Сојузот на работодавачи на Србија смета дека и во иднина ќе мора да се вработуваат работници од странство.

„Едноставно, кога нема доволно работна сила на пазарот, цената на трудот скока. Затоа не е чудно што платите на месарниците достигнаа 1.000 евра. Се додека има малку работници, а потребно е многу повеќе за работата што треба да се заврши, платата ќе биде се поголема и поголема. И очигледно е дека ни фалат месари. Малку деца се школуваат за оваа работа, а на пазарот му треба драстично повеќе. И не само во месната индустрија туку и во супермаркетите и пазарите во Србија. И во Европа недостигаат месари па работниците можат да изберат и да одат каде што ќе им понудат најмногу пари. Затоа ќе бидеме принудени да вработуваме се повеќе работници од далечниот исток, од Турција. …“, истакна Атаначковиќ.

Претходните три години на сајтот за огласување работни места биле барани дури 130 месари. Милош Турински од сајтот „Инфостуд“ истакна дека со години нема месари, но и голем број други занаетчиски занимања.

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading

Балкан

Турција апси професионални фудбалери и клубски шефови – Ова се причините

Турските власти издадоа наредба за апсење на 46 лица, меѓу кои 29 професионални фудбалери, во рамки на обемна истрага за местење резултати, соопшти канцеларијата на Главниот обвинител во Истанбул.

Според обвинителството, 27 од играчите се осомничени дека се обложувале на натпреварите во кои настапувале нивните тимови. Меѓу нив е и Метехан Балтаџи од актуелниот турски шампион Галатасарај, додека идентитетот на останатите 26 фудбалери не е откриен. Играње преку трето лице се припишува и на Мерт Хакан Јандаш од Фенербахче.

Дополнително, обвинителството нареди апсење на претседателите на два клуба кои, според сомнежите, се обиделе да влијаат на исходот на натпревар меѓу своите тимови во третата лига во сезоната 2023/2024.

Истрагата, која започна на почетокот на ноември, веќе доведе до апсење на шест фудбалски судии и на претседателот на прволигашот Ејупспор. Турската фудбалска федерација (ТФФ) најави дека продолжува со „чистење“ на турскиот фудбал, а претходно суспендираше околу 150 судии поради учество во обложување на натпревари.

Во ноември, дополнително, 25 прволигаши и речиси 1.000 играчи од втората до четвртата лига добија суспензија до 12 месеци, како дел од мерките за искоренување на нелегалните активности во турскиот фудбал.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг