Големата фолк ѕвезда Весна Змијанац наводно оди во Турција на трансплантација на коса бидејќи веќе извесно време има проблеми со опаѓањето на косата, која и станала толку ретка што мора да носи перики за да изгледа пристојно кога ќе се појави некаде во јавност.
Имено, како што наведуваат српските медиуми пејачката потрошила дури 8.000 евра на перики, но не го решила проблемот, па решила да се подложи на природен третман за трансплантација на коса, кој е многу успешен во Истанбул.
– Весна прво купи три-четири перики за да го прикрие недостатокот, но, покрај тоа што скапо ги плати најдобрите перики и даде неколку илјади евра за нив, тие не и одговараа. Откако ќе ги носите подолго време, ви ја горат главата и се многу непријатни, без разлика што оставаат пристоен визуелен ефект. Затоа се распрашуваше за трансплантација на коса, која во Турција се прави многу успешно, дури и за целосно ќелави мажи. Ова се скапи и болни третмани, но пејачката откако долго размислуваше и информираше за се, реши да се подложи на нив – открива извор близок до фолкерката.
– Во Истанбул има клиника која е специјализирана за овие процедури и сите што заминаа беа задоволни. Четирите перики и предизвикуваа дополнителни проблеми со горниот дел од главата, таа мораше да најде друго решение.
