Фиат врз два други автомобили, што се случуваше синоќа во Влае (Фото)

Тешка сообраќајна незгода се случи вечерва на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Влае, во непосредна близина на комплексот „Порта Влае“.

Според првичните неофицијални информации на „Скопје инфо“ и од она што може да се забележи од фотографиите, во несреќата оштетени се повеќе возила и притоа е срушена метална бандера со помал билборд.

Во незгодата учествувале три возила. На местото на настанот веднаш реагирале екипи на Брза помош, Противпожарната единица и полиција.